Се' за воздушни пушки

  • Креатор на темата Креатор на темата dare1
  • Време на започнување Време на започнување
http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=568729
javi se ke ti objasni covekot
--- надополнето: 6 ноември 2013 во 09:54 ---
Што се однесува до законот за оружје стапија на сила нови измени од 05.10.2013 кој навеќе се однесува на воздушните пушки со брзина над 200 метри во секунда (што значи сите што се со дијаболи од 4.5 и се со брзина под 200 м/с сеуште се во слободна продажба и се издава само потврда од мвр со која се докажува дека оружјето е пријавено) преоѓаат во Ц категорија и се на исто ниво со огнено оружје . Еве извадок од законот за Ц категорија и какви се услови ке мора да исполните за да си набавите воздушна пушка :

Член9
Одобрение за набавување на оружје на физичко лице се издава врз
основа на претходно поднесено писмено лично барање за издавање одобрение
за набавување на оружје, ако физичкото лице ги исполнува следниве услови:
1) има наполнето18 години живот;
2) не му е одземена или ограничена деловната способност;
3) здравствено е способно да поседува и носи оружје;
4) не претставува опасност за јавниот ред;
5) има оправдана причина за набавување на оружје;
6) располага со техничко знаење за правилна употреба, чување и
одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје и
7) има живеалиште на територијата на Република Македонија, а
доколку е странец да има одобрен постојан престој на територијата
на Република Македонија, освен ако со ратификуван меѓународен
договор поинаку не е определено.
Одобрение за набавување на оружјето од категоријата Ц се издава на
физичко лице кое покрај условите од ставот1 точки1, 2, 3, 4, 6 и7 на овој член,
потребно е да биде активен член на ловечко или стрелачко друштво и да има
10
потврда за положен ловечки испит, односно потврда дека е активен член на
стрелачко друштво.
Ама бараат дека си активен во ловечко друштво и за плашливец пиштол кој не ни излегува ништо од него, не се нормални со законот
 
Ама бараат дека си активен во ловечко друштво и за плашливец пиштол кој не ни излегува ништо од него, не се нормални со законот
Јас во понеделникот го пријавив Хатсанот, комплицирано до максимум.
Извади ја оптиката и пријави се во стрелачки клуб Микеи -Камник. 1200 ден. е членарина за месец (колку да ја земеш дозволата потоа немораш да бидеш член). Тогаш мислам дека нема да ти бараат да си активен член на ловечко друшво.
Среќа што имам веќе дозвола за Б и Ц, инаку ќе беше како на почеток за ловџиската. Уште една молба нека ми каже некој како да ја одржувам воздушната онака почетнички зошто искрено поима немам за воздушни. Поздрав
 
добар си ти пак имаш за нешто дозвола а јас сакав да земам плашливец кога видов се што треба да извадам мене 20 илјади ќе ме кошта дозволата а и за дзабе ќе ми е кога освен за правење галама ништо не можеш друго со плашливецот пак се откажав од дозволата. Поубаво ќе вадам за пиштол него за плашливец кога више има толкава процедура
 
тоа и им беше целта , луѓето да изгубат желба и за спорт и за се ни воздушна ни ништо . Ако сакаш да пукаш со воздушна ке мора да одиш на обука за која "нормално" се плаќа и после си одиш на стрелиште за кое "нормално" се плаќа , за воздушна ееееееј абе никаде го нема ова во свет .
во повекето земји во европа е во слободна продажба како до пред некој месец во македониjа само со лична карта во одредени важи закон за максимална јачина за слободна продажба до 16 џули или 12 foot pounds јачина и тоа пак ги има сите пушки во продажба само ослабени до и под границата само тука кај нас се најпаметни незнаат како или немопжат да реализираат оти се неписмени па забрани се ! Додуша има некаков член во законот за максимални 200 метри излезна брзина со 4.5 калибар ама кој знае дали и како ке функционира ако има некој поупатен нека ни објасни тука многу ме интересира , јас имам една дозвола за Д категорија од минатата година , ама еве сакам сега уште една пушка и во сите продавници ми викаат само со дозвола дечко . Ако има барем малце паметен во држзвава ѓто е легитимен за донесување закони нека го преиспита овој бесмислен закон за "ВОЗДУШНИТЕ" пушки барем и нека направи некоја покултурна измена , а ако е толку за пари на шалтерот во автокоманда пета полициска нека стават каса уплатете дечки тука по 100 200 300 500 евра колку мислат и нека не замараат со глупави и бесмислени процедури
 
Некој ако знае од овие кај треба да се извади нешто, нека кажува:
- има наполнето 18 години живот;
- не му е одземена или ограничена деловната способност;

- здравствено е способно да поседува и носи оружје;

- не претставува опасност за јавниот ред;

- има живеалиште на територијата на Република Македонија со важечка лична карта,
а доколку е странец да има одобрен постојан престој на територијата на Република Македонија,
со важечка лична карта за странец, освен ако со ратификуван меѓународен договор поинаку не е определено.

- потребно е да биде активен член на ловечко или стрелачко друштво и да има потврда за положен ловечки испит, односно потврда дека е активен член на стрелачко друштво.
 
Некој ако знае од овие кај треба да се извади нешто, нека кажува:
- има наполнето 18 години живот;
- не му е одземена или ограничена деловната способност;
- здравствено е способно да поседува и носи оружје;
- не претставува опасност за јавниот ред;
- има живеалиште на територијата на Република Македонија со важечка лична карта, а доколку е странец да има одобрен постојан престој на територијата на Република Македонија,
со важечка лична карта за странец, освен ако со ратификуван меѓународен договор поинаку не е определено.
- потребно е да биде активен член на ловечко или стрелачко друштво и да има потврда за положен ловечки испит, односно потврда дека е активен член на стрелачко друштво.
Се надевам имаш наполнето 18 години :);
Имаш лична карта;
Вадиш лекарско (со сите ствари, како за кола) во кое ќе биде наведено дека е за пос. на оружје;
Во суд поднесуваш барање дека не си осудуван;
Со лекарското се докажува дека си способен (или не) за поседување на оружје, а дека не претсавуваш опасност за јавниот ред ќе проверат во МВР откако ќе ги предадеш бараните документи. Се надевам ти помогнав :) и се на се со се обука и дозвола ќе те фати некој 25000 денари. За жал ептен големи глупости направија со новиот закон за воздушните и сигналните, али тоа е....
 
што е со тие што веќе имаме дозвола за плашливец?
 
ако е толку ништо не правиме незмам таа потврда колку се плаќа во ловечкото друштво некој ако знае некои од друштвата кај да прашам нека ми каже
 
Преден нишан за gamo? Да не има некој вишок или да не начекал пакување такви по нет па да сподели еден
 
Како бивш ловџија и долгогодишен член на ловечко друштво, поради тоа и ги имам полжено Б и Ц категорија и поседувам оружје јас би ти препорачал да се обратиш во Еребица каде што бев јас член, фини луѓе фина организација. Имавме еднаш несреќен случај на лов и од тогаш се откажав. Инаку се плаќа околу 3000 ден. такса за да ловиш (зависи каков тип на дивеч). Има и други друштва во Скопје, цените се горе долу тука. Сега моментално сум член на Микеи клуб -Камник, тука еднократно се плаќа 1200 и секој месец по 600 ден. Така да сега пукам исклучиво во картонска мета :).
--- надополнето: 21 ноември 2013 во 09:30 ---
Преден нишан за gamo? Да не има некој вишок или да не начекал пакување такви по нет па да сподели еден
Најдов нешто на e-bay еве линк
http://www.ebay.com/sch/i.html?_odkw=gamo air gun parts sight&_osacat=0&_from=R40&_trksid=p2045573.m570.l1313.TR0.TRC0.Xgamo air gun front sight&_nkw=gamo air gun front sight&_sacat=0
но не долистав до крај. Мислам дека 12$ видов. За pay-pal можам да ти помогнам да земеш преку мене, исто побарај во Бугарија имаат свашта по солидни цени. Најави се на нивните онлајн продавници и разгледај конкретно за Софиа. Ако нема во ценовник контактирај ги по маил. Ептен често патувам за Бугарија па би можел да ти помогнам. Ако најдеш нешто пиши ми ПП. Поздрав
 
И кај нас го има по горе долу иста цена - бидејќи е просто пластиче реков да не го има во поголеми количини (и доста лесно се крши) затоа го барам вака, иако кога ги гледам цениве на нет за тоа колку чини оригинално од гамо... а гледам дека за исти пари може да се најде и red dot sight и тоа професионален... помислувам да го купам ред дотот и да го монтирам на пушката.
 
Тука си потполно во право. Ако го купиш кажи како си задоволен дали да размислувам и јас за на мојата пушка. За мене воздушна се знае оптика никако зошто целта е да бидеш прецизен со нишанот на самата пушка, тука е меракот кога ќе погодиш. А не оптика, наштелувај ја, зумирај и секогаш си на 10 во мета :) и секако сите се топ стрелци. Кажи ми те молам (бидејки сум нов со воздушните) на кој начин ја чистиш пушката, после колку испукани дијаболи, кога и дали треба подмачкување, со што и како. Јас сум со Хатсан 1000S досега испукано 110 дијаболи RWS. Поздрав
 
Pozz jas sum pocetnik i sakam kako za pocetok da si kupam denovive vozdusna puska i cisto onaka da planinaram i strelam.ve molam da mi predlozite nekoja dobra vozdusna puska do 10.000denari i kade bi mozel da ja kupam?PLssss!!
 
зависи каква пушка сакаш и за што ќе ја употребуваш.
ако ти е за пукање во мета до 10 или 15 метри тогаш можеш во било која продавница за оружје да си купиш пушка со калибар 4.5 мм и излезна брзина под 200 метри во секунда и за таа во 5 полициска станица во автокоманда за 600 денари мислам дека беше ќе ти дадат потврда за оружје од Д категорија за кое не треба посебна дозвола за носење , а ако сакаш појака имам погоре напишано како се доаѓа до дозвола за оружје од Ц категорија . што и да решиш со среќa (многу ќе ти треба) :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ilz

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom