Ухх таман го баталив форумов последниов месец дена бидејќи веќе искрено ми здосади да висам на него со саати ...
И еве повторно се повторуваат настаните од минатата како и од почетокот на оваа година, тепачките по автобуси и сл. воглавном помеѓу малолетниците - средношколци ... Македонци и Албанци !
Не сакам да заглавувам на темава и не сакам никого да вреѓам или напаѓам само сакам да кажам дека сето ова се случува поради болната држава, државата е болна, општеството, власта, политиката ... власта последниве години наместо да игра на картата на соживотот, да промовира добри меѓуетнички и меѓурелигиски односи(факт е дека Македонија е мултиетничка држава каде што мнозинството е застапено со само 60% од населението) сега најверојатно немаше да се случуваат овие гадости, но кога човек подобро ќе размисли и ќе се врати наназад со години ќе увиди дека вината за сето ова не е само кај Албанците туку и кај Македонците односно кај Македонските политичари(власта) која не промовира соживот и мултиетничност туку напротив етноцентризам, национализам и антички митови ... наместо да се решаваат секојдневните проблеми на граѓаните и да се брка патот кон Евро-Атлантските интеграции популистичко-полициската власт преку своите медиуми им прикажува лажна слика на граѓаните за реалните состојби во државава кои се далеку од розови какви што они ги промовираат на своите медиуми, накратко кажано перење на мозок !
Што се однесува до полицијата и превземањето на мерки за спречување на овие немили инциденти ... со тоа што на секој чекор во градот ќе се постават полицајци, тоа ќе го ублажи но нема да го реши проблемот во целост и засекогаш...
Полицијата приметувам воглавном е лежерна и полицајците буквално запираат, легитимираат, претресуваат и психички/вербално малтретираат без врска со самото тоа што си ги погледнал накриво, врвките на патиките не ти биле завржани прописно, си бил намуртен, брзо си одел, зашто левото маде ти било поспуштено, зашто ти фалеле пет влакна на косата и сл. буквално за крајно смешни работи го легитимираат и психички малтретираат секој втор-трет граѓанин во критичните точки каде што се поставени да патролираат !
Читам повеќево постови на темава се анти-Албански а зашто скоро никој не погледнува подлабоко во приказната, зашто ни се случуваат овие работи последниве година-две, како до пред две години беше мирно и ги немаше овие гадости, напаѓачите на децата треба да се фатат и казнат но проблемите сепак потекнуваат од повисоко ниво т.е. ова се последици од една неадекватна, болна и тотално промашена повеќегодишна политика !
П.С. Не сум опозиционер, не сум комуњар(како што многумина обожаваат да кажат/етикетираат), политички сум неутрален и само реално ги гледам работите во надворешноста секојдневно и имам право да си го кажам сопственото мислење по било која тема или случка и молам постов да не се брише !
позз