План за отварање на 'PlayStation 4' играчница

  • Креатор на темата Креатор на темата makidimo
  • Време на започнување Време на започнување
Колку ќе ти биде 1 час играње 50 денари? 4 конзоли, сите конзоли да ти се играат по 12 часа НОН СТОП ќе земаш колку 2500 денари!. Рачунај кирија, одржување, купување игри и плата и струја.....

Можеби само јас мислам така, но ќе ти треба премногууу долго време да ги вратиш парите, и дали воопшто ќе имаш некаков ќар.
 
Тоа и јас го зборувам, порано немаа луѓето дома конзоли, компјутери па опстануваа некако ваквите играчници. Мада и тогаш да купуваа оргинали немаше да ги биде.


Пријателе, дојди во Штип, ќе те однесам во Евива. Има да ти биде срам што си го напишал постов.

Некако опстануваат?
Од еден дуќан, моментално газдата на играчницата има моментално 4 дуќана и сите се играчници, си купи и стан над едната од играчниците само за да не му се буни тој што живееше таму заради буката од народот , а жена му не работи. Верувај, значи верувај кога ти велам дека живее само од тоа. Играчницата му е МАШИНА за пари.
Само он ги следи тековите и си надградува хардвер на компјутерите, конзоли и слично. Рече дека ќе земе и PS4 натака.
Да не претерам, има сигурно 40 компјутери во сите дуќани, 10 PS3, пикада, билјарди, пинг-понг, air hockey...

Штипјаните ќе ти потврдат за ова.

Другите пропаднаа затоа шо не се замараа како овој тип, биди сигурен за тоа.
Играчници се потребни секогаш.
 
Пријателе, дојди во Штип, ќе те однесам во Евива. Има да ти биде срам што си го напишал постов.

Некако опстануваат? Газдата на играчницата има моментално 4 дуќана и сите се играчници, си купи и стан над едната од играчниците само за да не му се буни тој што живееше таму заради буката од народот , а жена му не работи. Верувај, значи верувај кога ти велам дека живее само од тоа. Играчницата му е МАШИНА за пари
Штипјаните ќе ти потврдат за ова.

Повели дојди Скопје :D Моабетот е како нашиот.
 
Да не претерам, у Скопје нема таква играчница што врти како овој, 100%

Нема бидејќи не се оди веќе по такви играчници...
 
Абе не се праите будали какво 50 денари, за 50 денари кој сака нека иде нека игра на флипери, 150 денари и ич муабет не се праи за подоле, ке дојдат 2ца другари ке играат пес 1 саат и ке дадат по 75 денари, коа може пинг понг да биде 150 денари, а влогот у маса и палки е 200 евра, и ја не би идел со 4 конзоли на невидено би почнал со 2-3 и ке си има бројче па нека си резервираат,ако видиш дека има работа не е никад проблем да набавиш уште. Друга ствар е да се лоцира блиску до некое школо па ќе доаѓаат џаци после часови или ке бегаат па ке се шљакаат фифа и пес :) и да не се лажеме дека сите имаат конзоли по дома зашто луѓево немаат пари како порано, коа искочи 2ката сите ја купуваа, за 3ката имам само еден познаник, другар на братучед ми друг не сум упознал што поседува 3ка :D Прилика да ја играм имав у ситимол еднаш у ходник имаше стаено :pos:
 
Нема бидејќи не се оди веќе по такви играчници...


Епа дојди да ти докажам, не можеш да тврдиш дека не се оди. Не дека тука сме неписмени, па немаме ништо хардвер дома
 
Епа дојди да ти докажам, не можеш да тврдиш дека не се оди. Не дека тука сме неписмени, па немаме ништо хардвер дома

Далеку од тоа дека немате и сл. Него кај вас сеуште се практикува да се оди по такви работи едноставно е така сте навикнати на пример кај нас во Скопје веќе и не се оди незнам зошто еве друг пример јас работам во интернтер кафе со 50 пц порано препоставувам знаеш како се играло дота на големо сега ептен ретко играат. А не пак за Ps4
 
За Евива точно е цело време е фул народ и газдава е брод пари... Само незнам за на другите места, на пр кај нас Кавадарци ептен салбо играчници веќе.(n)
 
Пријателе, дојди во Штип, ќе те однесам во Евива. Има да ти биде срам што си го напишал постов.

Некако опстануваат?
Од еден дуќан, моментално газдата на играчницата има моментално 4 дуќана и сите се играчници, си купи и стан над едната од играчниците само за да не му се буни тој што живееше таму заради буката од народот , а жена му не работи. Верувај, значи верувај кога ти велам дека живее само од тоа. Играчницата му е МАШИНА за пари.
Само он ги следи тековите и си надградува хардвер на компјутерите, конзоли и слично. Рече дека ќе земе и PS4 натака.
Да не претерам, има сигурно 40 компјутери во сите дуќани, 10 PS3, пикада, билјарди, пинг-понг, air hockey...

Штипјаните ќе ти потврдат за ова.

Другите пропаднаа затоа шо не се замараа како овој тип, биди сигурен за тоа.
Играчници се потребни секогаш.
Сега види вака:
1. Сигурно не му се оргинал ни игри, ни виндоус, ни ништо.
2. Тој има и пикада и пинг понг и билјард и компјутери, не само PS.
3. Отварачот на темата сака 4 PS4, а овој твојов имал повеќе.
4. Тој е сам, овие сакаат тројца да почнат.
5. Киријата во Штип е поефтина.
 
Во Скопје Сити Мол на втори кат има играчница со компјутери и со PlayStation 3 конзоли.

Сум поминал 3 или 4 пати и речиси секогаш се двајца без тројца, а тоа опремата што ја користат е отров скапа. На секој компјутер има професионален Logitech G27 волан, кој е отров скап, а и цените за играње се скапи, мислам дека е 100 денари за 1 час, што доаѓа околу 33 денари за само 20 минути, можеби грешам, но помнам дека е скапо.

Се разбира, ќе речат за трговски центар како Скопје Сити Мол или ГТЦ Скопје или Рамстор и не може да се очекува нешто поевтино, но ајде пробај да тераш бизнис со тие цени во некоја локална играчница во твојата населба - ќе останеш без ебан динар од инвестираната сума.

Вакви инвестиции се изводливи само во близина на училишта, од каде што децата за време на голем одмор или после часови ќе поминат во играчницата, или во близина на спортските сали, бидејќи помладите ретко се опремени со компјутери и со конзоли, додека средношколците ретко се заинтересирани за видео игри или веќе се опремени со компјутери и со конзоли. Единствено најновите оригинални видео игри и ексклузивните видео игри кои се ептен скапи и кои ретко ги има на залиха во првите месец дена после нивното пуштање во продажба, можат да ги привлечат средношколците кои ги немаат истите тие тазе нови видео игри.
 
Единствено најновите оригинални видео игри и ексклузивните видео игри кои се ептен скапи и кои ретко ги има на залиха во првите месец дена после нивното пуштање во продажба, можат да ги привлечат средношколците кои ги немаат истите тие тазе нови видео игри.

Ма какви ексклузиви, сони се игра исклучиво за пес или фифа и ништо друго
 
Во Скопје Сити Мол на втори кат има играчница со компјутери и со PlayStation 3 конзоли.

Сум поминал 3 или 4 пати и речиси секогаш се двајца без тројца, а тоа опремата што ја користат е отров скапа. На секој компјутер има професионален Logitech G27 волан, кој е отров скап, а и цените за играње се скапи, мислам дека е 100 денари за 1 час, што доаѓа околу 33 денари за само 20 минути, можеби грешам, но помнам дека е скапо.

Се разбира, ќе речат за трговски центар како Скопје Сити Мол или ГТЦ Скопје или Рамстор и не може да се очекува нешто поевтино, но ајде пробај да тераш бизнис со тие цени во некоја локална играчница во твојата населба - ќе останеш без ебан динар од инвестираната сума.

Вакви инвестиции се изводливи само во близина на училишта, од каде што децата за време на голем одмор или после часови ќе поминат во играчницата, или во близина на спортските сали, бидејќи помладите ретко се опремени со компјутери и со конзоли, додека средношколците ретко се заинтересирани за видео игри или веќе се опремени со компјутери и со конзоли. Единствено најновите оригинални видео игри и ексклузивните видео игри кои се ептен скапи и кои ретко ги има на залиха во првите месец дена после нивното пуштање во продажба, можат да ги привлечат средношколците кои ги немаат истите тие тазе нови видео игри.
Нема играчница во Сити Мол...Race Place е тоа..
 
Нема играчница во Сити Мол...Race Place е тоа..

Знам дека е Race Place, но имам видено дека имаат и компјутери и PlayStation 3 конзоли, а мислам дека сум ги видел да играат и Pro Evolution Soccer.

Можеби грешам, но лично мислам дека тоа не е само за тркачки видео игри, мислам дека се играат видео игри од повеќе жанрови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom