Ја на 29 септември имам некое предавање на кое се пријавив од Корчагин...700 денари котизација... по физика се предавањата... Ме интересираше ПМФ се наоѓаше во Гази Баба,се искачуваш на едно брдо..?
Да, спорти Континентал. Од кај ресторанот Галеб, цепаш нагоре по скалите како што те води патот
--- надополнето: 21 ноември 2013 во 13:18 ---
Планирам да се запишам на природно математичкиот факултет, на отсек математика, па ако има некој кој веќе студира таму, или е запознаен со условите ..
1. ме интересира колку се вреднува факултетот, и каков е по тежина
2. дали со основно ниво математика на државна матура , може да се добие некој поен при приемот, бидејки пишува дека треба да се избере математика напредно ниво
3. кој друг факултет би ми го редложиле со иста тежина, а подобри и повеќе услови при вработување
4. колку души отприлика се запишуваат
5. дали може да се заглави некаде на средина од студиите (се мисли на тежината и неможноста да се совлада материјалот)... Благодрам однапред
1. Зависи кој смер ќе го одбереш. Имаш смер за професор и смер со применета математика. Мада јас од кога завршив програмата е тотално сменета, така да предметите се испомешани, а и има еден куп изборни предмети што во мое време ги немаше. Ако вреднувањето го оценуваш според тоа како се наоѓа работа, ондак со смерот за професор веројатно ќе најдеш работа во рок од неколку месеци. Смерот со применети математики НЕ Е ЗА ВО МАКЕДОНИЈА, пошто глупандериве од Македонија не ги вреднуваат овие смерови. Не се информирани за смеровиве пошто се релативно нови, па предности им даваат на студенти од други факултети кои имаат математичко знаење 150 нивоа наспроти оние што завршиле на ПМФ, но сепак... Затоа сите што заршуваат применета после некое време завршуваат доквалификација за професор и работат како професори. Не е тежок факултетот, особено ако знаеш основи на математика. На почетокот има предмети што се многу апстрактни и за кои не ти треба никакво претходно знаење. Претешко е да ги научиш со разбирање и јас ти гарантирам дека за да ги положиш бар 50% од материјалот ќе треба на памет да го знаеш... Тие се главниот проблем, другите предмети можат да се научат

Мене ми беше лесен факултетот во глобала, и горе-доле не сум имал проблеми со никои професори, освен можеби со еден професор кој константно ми пишуваше помали оценки. но сепак не можам да кажам дека ми правел проблеми.
2. Нема врска што си полагал на матура. Ако драстично не се смени нешто преку ноќ, знај дека во последниве 10-тина години ниту еднаш не се случило некој да биде во приватна квота, пошто никогаш не се надминала потребната квота. Се запишуваат и некои што врска немале со матемтика, средно учеле медицина или економско, а на матура полагале англиски место математика.
3. Нема сличен смер на овој... Ако те интересира нешто со програмирање како поперспективно, запиши се на ФИНКИ (не ги знам смеровите, некој друг нека те упати).
4. Бројката варира меѓу 15 и 30... Бројката последнава година се зголеми колку што ми кажувале. Благодарение на тоа што вовеле уште некој смер математика-информатика.
5. Не може. Може да заглавиш малце на почетокот (читај под точка 1.). Воглавно повеќето се откажуваат уште на старт. Првите две години ќе се сретнеш со некои "задачи" кои уствари не се задачи со нумеричко решавање. Многу мислат дека на математика со бројки ќе се занимаваш. Епа нема

Имаш еден куп докази, кои се докажуваат со работи кои досега не си ги сретнал. Во срдно никогаш не ни барале да учиме математичка теорија, затоа повеќето ги фаќа страв уште на почетокот. Едно е кога имаш задача и имаш формула која треба да ја примениш, друго е кога со теореми и триста апстрактни тракатанци треба да докажеш зошто се користи баш таа формула во задачите

Бројки и нумеричко решавање тек во трета година и тоа во завинсост од тоа кој смер си го одбрал

Пошто има мал број на студенти, асистентите особено се како другари со студентите, така да што и да затреба можеш да се обратиш кај нив.
Да ти кажам, колку и да е некој труп за математика може да го заврши факултетов за максимум 6-7 години

Тој што знае математика и што нема да го мрзи да учи теорија ќе заврши на време и тоа веројатно со висок просек.
--- надополнето: 21 ноември 2013 во 13:24 ---
Сабја, верувај многу значи тоа ако си учел ПМА и се запишеш на математика или физика. Еве јас со ПМБ сум на физика и душата ми излегува да ја сфатам математиката, она теоремите доказите (до душа и малку вежбам

) Но со ПМА пак имаш претстава и вовед некој си во работите што се учат на факсовиве. Значи многу. Барем на физика, за математика да не зборам.
Брат, верувај дека слаба е примената на тие дополнителни три предмети што се слушаат на ПМА во средно. Јас имав во средно линеарна алгебра, математичка анализа и алгебра.
Од алгебра скоро ништо не се употребува, од линеарна алгебра се употребуваат матрици и детерминанти и од математичка анализа има најголема примена, изводите, интегралите и супремум и инфимум. Мада мислам дека во средно и во обична математика се учат дел од овие работи.
Бар на математика само ова наоѓаше примена од работите што не ги учеле оние што во средно не биле на ПМА.
Е сега на физика не знам каква математика сте учеле.
Ние имавме физика на факс, душата ни ја изади таа професорката
