Најпрофитабилни земјоделски култури

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
Imaat probano lugje vo MK, ne uspeva, klimata i pocvata ne odgovaraat na rastenieto, kolku sto znam mu treba pesokliva/pustinska pocva, i toa sto wiki kazuva do -10....rastenieto realno ne izdrzuvalo poniska od 0 stepeni

Претпоставував дека имам некоја грешка во информациите инаку сигурен сум дека ќе се одгледуваше кај нас со оглед на цената која ја држи. :D
 
Годинава како Босна да ја промашивме со јаболкава. Србија, Полска, Бугарија, Хрватска и Словенија се годинава најактуелни за извоз. И за Србија некако послабо од лани. Со цени незнам како догуравте, али по наплатата за јаболка гледам дека нешто не е во ред. Австрија не изигнорира годинава, не биле задоволни баш. Изненади извозот за Германија, прв пат годинава заминаа натаму јаболка и тоа со доста добра динамика.
Германија? Кога како, за ова навистина незнам
 
Германија? Кога како, за ова навистина незнам
Се пуштија сигурно околу 30 шлепери со јаболка. Али кој купува и носи за Германија незнам кој е прекупецот.
 
Праз, Кромид, Зелена Салата (Марулки), Компири, Морков успеваат сите и се барани низ текот на целата година. Со сув газ риби не се фаќаат, како и во се мора да се инвестира и во земјоделиле, земјиште, пластеници, механизација, системи за вода, простории за пакување/амбалажа без ова се друго е мачкање очи или шо би рекле овде кј нас Шо си прајш бајрам со умот?
Имаме насади со праски и сливи доволно за нас јадиме свежо а и правиме мармалад за нас од тоа што ке остане, другото го продаваме но не е голема количина, како што спомнаа @MajMyH чим сте на отворено немат гаранција.
Нас ни ги погоди градот пред некоја година па собравме минимално, речиси тоа што го собравме повеќето беше ето чкарт да речам, во почетната година ни ги фати болест немат гаранција значит.
Единствено вчера ми дојде идеја, баш им помагав на едни пријатели (слединот пат кога ќе купувам мед или ќе им помагам ке пратам слика тука) бидеќи имам и ореви да направиш на една поголема парцела насади со ореви што и реално кошта многу, би го спомнал и пчеларството но треба стрикно да си обучен и едуциран, покрај мед производот што го добиваш е баран и во медицина се прават лекови итн . . .
 
Vo Hrvatska na veliko se sadat caevi, posebno kamilica. Mnogu malce rabota a prinosi 5-10x pogolemi nego da se sadi zito. Celo proizvodstvo im e odnapred prodadeno za Svajcarija i Germanija.
 
Праз, Кромид, Зелена Салата (Марулки), Компири, Морков успеваат сите и се барани низ текот на целата година. Со сув газ риби не се фаќаат, како и во се мора да се инвестира и во земјоделиле, земјиште, пластеници, механизација, системи за вода, простории за пакување/амбалажа без ова се друго е мачкање очи или шо би рекле овде кј нас Шо си прајш бајрам со умот?
Имаме насади со праски и сливи доволно за нас јадиме свежо а и правиме мармалад за нас од тоа што ке остане, другото го продаваме но не е голема количина, како што спомнаа @MajMyH чим сте на отворено немат гаранција.
Нас ни ги погоди градот пред некоја година па собравме минимално, речиси тоа што го собравме повеќето беше ето чкарт да речам, во почетната година ни ги фати болест немат гаранција значит.
Единствено вчера ми дојде идеја, баш им помагав на едни пријатели (слединот пат кога ќе купувам мед или ќе им помагам ке пратам слика тука) бидеќи имам и ореви да направиш на една поголема парцела насади со ореви што и реално кошта многу, би го спомнал и пчеларството но треба стрикно да си обучен и едуциран, покрај мед производот што го добиваш е баран и во медицина се прават лекови итн . . .


Нема ништо лесно друже... Неможе луѓето само да насадат и да чекаат парите сами да никнат. За да не зависиш од времето има многу алтернативи...

Само треба едукација,размислување, планирање, штедење, буквално исто како што се живее по градовите. Ако македонскиот пазар те зафркава ќе се бара начин за извоз.За некои работи многу сме како нација мрзливи и неуки.

Со кој и да правиш муабет ааа не ја бива, нема пари од тоа, вака така... А кога некој ќе успее, овој мора да краде, мора да работи незаконски и сл...

Јас не зборам дека од земјоделието кај нас можеш да станеш богат. Ама можеш да живееш од градскиот покомотен живот. Само цената што ќе ја платиш е голема. Изолираност, смрдеа ако работиш со говеда, маки со крадци, временски незгоди, задоцнети наплати и сл
Ама пак лесно да се правеа парите сите ќе бевме богати нели...
 
"Dobroto/postenoto tesko se pecali ama dogo trae, a losoto/lakomoto/necesnoto brzo se pecali ama i brzo go snemuva"
 
После затвореањето на фабриките во Велес, многу од раотниците почнаа да се занимаваат со одгледување на чинчили, на почетокот се фалеа дека излегува добра пара. што се случи потоа има некој претстава??? има ли исплатливост во тој бизнис?
 
После затвореањето на фабриките во Велес, многу од раотниците почнаа да се занимаваат со одгледување на чинчили, на почетокот се фалеа дека излегува добра пара. што се случи потоа има некој претстава??? има ли исплатливост во тој бизнис?


Јок, нема. Последна вест е ова, од Прилеп, од далечната 2001-ва.

Невработените прилепчани притеснети од сиромаштијата се почесто се одлучуваат својата егзистенија да ја обезбедуваат со одгледување и продажба на јужно американските животни - чинчили. Но, и по тригодишните инвестиции во чинчили бизнисот наместо да видат некој аир како што велат остануваат со празни раце. Се поголем е бројот на чинчиларите кои се чувствуваат измамени од продавачите од источна Македонија кои како што велат им раскажувале розови приказни дека овој бизнис е доходовен и дека за кусо време ќе се збогатат, зашто крзната се многу барани на странските пазари, а ќе им бидат откупени за високи суми.
Таква е приказната и на Страшо Ѓорѓиески и Томислав Стојаноски кои пред една година купиле за 6.000 марки две фамилии чинчили од Велибор Милошевиќ од Кочани, но ветувањата запишани на обичен лист хартија, пропаднале во вода, а во намерите да си вратат барем парите сега се осомничени за грабнување и изнуда на пари.
- Потпишавме навидум идеален договор дека ќе не снабдува редовно со храна, дека секогаш кога ќе има проблеми ќе може да го контактираме, тој ни гарантираше откуп и што е најважно дека за 3,5 месеци една женка ќе роди од едно до 5 млади. Наместо 60 млади, како што не убедуваше, за оваа година фамилијата се прошири само за 13 чинчили. Осум месеци го баравме, инсистиравме да се придржува до договорот, но Велибор почна да се крие, не се јавуваше по телефон. Едвај по извесно време се договоривме да му ги вратиме чинчилите, а тој нас парите. Но од Велибор ни траг, ни глас. Случајно разбравме дека доаѓа во Прилеп, пак да продава и да мами други луѓе. Го пронајдовме, а Велибор пак сакаше да избегне. Кога му рековме дека ќе го пријавиме в полиција, пак истите лаги дека ќе ни ги врати парите. Дури и се степавме, тој имаше само лесни телесни повреди и самиот ни рече дека неговиот вработен Бранко ќе ни ги донесе парите, а ние ќе му ги вратиме чинчилите, што веќе ги натоваривме во неговото комбе. За да не им пречиме на луѓето во куќата, појдовме во викендичката кај Маркова Чешма во бллизина на Прилеп и чекавме од 22 ч. ноќта до 15 часот другиот ден. Наместо Бранко да ни ги донесе парите, тој не пријавил в полиција. На превојот Плетвар дојдоа плициски коли. не одведоа в полиција, дури не осомничија за грабнување и изнуда на пари. А не само што не го киднаприваме и не му баравме пари, туку седевме, разговаравме, пиевме кафе, сендвичи, чоколади - раскажуваат револтирани Томислав Стојаноски и Страшо Ѓорѓиески. За нив и нивниот случај обвинителството во Прилеп во тек е истрага.
Освен овие двајца и други прилепчани велат дека се фатиле на мамката од Велибор но тие инсистираат да останат анонимни стравувајќи дека тој нема да ги снабдува со храна и ќе нема каде да ги продаваат чинчилите.
И Марија Митреска, која купила чинчили од Александар Арсовски од Свети Николе се чувствува изиграна.
- Ни ги продаде, ни вети се и сешто, а сега никаде го нема. Дадовме еден куп пари, плативме по 500 марки за чинчила, а сега едвај за 20 марки ги продаваме. Бараме купувачи, сами се снаоѓаме, а се надеваме дека ќе имаме извесна заработувачка, - вели прилепчанката Марија.
Синот на Благоја Атаноски на Арсовски пак му платил 3.300 марки за една фамилија чинчили.
- Овие луѓе треба да се тужат, да ни ги вратат парите. Каква заработувачка од оваа работа, тоа е лага, само пари даваме по нив за струја, за затоплување, за храна, па требало песок, кафези, што не? Еве година и пол помина ниту една чинчила не продадовме, само не лажат, - вели одгледувачот на чинчили Благоја.
Слична е приказната и на Младен Терзиоски и неговиот татко Спиро.
- Инвестиравме 9.000 марки во овие 3 години. Се размножија, ги имаме точно 90 живинчиња. Ама од ветувањата ништо. Едвај продадовме во ова време 4 чинчили и тоа за колку - за 100 марки сите. Ова никаде го нема, само во оваа наша држава може некој да лаже, а никој да не одговара. Но, не оти државата не ни чини, туку луѓето се лоши. Ацо ни беше голем пријател дури ни ги продаде. Идеше и дома и на дуќан, а сега се крие, го нема да се јави да ги исполни ветувањата, дека тој ќе ни најде купувачи, дека крзното на чинчилите е многу барано и скапо. Што ни остана, имам ќерка во Канада и се надеваме дека некако ќе ни помогне таму да ги прададеме, оти вака само пари даваме, а пари не земаме. А не смее човек да ги остави животинчињата без храна, без да им ја стопли просторијата. Кутри живинжиња, живи души и тие ништо лошо не ни сториле, грев од Господ е да не ги негуваш - вели разочаран Спиро.
Дел чинчилари велат дека за кусо време ги процениле продавачите и ги прекинале сите контакти со нив, од страв дека ќе ги измамат.
- Најдовме други луѓе од Гевгелија со кои соработката барем засега ни оди добро. Деновиве продадовме по неколку чинчили, а парите ни ветија дека ќе ни ги дадат за месец - два. Се надеваме така ќе биде, зашто како што слушаме најквалитетното крзно по обработката се продавало и за 1.000 марки. Ако е така цената е прекрасна. За да се сошие една бунда треба крзно на стотина чинчили, што значи бундата би се продавала и за над 100.000 марки. Но со повеќе забележуваме дека нашиве чинчили имаат сивкаста боја, а велат најбарано било црното крзно. Кој знае како е, но барем пари да има, трудот што го вложуваме да ни се исплати, - раскажуваат крзнарите во Прилеп.
Во секој случај најголем дел одгледувачи на чинчили во Прилеп се чувствуваат измамени и се надеваат дека државата сепак ќе преземе некои мерки, за да се спречи синџирот на измамата, што во Прилеп зема се поголеми размери.
 
Лозје е најпрофитабилна култура, ама во Швајцарија да го работиш и тоа за друг, дневница во наши пари од 6000 до 8000 денари наши пари :icon_lol:.
 
Дечки, да не знаете каде во мк има семе за чили пиперки од сортата charapita?
 
Ретко што е профитабилно во моментов ако немаш огромни површини..
Профитабилност барај само ако можеш да истуркаш се од производство до готов производ по можност со директна продажба
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom