Ајде да ти одговори чичо
Затоа што нема поинакви. Сите бифши пушачи кои ете преминале во другиот табор се како од иста мајка родени. Сега ти ако делиш тоа е друга работа, но моево тврдење стои. Дури на мислење сум дека се полоши и од луѓето кои никогаш немаат запалено цигара.
За вториот болд. Што јас кажав тука неточно без разлика дали ми оди или не во корист. Кој аргументи ги имаш ти на твоја страна што би ти одел тебе во корист.
Трет болд. Радо би одела со автобус и радо би направила многу работи ама ете не ги правиш и си најде изговор за тоа со што мирно ке спиеш вечерва. Абе и јас сакам се да биди во ред ама ете не е. Кога ке видиш на крајот и ти наводно ги труеш и јас, со таа разлика што јас не сум лицемерен и не им се извинувам оти сметам дека нема потреба. И сега што јас сум лошиот ти добрата. Не би рекол.
За четртиот заклучок ја промаши поентата, а таа е што сум јас крив да ги трпам иако искрено сочувствувам со нивната мака или лоши хигиенски навики исто како и ти што тврдиш од што мака да ме трпиш мене. Јас сум имал избор тој не. Па сигурно јас не сум крив за неговата здравствена состојба. Ако случајно се разболиш од некој таков пак ке го оправдуваш со тоа што немал избор. Ете пример некој добил сида не по своја вина и ти ја пренесил тебе. Пак ке го жалиш и оправдуваш затоа што немал избор и небило по негова вина.
И искрено можеби до толку ми фаќа ама сепак би сакал да ми дадеш пример за вештачки и природно загаден воздух и како тоа има разлика по твоето здравје.
Баш те "прифаќаат" навечер...

Прво, јас те прашав по која моја изјава заклучи дека сум полоша во ставовите дури и од непушачите? Пошто, нали, мислења градиме врз основа на изјави, ставови...кој мој став ме прави терминатор на пушачи, молим ти се ти се молим?

Сметам дека е бесцелно водење на бесмислени "дебати" со споредување на проблеми како загаден воздух, загадување на водите, недоволно автобуси на ЈСП, непостоење на велосипедски патеки (на кои, поединецот, во вака неорганизирана средина, може мнооооогу малку да влијае) со нешто што е ствар на личен избор а ја засега (и деструктивно влијае) на околината-како шо е, ќе погодиш, цигарата и пушењето. Така да, без разлика на твоето инсистирање да ме вовлечеш во вакво натегање, еве ти кажувам, нема да учествувам бидејќи мислам дека му недостасува логика. Едноставно, не се споредуваат овие две работи.
Проблемот со твојот избор е што и' го наметнуваш на околината. Ти си решил да пушиш и си убеден дека сите треба да уживаат во твојот дим.
И па не ти ги разбирам споредбиве. Значи, ако некој ти го опне без заштита а знае дека е болен од сида, онада тој треба да биде обвинет за убиство (или обид за убиство). Исто како што и ти како пушач, кој што е убеден дека кога дими всушност испушта освежувач во воздухот, треба да бидеш казнет бидејќи влијаеш потрнцијално опасно на оние околу тебе-не, не ги сексаш, него ги гушиш до смрт...

Не ли ти текнува после цел ден мислење...она со воздухот беше моја саркастична опаска, Владе море, инаетлијо!
