Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Како ќе бидат дискриминирани непушачите? Вие имате ваши кафичи, ние наши. Каде е дискриминацијата? Или вие сакате да се ширите секаде, а нас кој не ...? Е, нема да може. Кога веќе сме кај дискриминација, не е дискриминација тоа што пушачите сега пијат кафе надвор? Едно кафе е 100ден. Ти седиш внатре, на топло....а ние ни криви ни должни, стоиме надвор, на студено. А замисли, плаќаме иста цена!!! Зошто да платам иста цена за услуга која ти ја добиваш комплетно, а јас половично? Кој е дискриминираниот сега?
Така и треба да биде за да се искорени навиката, дури и би било пожелно да бидат оддалечени најмалку 25 метри од влезот на вратата.
Инаку се согласувам за тутунската индустрија, само е премногу лукративен бизнис за да го затворат туку така.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Има. Во Чаир, Гостивар, Тетово, Дебар, по полошките села, во некои скопски села. Газдите си имаат избрано дека сакаат да отворат пушачки клуб и ако влезе инспекција ја плаќаат и казната што е за нив и казната за муштеријата што е фатен да пуши.

Мене не ми е јасно зошто инсистирате сите газди да сакаат да си отворат таков клуб. Ете некои решиле дека им се исплати и отвориле.
А оти тоа да биди во вид на казна а не лиценца?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Истите тие трутови стануваат во 13h и очекуваат стотче на маса за спортска, или за кафе или за пиво пред комјутер... Некои од нив воопшто и не се пушачи, па така не можеш синдромот на мрзливата младина строго да им го препишеш на пушачите.

И да, срам се за семејството, ама не поради фактот што се пушачи, туку поради самите себе и начинот на кој функционираат.

Ја претеравте со пушачиве.
Интересно нели, никогаш не би помислила дека непушачите на овој начин ги доживуваат пушачите.

Можеби е добро ова, како wake up call.

;)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
А кој рече дека е должен некој да обезбеди. Проблемов е шо и да сака некој да обезбеди, не можи! Тука е разликава...
Му одгворив на Плавооко за тоа, да не се повторувам. Не ни треба да има таква опција.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Јас сум пушач, девојка ми не е. Сама кажува дека НЕМА ДА МИ ЗАБРАНИ, НИТУ ДА ПРОБА ДА МЕ ОДВИКНЕ од пушење. Точка. Ако сум глупав да се трујам, мој проблем. Јас ќе имам 300 болести, јас ќе трпам. Кога ќе имам деца, ќе им ги кажам сите последици од пушење цигари....Ако сакаат нека пушат (ДА ќе им купувам), ако не не мораат. Со сила нема да ги терам на едно или друго. И пак избегнувате сите вие "поддржувачи" на тој закон едно прашање: Зошто пушачите не смеат да имаат свое место за пушење? Свој кафич, дискотека, театар, кино....што и да е наменето СТРОГО ЗА ПУШАЧИ? Или само за нешто да се инаети и јаде бурек без врска е работава? :mad:


Ова е точно, апсолутно.

Но што мислиш, како би ја доживел ваквата состојба некој што те сака? Мислиш ли дека би му било сеедно гледајќи болка и страдање?

Гледаш ли до каде оди твојата себичност?

Кога веќе си свесен за ризиците што ги носи тутунот, зарем стварно мислиш дека не е редно да се обидеш да ги оставиш, ако не за тебе (пошо ти си спремен на сите ризици), тогаш за твоите блиски?

И, не биди строг кон себе, не се работи за глупавост, се работи за слабост...;)

Како последно, ЈАС ке ти одговорам на прашањето: Да, треба ди има посебни места само за пушачи, барем сите ќе бидете на едно место и ќе си се дишете меѓусобно колку сакате...но, колку и да не ти се верува, некои пушачи трчаат по непушачки (и жртвуваат сат-два без цигарче за да бидат во добро друштво), па така, не биди толку сигурен дека нема да потонете во досада :)
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
75
Поени од реакции
104
Има. Во Чаир, Гостивар, Тетово, Дебар, по полошките села, во некои скопски села. Газдите си имаат избрано дека сакаат да отворат пушачки клуб и ако влезе инспекција ја плаќаат и казната што е за нив и казната за муштеријата што е фатен да пуши.

Мене не ми е јасно зошто инсистирате сите газди да сакаат да си отворат таков клуб. Ете некои решиле дека им се исплати и отвориле.
Ја ова лично сум го видел во ноќен клуб "Наим Фрашри" во Дебар. Газдата ги плати двете казни, и му даде екстра кеш на инспекторот со назнака "за буџетски суфицит".
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Треба и да биде, јас чуствувам огромен презир кон луѓе кои земаат 10 тина илјадарки плата, трошат добри 20% од неа за цигари, а од друга страна нивните деца ги испраќаат со по 10 ден. во џеб на училиште или пак се хранат со хреновки од 75 ден. кг за да преживеат, плус извршители му тропаат над глава за неисплатени сметки.
Посебна приказна се оние трутови кои седат дома, стануваат во 13 часот попладне и очекуваат на маса да имаат кутија цигари кога ќе станат или пак 100 ден. оставени за да си купат.
Такви се да не претерам, ама добри 70% од пушачите во нашата држава.
И после ти ме прашуваш дали треба или не треба да бидат срам за семејството?

Без разлика дали биле воспитани, образовани и вакцинирани мене не ми изгледаат ваквиот тип на луѓе за некои за кои треба да им се изрази некаков почит.
--- надополнето: 14 ноември 2013 во 16:42 ---


Цела работа е да се искорени и стигматизира оваа лоша навика, а не да се контролира.
Во случај како што го наведуваш ти ќе бидат дискриминирани непушачите што е парадокасално.
моето прашање беше генарализирано, а не според некои статистики. а згора на тоа и да е така, еве нека дава и 30% од плата за цигари, ........кој си ти (па и државата) да кажеш на што да ги троши парите. да не треба и залчињата во месецот да ми ги брои некој? додека не е забрането продавањето на цигари, до тој момент сите ние имаме право на избор дали ќе пушиме или не. и се додека го имаме правото да купуваме цигари, и не се гони кривично истото, до тогаш овој закон е дискриминирачки.зборуваш за почит:confused: според тебе почит има само оној кој не пуши, иако можеби е педофил. секоја чест ванлок, ептен имаш високи стандарди за почит
така да, последниот дел е дека веќе постои од државата амин за дискриминација, а после тоа викаш би биле дискриминирани непушачите. лицемерно е ова, сфаќам дека не го прифаќаш пушењето како твој избор, али остави другите да одлучат за себе. ти, твоите истомисленици и законот дискриминирате.
но затоа и друштво ни правите на минус 15 пред врата:D
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Исто му иде на крај. Што тоа тебе ти менува?
Сакам легално да си работам. Пример да отворам кафич за пушачи. Оти вака можи секој месец по 3000 евра казна да плаќам (можи и повеќе, а можи и да ме затворат), а вака чиста сметка со лиценцата.

Му одгворив на Плавооко за тоа, да не се повторувам. Не ни треба да има таква опција.
На кој не му треба? Вас пушачите? Еве нас пушачиве ни треба...
 
W

Werther

Гостин
Значи мора пластично да ви се објаснува, оти поинаку не разбирате.
Не мора со примери. Се разбираме, и мислам дека тебе ти е потполно јасно, но се правиш наудрен.

Јас пушам цигари, три години. Но, не сум нешто премногу горд на тоа.

Законот го поддржувам во целост. Пред да се воведе немаше никаква одговорност. Влегуваш во кафанче, или што било, и се чувствуваш како во Треблинка. Тука завршува муабетот.

Јас немам никаков проблем надвор да излегувам да испушам цигара.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Ете го истиот муабет од една друга тема..
Не туку ми се прај паметен.
Имаш бе аргументи или немаш?
Шо че ти пречи тебе ако си имаме ние пушачиве кафетерија за пушачи?
Кратко и јасно.
Пушењето е ШТЕТНО за здравјето. Не може државата да фаворизира собиралишта на луѓе кои сакаат да си го уништуваат здравјето.

Ако ова не го разбираш, не знам како поедноставно да ти објаснам. Што се однесува до правењето паметен, јас приметив дека ти не си особено бистар, а сакаш да се правиш таков, па соодветно на тоа го подесив својот однос спрема тебе.

;)
 
M

Muranyi

Гостин
Лолз,читајќи одредени членови-пушачи(не сите) и нивните "аргументи" имам чувство дека читам мали дечиња на кои си им ја земал играчката:icon_lol:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.268
Поени од реакции
26.140
Ја ова лично сум го видел во ноќен клуб "Наим Фрашри" во Дебар. Газдата ги плати двете казни, и му даде екстра кеш на инспекторот со назнака "за буџетски суфицит".
И ја иам лично видено, затоа зборам. Само скапа работа се пушачки клубови, па газдиве ги лажат муштериите дека не биле дозволени.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Интересно нели, никогаш не би помислила дека непушачите на овој начин ги доживуваат пушачите.

Можеби е добро ова, како wake up call.

;)


Не, никогаш не ми паднало на памет дека ваква класификација е можна.

Реално, има објективност и вистина во ова? Па и основа за wake up call? Не е носење заклучок на база на една информација малку преизбрзано?
:)
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Не мора со примери. Се разбираме, и мислам дека тебе ти е потполно јасно, но се правиш наудрен.

Јас пушам цигари, три години. Но, не сум нешто премногу горд на тоа.

Законот го поддржувам во целост. Пред да се воведе немаше никаква одговорност. Влегуваш во кафанче, или што било, и се чувствуваш како во Треблинка. Тука завршува муабетот.

Јас немам никаков проблем надвор да излегувам да испушам цигара.
Пак ми одговараш исто како и сите овде. Море брат, ако некој нејчи да влези во кафанче, или било што, за да не се чуствува како во Треблинка(?), не го тера некој со сила, че си има и кафичи и ресторани кај што е забрането пушењето, нека си излегува таму. Кој го брани. Некогаш дури и јас че појдам на такви места заради друштво и слично... Проблемов е што нема избор.

Пушењето е ШТЕТНО за здравјето. Не може државата да фаворизира собиралишта на луѓе кои сакаат да си го уништуваат здравјето.

Ако ова не го разбираш, не знам како педноставно да ти објаснам. Што се однесува до правењето паметен, јас приметив дека ти не си особено бистар, а сакаш да се правиш таков, па соодветно на тоа го подесив својот однос спрема тебе.

;)
Алкохолот е ШТЕТЕН за здравјето. Не може државата да фаворизира собиралишта на луѓе кои сакаат да си го уништуваат здравјето.
И сеа?
Тебе лично шо ти пречи дали пушам цигара во некоја кафетерија за пушачи? Пак не ми одговори.
А за ова второво. Ти машко немаш капацитет да ми ја приметиш бистрината. Толкав ти е капацитетот, да требаше само ЕДЕН збор да сменам во твојот аргумент, и да ти падни во вода.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom