Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Ајде да ти одговори чичо ;)
Затоа што нема поинакви. Сите бифши пушачи кои ете преминале во другиот табор се како од иста мајка родени. Сега ти ако делиш тоа е друга работа, но моево тврдење стои. Дури на мислење сум дека се полоши и од луѓето кои никогаш немаат запалено цигара.
За вториот болд. Што јас кажав тука неточно без разлика дали ми оди или не во корист. Кој аргументи ги имаш ти на твоја страна што би ти одел тебе во корист.
Трет болд. Радо би одела со автобус и радо би направила многу работи ама ете не ги правиш и си најде изговор за тоа со што мирно ке спиеш вечерва. Абе и јас сакам се да биди во ред ама ете не е. Кога ке видиш на крајот и ти наводно ги труеш и јас, со таа разлика што јас не сум лицемерен и не им се извинувам оти сметам дека нема потреба. И сега што јас сум лошиот ти добрата. Не би рекол.
За четртиот заклучок ја промаши поентата, а таа е што сум јас крив да ги трпам иако искрено сочувствувам со нивната мака или лоши хигиенски навики исто како и ти што тврдиш од што мака да ме трпиш мене. Јас сум имал избор тој не. Па сигурно јас не сум крив за неговата здравствена состојба. Ако случајно се разболиш од некој таков пак ке го оправдуваш со тоа што немал избор. Ете пример некој добил сида не по своја вина и ти ја пренесил тебе. Пак ке го жалиш и оправдуваш затоа што немал избор и небило по негова вина.
И искрено можеби до толку ми фаќа ама сепак би сакал да ми дадеш пример за вештачки и природно загаден воздух и како тоа има разлика по твоето здравје.

Баш те "прифаќаат" навечер...;)

Прво, јас те прашав по која моја изјава заклучи дека сум полоша во ставовите дури и од непушачите? Пошто, нали, мислења градиме врз основа на изјави, ставови...кој мој став ме прави терминатор на пушачи, молим ти се ти се молим? :вонзем:

Сметам дека е бесцелно водење на бесмислени "дебати" со споредување на проблеми како загаден воздух, загадување на водите, недоволно автобуси на ЈСП, непостоење на велосипедски патеки (на кои, поединецот, во вака неорганизирана средина, може мнооооогу малку да влијае) со нешто што е ствар на личен избор а ја засега (и деструктивно влијае) на околината-како шо е, ќе погодиш, цигарата и пушењето. Така да, без разлика на твоето инсистирање да ме вовлечеш во вакво натегање, еве ти кажувам, нема да учествувам бидејќи мислам дека му недостасува логика. Едноставно, не се споредуваат овие две работи.

Проблемот со твојот избор е што и' го наметнуваш на околината. Ти си решил да пушиш и си убеден дека сите треба да уживаат во твојот дим.

И па не ти ги разбирам споредбиве. Значи, ако некој ти го опне без заштита а знае дека е болен од сида, онада тој треба да биде обвинет за убиство (или обид за убиство). Исто како што и ти како пушач, кој што е убеден дека кога дими всушност испушта освежувач во воздухот, треба да бидеш казнет бидејќи влијаеш потрнцијално опасно на оние околу тебе-не, не ги сексаш, него ги гушиш до смрт...;)

Не ли ти текнува после цел ден мислење...она со воздухот беше моја саркастична опаска, Владе море, инаетлијо! :гик:
 
Ма ни најмалку немам намера да те вадам од контекст.

Напротив, сакам да те ставам во контекст. Но ти никако јасно и гласно да кажеш дали ќе им ЗАБРАНИШ, или ќе им ДОЗВОЛИШ на твоите деца да пушат цигари.
Така да, ти си тој што не си фер. Само вртиш окулу грмушката, но ништо конкретно не кажуваш.

Незнам како поконкретно да ти кажам.
НЕ нема да им забранам.
Сега ти е јасно или да земам да ти нацртам.
 
Баш те "прифаќаат" навечер...;)

Проблемот со твојот избор е што и' го наметнуваш на околината. Ти си решил да пушиш и си убеден дека сите треба да уживаат во твојот дим.

Види сега се погрешно си сфатила.
Јас ништо не и наметнувам на околината и
не сум убеден дека сите треба да уживаат во мојот чад, туку наједноставно кажано ми е гајле што мисли околината и дали некој ужива или не во мојот чад. Јас не барам изговор нити ме гризи совеста затоа што моите постапки на некого не му одговараат. Нити мене не ми е се по кеф многу работи, ама се помирив со фактот дека колку луѓе толку табиети и дека е беспредметно да покушавам на секого да му угодам затоа што на некој така му текнало. Ако ме прави тоа себичен, нека ви биди. Сега законот ве штити и вие живеете поздраво и се надевам подолговечно. Ете и помалце ке се перите и капите што е уште една бенефиција од законот. Останатите вака така се снајдваме и пак си го тераме кефот во објекти каде сите сме иста сорта па и тоа гледам ви пречи. Па сега прашање е кој на кого му наметнува мислење и став.
--- надополнето: 14 ноември 2013 во 02:23 ---
Кристално јасно. Се надевам дека ќе ти простат некогаш.

А ти како ке им забраниш на твоите да пушат и што ако и покрај твоите забрани деца како деца посебно во пубертет сепак одлучат да пушат?
Дали ти ке им простиш некогаш што не те послушале?
 
Ним да им простам?
Јас не размислувам така. Во тој случај би требало да размислам дали себеси можам да си простам. Затоа што Јас не сум успеал да ги едуцирам што е добро а што лошо за нив.

Не е дека тоа е ситуација каде тие фрлаат паричка, петка-глава.
Глава? Ок, ќе пушам цигари.

--- надополнето: 14 ноември 2013 во 02:42 ---
Впрочем таа сегашниов закон е дел од таа едукација. Децата не би требало да раснат во околина каде повеќето окулу нив пушат. Не би требало да изгледа дека пушењето е ОК и кул работа.
Баш напротив, самото тоа што ве гледаат вас пушачите како се ѕемнете пред врата на локалите, ќе допринесе сразмерно повеќе од тие деца да не пропушат цигари.
 
О да, во тинејџерските години пушењето цигари секогаш ќе биде ОК и кул работа, колку по забрането - толку повеќе ОК и кул. Ова е стара приказна...стара :coffee:
А тоа ѕемнеењето по кафичите е друга приказна, со километри се приметува каде е забавата нај интересна колку и да е ладно, затоа и непушачите трчкараат надвор со нас ;)
 
Ним да им простам?
Јас не размислувам така. Во тој случај би требало да размислам дали себеси можам да си простам. Затоа што Јас не сум успеал да ги едуцирам што е добро а што лошо за нив.

Не е дека тоа е ситуација каде тие фрлаат паричка, петка-глава.
Глава? Ок, ќе пушам цигари.
.

А во случај да неможеш да си простиш што потоа ?
 
Па не ги споредувам, во ист кош ги ставам, зависници се во секој случај. Разликата е само во супстанцата од која се зависни.

Не го измислувам јас тоа, медицината потребата од тутун ја класифицира како болест на зависност. Не ми верувај мене, прочитај сам:
https://www.google.com/#q=tobacco addiction&safe=off
па се е тоа таа западњачка “реклама“ за здрав живот и се “грижиме“ за вас. а другите се БОЛНИ:confused:и згора на тоа треба да се отфрлат од општеството, да бидат третирани ко кучиња. а некои пак и од болни ги ставија дека не биле болни, него дека биле природна појава.
да не заборавам, тој запад сега пак размислува па марихуаната да се продава во продавници. “стриктно за медицинаски цели!“ како па да не, пази да не поверувам во тоа. напротив, тоа е за контрола на масата. ќе направиме што е можно повеќе зависници на дрога, со испран мозок, па “ние“ (тие некои НИЕ) ќе си владееме со светот.
него, не ми кажа зошто ти мислиш дека не треба да има места за пушачи, каде тие ќе се чуствуваат комотно и убаво?
 
:pos:
Да ми извиниш, ама таквото му бараат непушачиве ко дашина да одат кај пушачиве?
Демек ние пушачиве повлијателни сме?

Пази богати, од 100 души, 50 се пушачи 50 не се. Е сега овие пушачиве не смееле да има свое катче кај шо че си го пијале кафето со цигарче, оти овие другиве сакале да одат со нив.

И ти ова го сметаш во ред, така?
--- надополнето: 13 ноември 2013 во 22:52 ---

Те гледам, уште за здравјево ја тупиш, а не ми одговори прееска. Кажи ми шо ти смета јас ние пушачиве да си имаме кафетерија, кај шо че можиме да си го пијаме кафето на рајат?

Објаснив што бараат непушачите кај пушачите. Факт е дека физичкото раздвојување не функционира.

Се додека на цигарата и се обраќаш со цигарче, црно ти се пишува.
 
па се е тоа таа западњачка “реклама“ за здрав живот и се “грижиме“ за вас. а другите се БОЛНИ:confused:и згора на тоа треба да се отфрлат од општеството, да бидат третирани ко кучиња. а некои пак и од болни ги ставија дека не биле болни, него дека биле природна појава.
да не заборавам, тој запад сега пак размислува па марихуаната да се продава во продавници. “стриктно за медицинаски цели!“ како па да не, пази да не поверувам во тоа. напротив, тоа е за контрола на масата. ќе направиме што е можно повеќе зависници на дрога, со испран мозок, па “ние“ (тие некои НИЕ) ќе си владееме со светот.
него, не ми кажа зошто ти мислиш дека не треба да има места за пушачи, каде тие ќе се чуствуваат комотно и убаво?

Апсолутно дека треба да бидат така третирани пушачите во едно нормално општество , посебно кога е докажано и предокажано дека пушењето предизвикува еден куп болести за нив и за тие што се околу нив.
Ако тутунската индустрија која што на големо ги финансираше и сеуште ги финансира кампањите на политичарите успеа да изгради култ кон цигарата и никотинската зависност со помош на Холивуд и западњачка реклами како некоја "кул" навика, би требало сега секое општество да ја смени таа перцепција и да ја доведе таа зависност на место каде што припаѓа во маргините на едно општество и секој пушач да биде срам за своето семејство и околината.
Слично кај нас функционира и култот кон автомобилите и моторциклите кој е наметнат токму од таа западњача реклама што ја споменуваш.
Во еден Копенхаген кој што има дупло помалку сончеви денови луѓето секојдневно употребуваат велосипед токму од тоа што градските власти направиле ревносна кампања некаде 80ти и 90ти за тоа колку е значајно за самите граѓани да го употребуваат како превозно средство велосипедот и јавниот превоз.
Сега кога граѓанин на Копенхаген ќе го виде својот колега, комшија, соограќанин со автомобил, а нема практична потреба од тоа се однесува кон него со презир.
Кај нас пак е обратна ситуација, кога некој би се движел со велосипед, пеш или пак со јавен превоз би бил само третиран и презиран како граѓанин од подолна класа.
Истиот тој пак кога се буди во смог наутро и не може да диши го пали наутро автомобилот и пцуе по градските власти и државата што дозволиле да се градат фабрики и ако е некој како Анчо ќе кара по комшиите од Штип и Св. Николе што се доселиле во Скопје.
За илустрација Копенхаген е пристаниште и има своја индустриска зона аналогно.
Кај нас треба да се смени комплетно менталитетот, тоа се прави со кампања, казни и слични работи.

За марихуаната има засебна тема каде што може да се дискутира за тоа колку е штетна, колкава зависниост предизвикува и што е позначајно колку е навистина корисна нејзината забрана од причина што може да ја купи секое дете во трафика, ама моментално со многу повисока цена.
Инаку пак ќе споменам нормална држава како Холандија, каде што со легализација на истата бројот на конзументите на рекративни дроги се намалени.
 
А во случај да неможеш да си простиш што потоа ?
Владе, ти сега мене ми правиш филм што би било кога би било, а всушност ти си тој што со тврдоглавост и неукост ќе им наштетиш на сопствените деца. Јас ти кажав што е правилно според мене и според здравиот разум. Децата треба да се едуцираат што е добро а што не е, тоа е задача прво на родителите, а потоа и на сите нас.
Мојата совест е чиста, кога јас ќе си го одработам својот дел. Дека тоа не гарантира ништо, тоа е друга работа.

Целата идеја со едукацијата и кампањата, е да се створи друг менталитет, различен од сегашниов. Дека цигарите се штетни, има милион научни трудови, но дека тоа нема да го убеди поголемиот дел од вас, тебе @kooperativa и еден куп други... повеќе од јасно е дека нема да ве убеди. Окулу вас на познати и не познати, можеби и блиски, им се случуваат белодробни заболувања, најразлични канцери, но тоа не ви се случува на вас, тоа е некој друг. Секогаш е нешто друго криво, смогот, загадувањата, пестицидитите, но никако тутунот. Тутунот е традиционален, од бога даден, безбеден.
Точно е дека за заболување има повеќе фактори, ама колку ли се залажувате дека тутунот не е еден од најголемите фактори. Посебно кога се почнува на детски години.

Тоа што ти (дали заради тврдоглавост, дали заради неукост), нема да ги едуцираш сопствените деца за штетноста на цигарите и да им ги забраниш, тоа е еднакво како да си им дозволил да пушат.
Можеш и да им купуваш цигари, кога веќе тврдо стоиш на тој став.

Ви кажуваат како стојат работите во нормални држави, но за вас тоа е „западњачка реклама„ и лага. Виндфакер ви пишува како е во Холандија, но и тоа не ве интересира, далеко је Холандија, некои си западњаци кои сакаат да ве заебат нешто. Лејди ви објаснува зошто во Скопје нема услови да се користи велосипед, но ни тоа никој го гледа како проблем. Сите со колите, и тоа по еден во кола, и после некој друг е крив за гужвите и загадувањата.
Најлицемерно е што вам загадувањето ви е важно само во контекст да го оправдате пушењето. Повеќето од вас ни во муабет не го спомнуваа загадувањето додека не забранија тутун по јавни места.

ЈБГ, затоа е ова вукојебина од држава, затоа што таков е менталитетот тука, затуцан и ступиден до бескрај. Затоа и властите ни се такви, пошто ние ги бираме. Каков народ таква држава. Затоа и ништо нема да се смени, без разлика која партија да дојде на власт. Изгледа затоа и го заслужуваме ова што ни се случува.
Додека менталитетот не се смени, ништо нема да се смени во оваа наша прекрасна... дупка.
 
:pos: :pos::pos::pos::pos::pos::pos: мајке ми, ти ниси одавде.
сходно на црвеното, другиот дел е уште поголема смешка. кое од конттрадикторности, кое од лицемерие, кое од испран мозок. навистина ...... ако ти реплицирам сериозно знам дека ќе ја отераме кај што не треба, односно од речникот кој го употребуваш ќе почнеме да се пцуеме. така да, нека остане на ова. не сум тука за расправање

сменето е, еве нели сега поздраво се живее? нели сега сите вие на раат да седнете во кафич без да морате да идете директно на хемиско. нели е сменето дека сега пушачите се персона нон грата? ете сега ќе се менува и историјата (ракија да не смее да се прави по дома), утре и воспитувањето на децата, задуре кој знае што ќе им текне на нашите ни мили западњаци. а вие ко ко секое послушно детенце ќе слушате, ќе се поклонувате и ќе викате ДА ШЕФЕ.
целиот ноќен живот се одвива пред вратите на кафичите. пошто и непушачите сега мрзнат за да бидат со пушачите.
да сте ми живи и здрави вие непушачите, али изгледа поголема толеранција имаме ние пушачите спрема вас, него вие према нас, а сепак со горниот пример вие најмногу патите
 
:pos: :pos::pos::pos::pos::pos::pos: мајке ми, ти ниси одавде.
сходно на црвеното, другиот дел е уште поголема смешка. кое од конттрадикторности, кое од лицемерие, кое од испран мозок. навистина ...... ако ти реплицирам сериозно знам дека ќе ја отераме кај што не треба, односно од речникот кој го употребуваш ќе почнеме да се пцуеме. така да, нека остане на ова. не сум тука за расправање

Не се расправам воопшто, ниту тебе те навредив нешто лично.
Тоа им го кажувам во лице на сите мои пријатели пушачи и голем дел од нив се согласуваат со тоа.
Каков речник употребив? Слободно пријави го постот во администрацијата ако мислиш дека е навредлив.
 
не, далекуод тоа дека е навредлив, али некако тонот (замислено нели) ми делува ко да ак опродолжам да дебатирам дека ќе почнеш да употребуваш погрдни зборови, а сходно на тоа и јас ќе возвратам и отиде дискусијата у три лепе.
али кога веќе викаш дека ќе бидеш умен;) еве прашање, дали навистина мислиш дека еден пушач треба да биде срам за фамилијата и пријателите само заради тоа што пуши?
 
Ма ни најмалку немам намера да те вадам од контекст.

Напротив, сакам да те ставам во контекст. Но ти никако јасно и гласно да кажеш дали ќе им ЗАБРАНИШ, или ќе им ДОЗВОЛИШ на твоите деца да пушат цигари.
Така да, ти си тој што не си фер. Само вртиш окулу грмушката, но ништо конкретно не кажуваш.

Јас сум пушач, девојка ми не е. Сама кажува дека НЕМА ДА МИ ЗАБРАНИ, НИТУ ДА ПРОБА ДА МЕ ОДВИКНЕ од пушење. Точка. Ако сум глупав да се трујам, мој проблем. Јас ќе имам 300 болести, јас ќе трпам. Кога ќе имам деца, ќе им ги кажам сите последици од пушење цигари....Ако сакаат нека пушат (ДА ќе им купувам), ако не не мораат. Со сила нема да ги терам на едно или друго. И пак избегнувате сите вие "поддржувачи" на тој закон едно прашање: Зошто пушачите не смеат да имаат свое место за пушење? Свој кафич, дискотека, театар, кино....што и да е наменето СТРОГО ЗА ПУШАЧИ? Или само за нешто да се инаети и јаде бурек без врска е работава? :mad:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom