100 пати кажана лага станува вистина...
Така и кај нас коа 100 пати ќе кажеш дека опозицијата е крива за се, што и да се случи сите покажуваат кон нив..
Коа ќе слушнам дека одма се лошо коа ќе се случи сите одма викаат сдсм е крива, ми се повраќа...
Ја баш мислам дека позицијата некако ми изгледа повиновна за ваквите работи. Зошто ?
Да го земеме 24 декември или црниот понеделник. Да сдсм собра луѓе да се протестира пред собранието, арно ама вмро па „спонтано“ собра дупло повеќе луѓе и исто како во Балканските војни пак имаше македонец против македонец...
Друга работа зошто мислам дека позицијата е крива за ова е зошто на 6 декември (не сум сигурен за датумов) се состанува Советот на ЕУ и пак ќе добиеме вето. Најлесно на вмро и на дуи им е да напраат вакви тепачки и да речат „сдсм како и до сега продолжува пред меѓународниот фактор да ја прикажува Македонија како место каде е небезбедно за живеење. Се додека сдсм продолжи со ваквите дејствија, Македонија и понатаму ќе биде надвор од ЕУ“. Ова многу пати до сега сме го слушале и најлесно е другиот да го обвиниш за твојот неуспех.
На страна од политиката, главниот фактор што состојбава ни е таква каква што е, се медиумите. Ако ова во автобусот 45 секој ден се случува, а медиумите само по наредба од партија го актуелизираат и ако медиумите служат само за пропаганда и плукање на опозицијата, да ти се плукнам во македонското новинарство.