Во Скопје Сити Мол на втори кат има играчница со компјутери и со PlayStation 3 конзоли.
Сум поминал 3 или 4 пати и речиси секогаш се двајца без тројца, а тоа опремата што ја користат е отров скапа. На секој компјутер има професионален
Logitech G27 волан, кој е отров скап, а и цените за играње се скапи, мислам дека е 100 денари за 1 час, што доаѓа околу 33 денари за само 20 минути, можеби грешам, но помнам дека е скапо.
Се разбира, ќе речат за трговски центар како Скопје Сити Мол или ГТЦ Скопје или Рамстор и не може да се очекува нешто поевтино, но ајде пробај да тераш бизнис со тие цени во некоја локална играчница во твојата населба - ќе останеш без ебан динар од инвестираната сума.
Вакви инвестиции се изводливи само во близина на училишта, од каде што децата за време на голем одмор или после часови ќе поминат во играчницата, или во близина на спортските сали, бидејќи помладите ретко се опремени со компјутери и со конзоли, додека средношколците ретко се заинтересирани за видео игри или веќе се опремени со компјутери и со конзоли. Единствено најновите оригинални видео игри и ексклузивните видео игри кои се ептен скапи и кои ретко ги има на залиха во првите месец дена после нивното пуштање во продажба, можат да ги привлечат средношколците кои ги немаат истите тие тазе нови видео игри.