Кајг, тоа е... Али добро е, ноември е, се се дешава сеа

другите месеци не ме барај, исто ко да не постојам. Сега гледам дека одамна сум заборавил некои работи, како стои нешто. Дали беше премногу вложен труд, или можда несигурност тогаш, не знам тоа. Ама јасно ми е дека ако не се откажам се исплаќа... Јасно ми е дека и главата низ ѕид поминува, макар за момент. А уште појасно, дека сепак сакавме така да биде.

И да, тоа ме исполнува, некако гледам напредок во мене понекогаш, онака
Прашањето што ме врти во моментов е, да си се повлечам пошо добив барем нешто* или да продолжам? Да продолжам до целта што ја замислив пред неколку месеци. Не, да продолжам поради тоа што вреди, да , вреди! Е не знам, ама што и да се случи јас ќе сум тука, барем тоа не ме кошта ништо... А знам, сепак знам... нененене, сигурен сум дека вреди, дека вреди што се случи, дека вреди што сум тука. Дека не згрешив што тогаш кога бев решен да го завртам грбот, јас останав. Не поради, (ајде глупо да се изразам) ситната случка (која патем многу ми значеше), туку поради што запознав некој што вреди нешто, а од почеток ми ја постели душата на мене, ми кажа се, имаше толкава доверба. Да, дефинитивно, вреди... И не е последна грешка, поточно знаеш, не е грешка воопшто

И мило ми е што е така.
Е сеа кајг, пред малку останав без работа за ноември, а има уште 2 недели... валда ќе ја правам ласерската харфа а тоа ќе ме фати 2-3 дена... а после? После да се препуштам пак на мрачната страна на есента или... или сепак не, ќе гледам како си врне насмеан пак. Да, среќен сум, среќен сум поради тоа што се случи, а уште посреќен поради мене, поради тоа што успеав да го сменам во мене. Еми ако продолжам да тропам што се беше, ќе добијам бан за преголем реферат, али доволно е вака, не мора и ја се да кажувам
*нели не се откажував? кој бе, море нема жива сила што ќе ме натера да се откажам
И ондах то
