Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Што предмет е Компјутерски Архитектури? Нешто како ЛКДА? полесно/потешко?
 
Што предмет е Компјутерски Архитектури? Нешто како ЛКДА? полесно/потешко?
продолжение од ЛКДА. Ако ти било интересно ЛКДА ќе ти биде интересно и ова и обратно. Мене и двата ми беа интересни :)
 
Има некој вадено потврда за редовен студент ? Колку пари е и за колку време ја даваат, документи нешто треба да се носи ?
 
Има некој вадено потврда за редовен студент ? Колку пари е и за колку време ја даваат, документи нешто треба да се носи ?

Не се плаќа, веднаш ја даваат.
Индекс или легитимација ти треба само.
 
Дали го сметате за добар факултетов мислам за тие што сте таму.. дали би го препорачале на останатите.. ?
 
Дали некој знае дали можеш да промениш предмет сега?

Нема шанси веќе да смениш. Не даваа ни на почетокот, мораше да најдеш предмет на кој уште не се почнени со лабораториски за да можеш да се смениш, а сега после прв колоквиум, нема теоретски шанси. Што ти текна така?
--- надополнето: 15 ноември 2013 во 22:10 ---
Дали го сметате за добар факултетов мислам за тие што сте таму.. дали би го препорачале на останатите.. ?

OK e. Се учи убаво, ако си заинтересиран за ИТ можеш да научиш, основи. Проблем е со факултеот што има премногу студенти, а нема простории, предавања следиме во бараки кои сега кога почне да врне и да снежи се хаос, во глупавата 223 на ФЕИТ, која ко најраскршена му ја дадоа на ФИНКИ и неколку простории, солидни, на ТМФ. Хаос е и сета работа со студентска служба, добив уплав оваа година од уписи и такви работи, зашто ова на ФИНКИ е баш чекање пред шалтер по 2-3 саати најмалку. Има мал милион глупости кои треба да ги средат, ама ако сакаш да научиш нешто, немаш каде на друго место, ако сакаш квалитетна основа зборам, па мораш таму и затоа вака ќе преживуваат без никакви услови...
 
Што се' требаше да се плати за да се поднесе молба? У смисол поштенски марки, 100 денари на жиро сметка бла бла... И на која жиро сметка btw?
 
Што се' требаше да се плати за да се поднесе молба? У смисол поштенски марки, 100 денари на жиро сметка бла бла... И на која жиро сметка btw?
Само административна такса од 50 денари. Оди во продавничето на ТМФ, можеш таму да уплатиш без да мораш да бараш жиро сметки и глупости.
 
Плати си онлајн таксена марка и пиши им го кодот на листот со молбата, во некој горен агол. Најчиста работа.
 
Ме интересира нешто подетално некој да објасни за овие студии : http://www.finki.ukim.mk/mk/studies/IKI-new

Некој што е веќе таму, како се снаоѓа, некој совети и сл... ако има некој таму нека пише па по порака ќе си допрашам.. :)
 
Јас сум на истиов смер на електро ама слушам со истиве што се на ФИНКИ. Разликава е што ова е нова програма и наместо англиски во прва на пример кој беше двосеместрален тука има вовед во интернет како што гледам изборен и уште еден, го исклучив линкот ме мрзи да видам :D
Па како е, океј е, малце позамарачки е зошто целата информатичка наука ја опфаќа плус некои предмети како физика и електротехника. Што знам, јас се запишав на ИКИ зошто тогаш беше само тој смер, сега да треба да се запишувам може ќе се запишев на некој од овие што се насочени уште од старт. Не дека се жалам, ама многу е подобро да учиш стручни предмети уште од прва него да учиш рамномерно забрзано движење и слободно паѓање по физика наместо ip рангови, доделување адреси итн што и да се учи по овие предмети како вовед во интернет.
 
Дали знае некој за префрлање во друг смер како ги важат предметите пример од ИНФО на КНИ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom