Прв момент е тоа што си поранешен пушач. Тие се полоши и од најзакоравените непушачи така да....
Втор момент е што законот како таков постои веке неколку години , ако сметаш дека нешто ново ке се случи дека и џандарите ке можат да казнуваат тогаш само може да се заклучи дека си наивна како француска собарка. Ке објават на вести нешто како од типот еве бла бла бла, некој ке наеби и толку. После се по старо како и досега.
Трет момент е твојот заклучок за себичноста на пушачите и изговорите. Не сум се загрижил дали во мојата околина има непушач од многу проста причина што немало потреба. Нити тогаш нити сега. Нема што да чувствувам одговорност за нешто што во најмала рака е преувеличено и нема никаква врска со здравјето, па уште и да сум свесен дека им штети. Кој рече ? Осигурителните компании, фондот за здравство, СЗО? повеќе би рекол дека се работи за парите ама за тоа во друга прилика. Искрено повеќе би чувствувал одговорност и бил себичен секој пат кога ке ја запалам колата. Ти чувствуваш одговорност секојпат кога возиш и дали ти паднало напамет дека има и невозачи. Дали ти паднало напамет дека со твоето возење некој го труеш. Дали си побарала и најмал изговор за да си ја олесниш душата секој пат кога ке го свртиш клучот од бравата? Претпоставувам не.
Дали тоа тебе те прави себична? А свесна си за загадувањето од автомобилите ? Најверојатно да, ама претпоставувам не ти менува многу. Исто не ти менува многу кога користиш детергент и го испушташ во канализацијата. Дека тој потоа ке оди во некоја река и дека некое дете можеби ке се капи во неа сон не ти дава претпоставувам?
А дали на некој им смрделе алиштата кога ке се врател од незнам каде? А ако е спотнат и смрди како твор тоа не се важи? Ако се испуфа сред гужва тоа како да го класифицираме. Ако има расипан заб и ти диши во врат. Нив ги гризи совеста како јас се чувсвувам во нивна близина. Е толку мене ме гризи совеста дали на некој ке му смрделе алиштата од моите цигари. А и секако ке ги испери , сигурно нема да оди цела недела смрден и спотнат. Ако е така мислам дека ние сме позагрозени од неговите хигиенски навики отколку тој од моите. Така имаме реална шанса да фатиме некоја болест.
И четвртиот момент е бисер самиот посебе. Искрено незнам дали се заебаваш или си сериозна. Природно загаден воздух.
Каков е тоа воздух? Има и вештачки загаден?
Ако е од вулкан е природно, ако е од оџак од фабрика е вештачки. И што е најбитно што тоа тебе ти прави разлика за твоето здравје. Од природниот загаден воздух неможеш да се разболиш? Дај малце појасни ова околу воздухот, сигурен сум дека и другите ке ги интересира.
Ама си се запалил...
Прво да те праша тета, од ШТО конкретно во мојот пост заклучи дека припаѓам на најлошиот вид мразачи на пушачите? Според мене, некој со закоравен став би рекол, на пример, дека не само што треба да биде казниво пушењето на јавни места на лице место, нали, него, исто така, на лице место треба да ви се гаси цигарата од чело и ко бонус да добивате клоца у газ за среќен пат до дома...немаше, на пример, да мислам дека, собирањето пред врата, на цигарче, е понижувачко и деградирачко и дека на суптилен начин ги стигматизира пушачите (што не смее да се дозволи)...
Второ, болдираното, уште еднаш покажува, зошто овој закон треба да биде ригорозен. Упорно ова го вртиш, а не ти иде баш у корист, шо да ти правам...
Ќе се зачудиш можеби, но ДА, јас помислувам на све ова што си го набројал-така: радо би одела со автобус на работа ако постоеше таков до местото каде што работам, исто така радо би користела велосипед ако имаше соодветни патеки и ако беше решен проблемот со глутниците кучиња што секојдневно ги среќавам на пат до работа/дома (па така има поише шанси "нешто" да те изеде по пат отколку читав да стигнеш)...радо би ја делела сопствената кола со уште тројца, ако имаше такви (на ова додај дека ретко ќе најдеш некој што радо ќе дели трошоци за гориво-логиката, најчесто е-"па и така идеш у тој правец"). Исто така, ако имав поголема плата, на пример, имаше да си купам убава нова кола, со триста заштити, филтри и све. Бај Д Веј, радо пешачам, секогаш кога имам можност да стигнам негде пеш, тоа и го правам. Не ми веруваш? Баш ми е гајле.
У врска со глупостине што си ги натрупал со смрдливата облека, здив и хигиенски навики, и колку тие тебе ти го реметат стилот на живот и работниот час, па, не знам шо да ти кажам осим дека не иде баш на твоја сметка како позитивна карактерна особина. Не помислуваш дека некои луѓе можеби (не по свој избор) патат од болест која придонесува за лошиот телесен мирис или здив? Тие, за разлика од тебе како пушач, немаат избор. Инаку, сигурно не би избрале да смрдат.
Сепак, ко ќе подразмислам, да- НЕКОИ ЛУЃЕ СМРДАТ АМА НЕ СЕ ОСЕЌААТ САМИТЕ...
и упорно не се осеќаат, иако има црно на "жолто", нали, ако доказ...
Во твојот четврти "момент", ја мислам, сепак, дека ТИ си тој што овде се заебава. Можда пак, до тука фаќаш, шо те знам...
