„За единството на македонскиот народ и на народностите уште повеќе зацврстено во текот на НОБ, главна улога имаше партијта со својата доследна политика и упорност - долготрајната национално-ослободителна борба на македонскиот народ тесно да се поврзе со Народноослободителната борба и Револуцијата. Потоа, Манифестот укажува дека со успешно завршување на НОБ се реализираат и стремежите на македонскиот народ за слободен живот, што значеше не само да се реализираат туку и да се надраснат целите и идеалите на илинденските борци. Политиката на партијата која се стремеше да ја поврзе НОБ и револуцијата со национално-ослободителната борба, е изнесена во низа партиски документи и во документи на органите на борбата. Меѓутоа, и други акти ја прикажуваат таквата политика. Така, на пример голем број партизански одреди, па и голем број борци, како псевдоними ги носеа имињата на легендарните херои од илинденскиот период. Во текот на војната имаше повеќе партизански имиња со следниве имиња: Партизански одред „Гоце Делчев“, партизански одред „Јане Сандански“, партизански одред „Даме Груев“ партизански одред „Димитар Влахов“, партизански одред „Питу Гули“ и др.Исто така кај разни борци се среќаваат псевдонимите „Гоце“, „Даме“, „Питу“, „Јане“ и др. Оваа појава говори и за една силна револуционерна традиција од тој период што живееше во народот. Обраќајќи се кон македонскиот народ да се сплоти во борбените редови на народно-ослободителната војска „Манифестот“ го потврдува единството на сите слоеви и генерации, но истовремено тој се обраќа и кон постарите генерации ао зборовите: „Ве викаме и Вас, стари илиденски борци, да стапите во редовите на националната војска“. Реалноста е пак таква што во 1943 година во Дебарца во борбите учествуваше и посебна илинденска чета, а илинденски борци имаше во сите органи на борбата и во партизанските одреди и воените единици. “
Од Манифестот на главниот штаб на НОВ и ПОМ на Михајло Апостолски
„Сакам да кажам дека Тодор Александров, независно од неговата активност, која секогаш не беше на линијата на прогресот, имаше големо влијание врз масите. Веројатно поради односот што го имал со луѓето, поради аскетскиот живот што го водел, како што се зборуваше и поради други работи. Но, мора да се има предвид и еден друг момент. А тоа е дека тој, сепак, се оформил како револуционер во Македонската револуционерна организација, која во основа имала за цел ослободување на Македонија. “
„Со шефот на англиската воена мисија, Џорџ Квајн, често разговаравме. Тој се интересираше за нашите успеси. По долгите борби на Кожув Планина, една вечер ме покани на чај, при што разговаравме за претходните борби. Во еден момент ми рече дека доколку во вчерашните борби се најдеше еден цел англиски корпус, повеќе од сигурно е дека ќе капитулираше. Јас тогаш го погледнав и му реков: „Ние не излеговме за да капитулираме, туку за да се бориме“. Потоа се интересираше за тоа од каде сме ја научиле тактиката на партизанското војување. Тој самиот за себе кажа дека е генералштабен офицер и дека во сите англиски училишта што ги поминал имале само три сраници за герилското војување. Јас се насмеав и му реков: „И јас сум генералптабен офицер. Ти си мајор, и јас сум мајор, што значи ние сме колеги. Меѓутоа, во нашите книги за герилско војување имаше само две страници“. Се зачуди и ме праша: „Па каде го научивте ваквото војување?“ Јас бргу му одговорив: „И Вие да сте во моја кожа бргу би го научиле. Јас уште од својата рана младост сум слушал за герилско војување и тоа од дедо ми и татко ми, меѓутоа основното е во тоа што јас ја носам одговорноста за судбината на мојот народ“
Втор и трет пасус се од Сеќавања на Михајло Апостолски
Роден е 1906 година па видете дедо му и татко му што му кажувале за герилско војување каде се бореле.
Кој разбрал, разбрал, кој не разбрал ќе тера инает и ќе ја тера темата во друг правец