Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.280
Уште од кога почна да настанува христијанството некаде во првиот век - се појавија многу различни учења. Па некои тврдеа дека исус е обичен човек - пророк и месија, некој дека Марија не е богородица, некои го врзуваа со стариот закон, други го тврдеа новиот закон.... Јас мислам дека Павле е всушност првиот еретик и денешнотто “христијанство“ не го кажува вистинскиот Исус и неговото учење. Сплет на историски околности допринеле за настанок на христијанството онакво какво што денес го знаеме, но и тоа е меѓусебно поделено на многу варијанти а сите “докажани“ од една иста книга - библија. Тоа е само знак дека библијата може кој како сака да ја толкува и од ист текст да произлезат различни значенија затоа што библијата е полна со нејасни контрадикторни и абсурдни работи. Тоа што е така напишана, не е крив ни еден атеист, и кога се посочува на таков дел, не е тоа навреда кон никого туку тема за дискусија.