Ама си се запалил...
Прво да те праша тета, од ШТО конкретно во мојот пост заклучи дека припаѓам на најлошиот вид мразачи на пушачите? Според мене, некој со закоравен став би рекол, на пример, дека не само што треба да биде казниво пушењето на јавни места на лице место, нали, него, исто така, на лице место треба да ви се гаси цигарата од чело и ко бонус да добивате клоца у газ за среќен пат до дома...немаше, на пример, да мислам дека, собирањето пред врата, на цигарче, е понижувачко и деградирачко и дека на суптилен начин ги стигматизира пушачите (што не смее да се дозволи)...
Второ, болдираното, уште еднаш покажува, зошто овој закон треба да биде ригорозен. Упорно ова го вртиш, а не ти иде баш у корист, шо да ти правам...
Ќе се зачудиш можеби, но ДА, јас помислувам на све ова што си го набројал-така: радо би одела со автобус на работа ако постоеше таков до местото каде што работам, исто така радо би користела велосипед ако имаше соодветни патеки и ако беше решен проблемот со глутниците кучиња што секојдневно ги среќавам на пат до работа/дома (па така има поише шанси "нешто" да те изеде по пат отколку читав да стигнеш)...радо би ја делела сопствената кола со уште тројца, ако имаше такви (на ова додај дека ретко ќе најдеш некој што радо ќе дели трошоци за гориво-логиката, најчесто е-"па и така идеш у тој правец"). Исто така, ако имав поголема плата, на пример, имаше да си купам убава нова кола, со триста заштити, филтри и све. Бај Д Веј, радо пешачам, секогаш кога имам можност да стигнам негде пеш, тоа и го правам. Не ми веруваш? Баш ми е гајле.
У врска со глупостине што си ги натрупал со смрдливата облека, здив и хигиенски навики, и колку тие тебе ти го реметат стилот на живот и работниот час, па, не знам шо да ти кажам осим дека не иде баш на твоја сметка како позитивна карактерна особина. Не помислуваш дека некои луѓе можеби (не по свој избор) патат од болест која придонесува за лошиот телесен мирис или здив? Тие, за разлика од тебе како пушач, немаат избор. Инаку, сигурно не би избрале да смрдат.
Сепак, ко ќе подразмислам, да- НЕКОИ ЛУЃЕ СМРДАТ АМА НЕ СЕ ОСЕЌААТ САМИТЕ...
и упорно не се осеќаат, иако има црно на "жолто", нали, ако доказ...
Во твојот четврти "момент", ја мислам, сепак, дека ТИ си тој што овде се заебава. Можда пак, до тука фаќаш, шо те знам...