Простување

Член од
7 јуни 2013
Мислења
73
Поени од реакции
97
Да простиш и да заборавиш...
Простувам да, можда не во истиот момент ама сепак своевремено простувам, зашто не сакам да си ја трујам душата со целата таа негативна енергија, со лутина, со бес, со гнев...па полесно ми е да простам и да продолжам понатаму...а делот со заборавањето мислам дека е потежок дури и невозможен...
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Досега многу пати имам простени некои работи ама на крај испаѓа дека нема фајде од тоа.

Една работа само научив. Простување на твојата најблиска фамилија, на сите останати нема потреба. Пошто на никој не му е гајле дали ти е лошо или убаво, секој за себе си гледа.
 
M

Muranyi

Гостин
Простувањето не значи да заборавиш,простувањето не значи да бидеш ној и да ја вкопаш главата во земја и да ја игнорираш ситуацијата/личноста која те има повредено.Ако заборавиш,тогаш простувањето нема никаква вредност ниту тежина,не претставува себежртвување и надминување на нештата,прифаќање на грешките кај личноста која може но и не мора да ни значи.Простувањето значи и соочување со сопствените демони,нивно конечно надминување и прифаќање на самиот себеси.

Баш поради таа жртва,на некој начин лична,простувањето е толку голема и племенита работа.Иако сме заглавени во општество каде вредностите се испревртени па доброто е зло а злото е добро,налик на 1984 на Џорџ Орвел,сепак простувањето е една од највозвишените човечки акти.

Простувам,некогаш ако било потребно тоа сум го сторил и повеќепати.Едноставно е,ако не можеш повеќе да се носиш со личноста која упорно и тврдоглаво те дупи во здрав мозок,пушти ја.Нека си оди,нека замине во неповрат.Немам јас намера на некого при здрав памет,да му укажувам што треба а што не треба и како да се однесува,да го подучувам на работи на кои требало мама и тато да го учат,да му држам лекции за другарството и што тоа бара од луѓето.Или пак за љубовта и верноста,уствари-за што и да е.Лично имам пуштено "низ шоља" некои,за мене порано многу драги личности баш поради овие причини,ми било тешко можеби некое време,но сигурен сум дека не сум згрешил.И сум ги пуштил со опрост,што е многу подобро отколку да ковам планови како да им наштетам.

Серџ Танкијан вели:"Forgiveness is the ultimate sacrifice".И има вистина во ова;)
 
Член од
21 октомври 2013
Мислења
150
Поени од реакции
320
Големи луѓе простуваат. Големи по душа, по дела, по животно искуство. Не може да прости некој кој не пател, во тоа сум сигурна. Некој кој никогаш во животот не крварел ја нема таа сила да прости. Само ке глуми опрост и во некој нареден акт, ке ти зарие нож во грб или ке ти го пикне истото под нос.

Простување значи да имаш причина да му ја пикнеш грешката под нос, а да не го направиш тоа. Да немаш ниту потреба.Никогаш. Да пуштиш да исчезне таа грешка, времето да ја закопа. Не мора да биде заборавена, само сеќавањето за неа да не биде болно.Зошто да простувам само на фамилија? Се простува на секој кој искрено се покајал, и на секој кој дури не го сторил тоа, за наше добро, за раст на нашето внатрешно јас, за наш мир.

Помирен е човек по прошката. Ако се држиме премногу до злото кое самата лутина го носи и немирот е поголем. Да најдеш сила да простиш нешто значи да се сакаш себеси и своето јас повеќе од грешката која те труе. To let go.

Тешко е простувањето..
Да го вратиш назад секое делче од грешката да ја согледаш објективно. Или да се ставиш на место на оној кој згрешил, тоа некогаш се чини и неизводливо. Чинот бара од мене некогаш и самата да се сетам кога јас сум барала прошка, кога и моите грешки биле во редот за закопување во минатото.

Секогаш е полесно по простувањето.
Затоа најпрвин да си простиме себеси за сопствените грешки е првиот чекор да бидеме способни истото да го направиме за другите.

Ако навистина сакаме да љубиме,
најпрвин треба да научиме да простуваме. -Мајка Тереза
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Ако е вака ондак никогаш не сум простил нишо.

Полека пријателе.. запамти што ќе ти кажам,кога човек ќе дојде во грчевито агонична ситуација добива други очи и со нив подруго го гледа светот.А тоа за што ме цитираше ќе стане реалност.. полека... ако е така како што викаш значи не си бил во екстермно таква ситуација.. се во свое време.. верувај ми..
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Полека пријателе.. запамти што ќе ти кажам,кога човек ќе дојде во грчевито агонична ситуација добива други очи и со нив подруго го гледа светот.А тоа за што ме цитираше ќе стане реалност.. полека... ако е така како што викаш значи не си бил во екстермно таква ситуација.. се во свое време.. верувај ми..

4 сменети психијатри до седмо одделение. Цел живот сум со параноја, акутна депресија и опсесивност а од четврто патам од разни егзистенцијалисти кризи.
Агонија викаш :)
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Јас им простувам, но не им кажувам.....Не заслужуваат да им се каже тоа зборче на оние кои ти згрешиле многу....А за да ги заборавиш и идеш даље, најдобро е да им простиш во себе ..
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
4 сменети психијатри до седмо одделение. Цел живот сум со параноја, акутна депресија и опсесивност а од четврто патам од разни егзистенцијалисти кризи.
Агонија викаш :)

Види другар,искрено ми е жал за твојата состојба,јас не реков за џабе ЕСКТРЕМНО ТАКВА СИТУАЦИЈА,значи јас знам што пишувам и зошто го пишувам тоа,jaс за жал сум имал таа чест да зборам со типови на луѓе ОД - ДО... убијци,некои си психопати,лудаци,агенти и што ти ја знам уште и верувај ми дека си супер.Има работи во животот што ќе ги слушнеш со свои уши и видиш со свои очи и во истата таа секунда ти се случува хаос.. многу од нив не остануваат живи,затоа што неможе да живеат со тоа.Затоа уште еднаш ти викам,знам дека ти е тешко имаш проблеми,јас не те осудувам ниту потсмевам напротив тука сум ако можам некако и да ти помогнам,ако сакаш по инбокс,ама верувај дека си среќен што си жив,животот е најголемиот дар... само верувај ми...
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.182
Поени од реакции
13.820
простувам секогаш. не се согласувам со тоа дека простувањето е заборавање....затоа што јас памтам :)
значи простувам, давам неколку шанси зашто луѓе сме грешиме. но ако се повтори, иако пак простувам веќе јас не сум истата, не давам се од себе
 

Kajgana Shop

На врв Bottom