Муабет со партнерот за бившите

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ја искрено нејќам да знам и не ме интересира :3 Не за друго, него зашо магично ако ја прашам за некој dirty spiced detail, ќе треба после да мијам садови 4 години и да раскажувам од 5то нагоре шо сум праел хахах.

Who cares!
Не те интересира, сигурно? :D
--- надополнето: 15 октомври 2013 во 10:30 ---
На жените генерално многу помалку им е гајле за минатото на партнерот отколку на мажите.
Затоа не се прашува жена за минато во детали, бидејќи колку и да е едноставна приказната многу лошо маж може да ја поднесе.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.541
Поени од реакции
33.746
Овие муабети се интересни пред влегување во врска. Оговарање, заебавање, демек интересирање..

..а подоцна се користи за јадење гомна. :D

И се така во круг. Круг од гомна.

:D
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Ако он зборува за бившите девојки - Јас излудувам од љубомора и не ми е добро...!
А ако јас зборувам морам да прикривам и филувам или преќутувам многу ствари за да не би се развила дискусија која обавезно води до КАВГА ..Милион пати кога ке спомнеш бивш или нешто врзано за таа врска, настанува непријатна ситуација која апсолутна е непотребна за двајцата.....Затоа и е закопано таму каде што им е местото - во минатото.;)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Ако он зборува за бившите девојки - Јас излудувам од љубомора и не ми е добро...!
А ако јас зборувам морам да прикривам и филувам или преќутувам многу ствари за да не би се развила дискусија која обавезно води до КАВГА ..Милион пати кога ке спомнеш бивш или нешто врзано за таа врска, настанува непријатна ситуација која апсолутна е непотребна за двајцата.....Затоа и е закопано таму каде што им е местото - во минатото.;)


And yet again, ти сакаш да знаеш се за него и неговите бивши, а за твоите криеш така?

Барем претпоставувам ....
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
And yet again, ти сакаш да знаеш се за него и неговите бивши, а за твоите криеш така?

Барем претпоставувам ....
Не, баш напротив.
Јас не сакам да знам за неговите бивши но најчесто они спомињаат сами ..Мислат дека е важно да споделат со мене...
А јас исто така никогаш не отпочнувам муабет за моите бивши само ако инсистира и ме прашува, ок ке му кажам но не во целост..Тешко е да слуша тоа дечко кој е заљубен ...А и плус и мене не ми се зборува за тоа, зашто давам на значај на некои минати работи, наместо да уживам со сегашниот;)
 
Член од
21 октомври 2013
Мислења
150
Поени од реакции
320
Сакам да знам како завршила претходната врска. И претходната. Обично не ме интересираат детали од самата врска, но крајот и како настапил - да. Кажува многу за партнерот. Не би ми сметало да одржуваат и контакт, како честитање родендени и празници но ништо повеќе. Да се задржи културата сепак делеле нешто. И јас истотака го чувам контактот и ако на мојот soon to be boyfriend му засмета тоа, тогаш ке биде негов проблем, не мој.

Ако спомнувањето бивш предизвикува нелагодност, емоција или немир кај мојот партнер јас тоа го сфаќам како тој сеуште да нема расчистено со себеси во врска со неа или сеуште го боли нешто. Има различни луѓе, некои скроз го избегаваат овој муабет и да прашаат, и да бидат прашани. Други бараат детали. Најбитно, да не станат честа тема на муабет оти, отиде тиквата..
 
B

Borg_Drone

Гостин
Глупости невидени.На секој од нас, поранешните ни се „поранешни“ со причина и нема тука што да се прашува многу.Сите од нас имале лошо минато, и од тоа никој не бил поштеден, и нема тука што многу да се дискутира или пак да се прашува за минатото.Што, демек ако знаете „кој го повлекол прв орозот“ за да отиде врската во неповрат ќе знаете дали вашиот партнер или партнерка ќе ви биде верен на вас или не, тоа ви служи како еден вид гарант за сигурна врска?Тоа е ирелевантно и неважно, што ако тој што го повлекол прв орозот (а испаѓа дека тоа е партнерот ваш или партнерката ваша) се покајал за тоа што го направил и решил да сврти нова страница?Така да, давањето оценка или некакво мислење базирано на ваквите размислувања се крајно глупи и детски.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom