Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Не, никогаш не ми паднало на памет дека ваква класификација е можна.

Реално, има објективност и вистина во ова? Па и основа за wake up call? Не е носење заклучок на база на една информација малку преизбрзано?
:)
Јас искрено се фаќам себе си како гледам со презир спрема луѓе кои пушат. Значи, зборувам за непознати рандом личности, кои ништо не ми сториле, и кои ги гледам како пушат пред кафич, или седнати на масите надвор. Верувам дека овој презир ќе стане доминантно чувство на непушачите спрема пушачите, како времето ќе одминува.

Пушачите мораат да сфатат дека полека полека ќе станат предмет на презир и исмевање.

И размисли убаво дали не го заслужуваат тоа со својот однос спрема сопственото тело, со односот спрема околната, со односот кон своето потомство, родено или неродено, и со цела своја слабост.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Пушењето е ШТЕТНО за здравјето. Не може државата да фаворизира собиралишта на луѓе кои сакаат да си го уништуваат здравјето.

Ако ова не го разбираш, не знам како поедноставно да ти објаснам. Што се однесува до правењето паметен, јас приметив дека ти не си особено бистар, а сакаш да се правиш таков, па соодветно на тоа го подесив својот однос спрема тебе.

;)
и пиењето алкохол е штетно, но се служи во сите кафичи/ресторани/дискотеки. и сега што праиме, ...... пошто пушачи се помалку отколку алкохоличари, и пошто од ракијата вадиме повеќе пари, ај ќе ги скратиме правата на пушачите?
штетно е и да се прскаат јаболката, грозјето, .......... многу поголема опасност, но ете, дозволено е и тоа.
така да муабетот дека е “штетно“ и дека само заради тоа е законот паѓа во вода. ДА, штетно е пушењето, но како што кажав, додека е дозволено да се купува во трафика, до тогаш јас треба да имам избор.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
На кој не му треба? Вас пушачите? Еве нас пушачиве ни треба...
Добро ајде пополека за да разбериш.
Замисли дека во некое село имало само неколку кафиќи и во нив се пуштало секаков тип на музика.
Се поголем замав земала турбо-фолк музиката која што била гласна, бучна, кич плус делувала штетно за здравјето оти умирале нервни клетки од неа. Ова докажано и предокажано кај врвни екими.
И еден ден селскиот кмет донесува указ да не се пушта повеќе турбо фолк музика во кафиќите оти е кич, лоша за младината, штетна за здравјето туку да се ориентира на друг жанр.
Ама да не бида апла работата му рекле тој што сака можи на слушалки тивко пред врата да си слуша и Цеца и Шабан, а дома пак можат слободно да рокаат колку сакаат турбо фолк.
Овие пак турбо фолкериве упорни биле да се отвори кафич само за нив и да не се мешаат со другите.
Тогаш селскиот кмет му кажал дека му рекле од комитет дека целта му била да ја искорени турбо фолк музиката од селото, а не да ги сегрегира селаните.
Огорчените турбо фолкери во очај му рекле, ами оти Цане во кооперација продава ЦеДи-ња од Цеца и Миле Китич кога сака да се искорени турбо фолкот.
На тоа селскиот кмет кренал со раменици и му одговорил...Тоа е браќа, на Цане му е вујко комесарот.

Ми се чини дека вака ќе биде поразбирливо за тебе.
 
W

Werther

Гостин
Пак ми одговараш исто како и сите овде. Море брат, ако некој нејчи да влези во кафанче, или било што, за да не се чуствува како во Треблинка(?), не го тера некој со сила, че си има и кафичи и ресторани кај што е забрането пушењето, нека си излегува таму. Кој го брани. Некогаш дури и јас че појдам на такви места заради друштво и слично... Проблемов е што нема избор.
Глупости. Тоа со лиценците е чиста глупост. Законот, ваков како што е, е сосема во ред и мој личен впечаток е дека доследно се почитува.

Бидејќи сакаш со примери, еве еден.

Што би било подобро, да излезеш пет минути и испушиш цигара, или сите како недугави да се расчурат внатре, да смрдиш на твор, и да те печат ноздрите ?

Те молам да не се правиме наудрени, мислам дека ти е совршено јасно.

и пиењето алкохол е штетно, но се служи во сите кафичи/ресторани/дискотеки. и сега што праиме, ...... пошто пушачи се помалку отколку алкохоличари, и пошто од ракијата вадиме повеќе пари, ај ќе ги скратиме правата на пушачите?.
Несоодветна аналогија. Како тој што пие алкохол ти смета во кафичот ?
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Јас пушач сум, ама не можам да седам во затворено и да ме трујат сите одстрана. И цигарето ми е повкусно надвор, на свеж воздух.
Не знам шо е пролемов, обична рутина е во прашање.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Глупости. Тоа со лиценците е чиста глупост. Законот, ваков како што е, е сосема во ред и мој личен впечаток е дека доследно се почитува.

Бидејќи сакаш со примери, еве еден.

Што би било подобро, да излезеш пет минути и испушиш цигара, или сите како недугави да се расчурат внатре, да смрдиш на твор, и да те печат ноздрите ?

Те молам да не се правиме наудрени, мислам дека ти е совршено јасно.
--- надополнето: 14 ноември 2013 во 17:20 ---


Несоодветна аналогија.
е тука мојот одговор е дека многуууууууу поубаво ќе ми биде ВО задимен кафич. во секое време го мењам чистиот и намирисан со секакви хемикалиии (кои патем кажано се штетни) кафич, со задимен и смрдлив кафич каде ќе можам да уживам во кафето/пивото/ракијата.
--- надополнето: 14 ноември 2013 во 17:23 ---
А не, не повторно назад во кругот.

:)
се предаваш, а? ;)
ај не мора да биде само алкохолот, ете дадов и други примери, зошто ги избена нив?
 
W

Werther

Гостин
е тука мојот одговор е дека многуууууууу поубаво ќе ми биде ВО задимен кафич. во секое време го мењам чистиот и намирисан со секакви хемикалиии (кои патем кажано се штетни) кафич, со задимен и смрдлив кафич каде ќе можам да уживам во кафето/пивото/ракијата.
Сигурно... :rolleyes:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Истите тие трутови стануваат во 13h и очекуваат стотче на маса за спортска, или за кафе или за пиво пред комјутер... Некои од нив воопшто и не се пушачи, па така не можеш синдромот на мрзливата младина строго да им го препишеш на пушачите.

И да, срам се за семејството, ама не поради фактот што се пушачи, туку поради самите себе и начинот на кој функционираат.

Ја претеравте со пушачиве.
Исто и за нив, ама за пушачите малку повеќе.
Ништо лично, ама мора да се размислува на таков начин за да се искорени оваа навика.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
1) Тутунот е легален. Тоа значи имам право да одберам да го конзумирам во облик на цигара или не. Мој е изборот
2) Пушам за мое задоволство и немам намера да се откажувам за нечии убедувања.
3) Определување на објекти како места во кои е забрането пушењето е директна дискриминација на пушачите. Државата знае дека постојат, од нив зема огромни пари и педерски е да ги дискриминира баш нив. Директно е влијанието и од економска страна. Еве нека биде по ваше (непушачко) убедување. Забранет влез за пушачи секаде. Тогаш ќе ги видам сите тие угостители, туристички работници и слични од каде ќе црпат пари. Ние ќе си се собираме кај еден, друг, трет... Ете ви ги кафичите, е*ете се во и со нив
4) Забрана за пушење по улица е исто дискриминација. Улица, тротоар, парк и сл е јавна површина за која сите плаќаме данок. Ако веќе си ги мериме, пушачите плаќаат повеќе данок од непушачите. Во превод, таа иста држава си ја сече гранката на која седи со таквиот однос кон пушачите.
5) Не постои пушач кој би одбил да изгаси цигара, ако на некој во близина му смета. А постојат еден куп идиоти непушачи, кои од инает ќе се бунат, ако некој запали цигара во нивно присуство.

Целиов муабет, непушачи VS пушачи е ист како оној кога имате група луѓе на кои им фуфка да се качат на мотор, па галамат наоколу колку е опасно возењето на истиот. Ако сте толку загрижени за нашето здравје: забранете тутун, воведете бесплатни прегледи на гради, намалете даноци на производи кои се замена за цигари (лепенки, мастики, електронски цигари.....), направете семинари на кои ќе се обидете да не преплашите дека "еве утре ќе умреме" од тие цигари и слично. Можеби така ќе ви успее да го намалите бројот на пушачи во државата. Со донесување закони кои нешто забрануваат, од инает ќе се пуши уште толку. Нема инспекција или казна што ќе го спречи тоа. И никој не ми одговори досега. Смее ли да се запали цигара во затвор? Или тоа не е јавен простор
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
се предаваш, а? ;)
ај не мора да биде само алкохолот, ете дадов и други примери, зошто ги избена нив?
Ако идејата беше да ме фатиш на кондиција, тогаш се предавам. Очигледно е дека аналогијата алкохол-цигари не држи.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.449
Поени од реакции
33.564
да сте ми живи и здрави вие непушачите, али изгледа поголема толеранција имаме ние пушачите спрема вас, него вие према нас...
Секогаш ме фасцинира како функционира пушачкиот ум.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
колку и да не ти се верува, некои пушачи трчаат по непушачки (и жртвуваат сат-два без цигарче за да бидат во добро друштво), па така, не биди толку сигурен дека нема да потонете во досада :)
Па токму ова јас го правам. Не палам една по друга додека сум со неа, АМА....Кога ќе сакам да запалам, истата таа непушачка не ми прави проблем. Фер нели? Малку по мое, малку по нејзино. :) За ова збориме ние цело време. А според сите овие, па и оној што видел некој закон во светот, ама не видел до крај....ние сме најголемото зло што треба да се искорени
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
1) Тутунот е легален. Тоа значи имам право да одберам да го конзумирам во облик на цигара или не. Мој е изборот
2) Пушам за мое задоволство и немам намера да се откажувам за нечии убедувања.
3) Определување на објекти како места во кои е забрането пушењето е директна дискриминација на пушачите. Државата знае дека постојат, од нив зема огромни пари и педерски е да ги дискриминира баш нив. Директно е влијанието и од економска страна. Еве нека биде по ваше (непушачко) убедување. Забранет влез за пушачи секаде. Тогаш ќе ги видам сите тие угостители, туристички работници и слични од каде ќе црпат пари. Ние ќе си се собираме кај еден, друг, трет... Ете ви ги кафичите, е*ете се во и со нив
4) Забрана за пушење по улица е исто дискриминација. Улица, тротоар, парк и сл е јавна површина за која сите плаќаме данок. Ако веќе си ги мериме, пушачите плаќаат повеќе данок од непушачите. Во превод, таа иста држава си ја сече гранката на која седи со таквиот однос кон пушачите.
5) Не постои пушач кој би одбил да изгаси цигара, ако на некој во близина му смета. А постојат еден куп идиоти непушачи, кои од инает ќе се бунат, ако некој запали цигара во нивно присуство.

Целиов муабет, непушачи VS пушачи е ист како оној кога имате група луѓе на кои им фуфка да се качат на мотор, па галамат наоколу колку е опасно возењето на истиот. Ако сте толку загрижени за нашето здравје: забранете тутун, воведете бесплатни прегледи на гради, намалете даноци на производи кои се замена за цигари (лепенки, мастики, електронски цигари.....), направете семинари на кои ќе се обидете да не преплашите дека "еве утре ќе умреме" од тие цигари и слично. Можеби така ќе ви успее да го намалите бројот на пушачи во државата. Со донесување закони кои нешто забрануваат, од инает ќе се пуши уште толку. Нема инспекција или казна што ќе го спречи тоа. И никој не ми одговори досега. Смее ли да се запали цигара во затвор? Или тоа не е јавен простор
Нема да ти реплицирам, само сакам да те пофалам дека штотуку го напиша најглупавиот пост на темава. Сериозно, одамна немам прочитано толку глупости на едно место.

Честитки...

:)
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.916
Поени од реакции
12.459
Истите тие трутови стануваат во 13h и очекуваат стотче на маса за спортска, или за кафе или за пиво пред комјутер... Некои од нив воопшто и не се пушачи, па така не можеш синдромот на мрзливата младина строго да им го препишеш на пушачите.

И да, срам се за семејството, ама не поради фактот што се пушачи, туку поради самите себе и начинот на кој функционираат.

Ја претеравте со пушачиве.

Да, претераа.
Знаеш што е проблемот? Проблемот што се вака дрски и лицемерни лежи во младоста, во еден од најосетливите периоди кога симпатиите на кои тие дркаа им ги клецаа несташните што беа ОК и кул (како што кажа Ванлок) затоа што покажуваа поголеми муда, не само во делот на пушењето цигари туку и во други ситуации - тоа е карактер. Со тек на време проблемот се билда иако делува дека исчезнал, па во секоја можна ситуација се обидуваат да го наведуваат и плукаат она што секогаш им недостасувало - храброст, карактер. Тие се само повредени суптилни Брејвици на кои им треба прегратка и ветување дека се ќе биде во ред. Да ги заебиме исклучоците, малку се...
Тие се грижеле за здравјето и свеста на останатите, да, колку што јас сум загрижен за ланскиот снег. Такви финти можат да им продаваат на верната публика на телетабиси ширум светот...
Епа куме, доста је било.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom