1) Тутунот е легален. Тоа значи имам право да одберам да го конзумирам во облик на цигара или не. Мој е изборот
2) Пушам за мое задоволство и немам намера да се откажувам за нечии убедувања.
3) Определување на објекти како места во кои е забрането пушењето е директна дискриминација на пушачите. Државата знае дека постојат, од нив зема огромни пари и педерски е да ги дискриминира баш нив. Директно е влијанието и од економска страна. Еве нека биде по ваше (непушачко) убедување. Забранет влез за пушачи секаде. Тогаш ќе ги видам сите тие угостители, туристички работници и слични од каде ќе црпат пари. Ние ќе си се собираме кај еден, друг, трет... Ете ви ги кафичите, е*ете се во и со нив
4) Забрана за пушење по улица е исто дискриминација. Улица, тротоар, парк и сл е јавна површина за која сите плаќаме данок. Ако веќе си ги мериме, пушачите плаќаат повеќе данок од непушачите. Во превод, таа иста држава си ја сече гранката на која седи со таквиот однос кон пушачите.
5) Не постои пушач кој би одбил да изгаси цигара, ако на некој во близина му смета. А постојат еден куп идиоти непушачи, кои од инает ќе се бунат, ако некој запали цигара во нивно присуство.
Целиов муабет, непушачи VS пушачи е ист како оној кога имате група луѓе на кои им фуфка да се качат на мотор, па галамат наоколу колку е опасно возењето на истиот. Ако сте толку загрижени за нашето здравје: забранете тутун, воведете бесплатни прегледи на гради, намалете даноци на производи кои се замена за цигари (лепенки, мастики, електронски цигари.....), направете семинари на кои ќе се обидете да не преплашите дека "еве утре ќе умреме" од тие цигари и слично. Можеби така ќе ви успее да го намалите бројот на пушачи во државата. Со донесување закони кои нешто забрануваат, од инает ќе се пуши уште толку. Нема инспекција или казна што ќе го спречи тоа. И никој не ми одговори досега. Смее ли да се запали цигара во затвор? Или тоа не е јавен простор