Ај вака ако може ситуацијава да ми ја подразјасни некој и да ми даде некое објаснување:
Излагам со некоја на прв состанок, запознавање ова-она, на крај од состанокот ја прашувам дали убаво си поминала и дали сака пак да излезе и она вика "да, сакам", на фб продолжува и она мене да ми праи муабет (нема монолог со замарање на чет, туку обостран муабет), а за втор состанок не успеваме да се договориме месец дена. Една од причините е колоквиумска недела, па вика дека може откако ќе заврши да излеземе. Завршува неделата, низ муабет ја прашувам дали е слободна викендов, вика "не сум сигурна". Ја прашувам кога ќе може, вика "'ќе ти пишам" и и викам "договорено". Од тој момент ме нема контактирано, ова е веќе трет викенд.
Што е поентата? Ова не е, "сакам да сме пријатели" пошто не ни бевме пријатели баш туку од старт беше јасна заинтересираноста. Ова е одбивање или пак од оние случаи кај што и годи заинтересираноста али нејќе ништо повеќе, иако вика дека сака, али некако магично не успева да направи време. Не ми е логично тоа пошто и сама вика дека нема многу време пошто работи две поситни работи покрај факултетот, па не верувам дека би одвојувала многу време само за "додворување". А ако е стварно толку зафатена, а е заинтересирана, до толку не може да направи 2-3 саати простор во било кој дел од неделата за да излезе со мене?
Anyone?