Кога политика или филозофија-религија се мешаат во обичниот живот, или во војсководство - не се изродува од тоа ништо добро

Македонското воено движење во Втората Светска Војна било автентично и Македонците се дигнале самостојно на востание и за слобода на Македонија, а не за изградба на социјалистичка Македонија (уште помалку СФРЈ). Автентичното македонско движење подоцна е узурпирано од страна на КПЈ со инсталирање на свои луѓе (и зајакнување на влијанието на веќе постоечките) во сите нивоа и структури на партизанските одреди на Македонија (погледнете ја на пример само структурата на АСНОМ 1 и АСНОМ 2 - како се разликува - и зошто била потребна толкава промена на составот?). Луѓето се бореле, гинеле и на крај добиле сурогат на слободна Македонија, а не онаква за каква што се бореле.
--- надополнето: 14 ноември 2013 во 23:44 ---
Си го погодил никот....си можел и гангрена да се крстиш.....
Прво темава не е Самуил, ни за Василиј Бугароубиец Македонски....темава не е за квази-истории, без логична линиска поврзаност и измислена историја без континуитет, мр. Жежов.....
Историјата по која бугарски кољачи се претставуваат како големи Македонци е истата таа што кења против партизанската команда. Бан ќе добијам пак ради тебе, пошо си испран мозок како главните во форумов Историја....и затоа откачи ми се....„дедо ми, баба ми...“ - баш ме заболе...тргај плочи од народни МАКЕДОНСКИ херои и нека те дупат турци и бугари уште петсто века, коа имаш памет колку џамлија...
Да, единствена победа е на КПМ, не е ни на (квази) „автономистичка“, ни на врховистичка ВМРО - да победеа тие ќе беше уште едно обично бугариште ти самиот....за тие средновековни владетели, бугари не ми се ни дискутира.....тој истиот Самуил владеел и со делови и од денешна Црна Гора и од Хрватска, па никој не рече дека е хрват или црногорец.....и доста го потиш во темава со нешто што не е тема....неам потреба дополнително да објаснувам!
Се чудам на твојата комунистичка задоеност ?!? За разлика од тебе, јас не правам разлика помеѓу Македонците врз основа на нивната идеологија или религија. И откаде почна да мешаш Бугари, врховисти и сл. кога никаде нив не ги споменав?!? Да не си ти на некои недозволени психотропни супстанции?
Единствената победа е на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! Ни КПМ ни ѓаол ни враг... Македонскиот народ САМ си се изборил за слободата и не му требала КПМ за да има мотив да се бори.
КПМ (откако претходно ги отстраниле - убиле најавторитетните партиски лидери кои можеле Македонија да ја одведат надвор од КПЈ) само ја узурпирале, се наметнале како паразити на веќе извојувана победа, ги зеле конците во свои раце и се наметнале како единствен одлучувачки фактор во македонското движење и поствоено раководење, па сите оние кои не биле од нивните редови едноставно ги отстраниле (земи го на пример во предвид Ченто и неговата судбина).
И да, те заболе за дедо ми... А за кого те заболе? За дедо ти со српска шајкача на главата и кокарди на реверот? Те боли самостојноста на Македонија? Те боли што дваесет години сме разделени од Србите? А евидентно е дека не сме со Бугарите. Значи ти го претставуваш сиот македонски народ како глупав, кој нез наел зошто се бори и единствен кој нешто бил паметен и знаел да го води била КПМ со Колишевски на чело?
Ми е жал што морам вака да дискутирам со еден (се надевам ) Македонец, ама ти изгледа немаш мозок ни колку џамлија, но имаш доволно бес и исфрустрираност во себе за петмина...
--- надополнето: 14 ноември 2013 во 23:56 ---
„
„Со шефот на англиската воена мисија, Џорџ Квајн, често разговаравме. Тој се интересираше за нашите успеси. По долгите борби на Кожув Планина, една вечер ме покани на чај, при што разговаравме за претходните борби. Во еден момент ми рече дека доколку во вчерашните борби се најдеше еден цел англиски корпус, повеќе од сигурно е дека ќе капитулираше. Јас тогаш го погледнав и му реков: „Ние не излеговме за да капитулираме, туку за да се бориме“. Потоа се интересираше за тоа од каде сме ја научиле тактиката на партизанското војување. Тој самиот за себе кажа дека е генералштабен офицер и дека во сите англиски училишта што ги поминал имале само три сраници за герилското војување. Јас се насмеав и му реков: „И јас сум генералптабен офицер. Ти си мајор, и јас сум мајор, што значи ние сме колеги. Меѓутоа, во нашите книги за герилско војување имаше само две страници“. Се зачуди и ме праша: „Па каде го научивте ваквото војување?“ Јас бргу му одговорив: „И Вие да сте во моја кожа бргу би го научиле. Јас уште од својата рана младост сум слушал за герилско војување и тоа од дедо ми и татко ми, меѓутоа основното е во тоа што јас ја носам одговорноста за судбината на мојот народ“
Втор и трет пасус се од Сеќавања на Михајло Апостолски
Роден е 1906 година па видете дедо му и татко му што му кажувале за герилско војување каде се бореле.
Кој разбрал, разбрал, кој не разбрал ќе тера инает и ќе ја тера темата во друг правец
Чиста куртоазија и дипломатски речник. Британецот се зачудил колку Апостолски знаел за герилско војување?!? Ма немој...
Апостолски не бил глупав. Напротив бил многу интелегентен и многу добро знаел дека Британецот му дава комлименти едно од чиста куртоазија, а друго за да стекне наклонетост кај Апостолски и да го добие она за што бил испратен во Македонија...
И при една обична средба ( на игранка на пример) кога ќе се сретнат две жени си персираат на истиот начин : “ леле што ти е убав фустанот, ваков сигурно нема кај нас да се купи!“ А другата и вели : “а тебе што убава ти е чантата! И многу младолико изгледаш! Во што е твојата тајна? “ - Разговорот на двајцата офицери е на ова ниво како од примерот.
Бтританецот бил воодушевен од Апостолски?!? Ма немој. Не дека не заслужил Апостолски, но Британците не се воодушевуваат од никого. Во нивната ароганција за нив сите други се пониска класа - диви племиња и робови што треба да се истребат или да се претворат во нивни слуги...