Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Vlade druzhe beter od LGBT zaednicata ste :D samo placete.

Se znae kako se menuva zakon. Sobirajte potpisi i dostavete gi na pravo mesto.

Сега засега немам некоја мака пошто и така не се почитува скоро никаде, така да ..... Само друго беше муабетот.
--- надополнето: 28 октомври 2013 во 15:51 ---
Башка и како такви паралелите ти се нелогични: никој не ти го дува ауспухот внатре во јавен објект, никој не ти го поврзува оџакот да дими навнатре во јавен објект... сходно на тоа нелогично е и ти да дуваш тутунски чад ВНАТРЕ во јавен објект.
П.С. (офтопик) Во улога на фреон може да се употребуваат и гасови кои не го уништуваат озонот и тоа што ќе се употребува не е моја одлука туку одлука на индустријата (плус заштедата во енергија е заштеда во избегнување на додатно загадување).
П.П.С. (дупли офтопик) Точак имам и просечна годишна километража не правам ни 4 илјади километри.

П.П.П.С (он) Прилично глупаво е споредување на сето ова со пасивно пушење...

Сега ти освем ако не седиш затврен цел ден дома никој нема ни потреба нити да ти го пушти ауспухот дома нити оџакот. И се надевам луфтираш одвреме на време. Така да ако се однесуваш како секој просечен човек труењето од пасивно пушење можам да речам ти е најмал проблем. Баш гледам скоро секој ден на вести а посебно во зима дека го тупат како Скопје е најзагаден град со незнам колку над нормалата. Згора на тоа и тие јавни објекти имаат и прозори и врати и климатизација од некој вид така да освем ако не седиш таму или се движиш по улица со гасмаска тогаш спрема тоа што го вдишуваш би ти препорачал да запалиш една цигара да си ги одмориш градите. Да не навлегувам за тоа што го јадиш. Така да сума сумарум сум пушел јас во твоја близина или не ти си затруен со многу многу поотровни супстанци што чадот од цигара е веќе и глупо да се спомене. Тоа ти иди како тебе коњот ти го украдоја ти за самарот се степа.
А за фреонот од кај си толку сигурен. Да не имаш проверено.
Информациите ги добиваш од исто место каде што се вели дека цигарите се штетни. Зависи кој платил повеќе.
А ако мислиш дека е толку здрав навртиго цревото од климата и вдиши длабоко. И немој да мислиш дека немаш вдишено. Порано или покасно климата ке истуши, фрижидерот ке се испразни, климите од колите редовно ги полнат. Незнам види размисли што ти е тебе поштетно без разлика дали ти си одбрал тоа да го користиш или индустријата така налага.
 
Ох неее, немој сега со вакви ниски удари.

Па тоа со стареењето на кожата не е кул, и никако не поклапа со целата филозофија „живеј брзо и умри убав„!
А пушењето нели е кул и шизичко? Како Марлборо каубојот, Џејмс Дин, или така некако...

I-miss-my-lung.jpg
 
Значи колку се неблагодарни ова маживе...
Јас пушам само за да надокнадам за тоа што мажите во просек имаат пократок животен век, пушам за да го изедначам мојот животен век со нивниот, да не умираат помлади ...Со други зборови си го жртвувам здравјето за рамноправност, а они ни едно "фала" да кажат!
 
СИТЕ ИНСПЕКТОРИ И ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ КАЗНУВААТ ЗА ПУШЕЊЕ НА ЗАБРАНЕТО МЕСТО

pusenje1.jpg
Со измените на Законот за заштита од пушењето се предвидува инспектори на речиси сите државни служби како и полицајци да можат да казнуваат луѓе доколку пушат на места на кои е тоа забрането. Според опозицијата, станува збор за законски измени чија цел не е намалување на бројот на лица кои го имаат овој порок, туку полнење на испразнеетиот буџет. Министерот за здравство тоа го негираше, рече дека отсега луѓето повеќе ќе внимаваат да не бидат казнети.

Според опозицијата некоректно е заради полнење на буџетот да се ангажираат сите униформирани лица во земјата, да трагаат по луѓе кои пушат на недозволено место. Според Бендевска, законот и досега не се спроведува на целата територија на земјата.

-Ајде да ве видам да казнувате од другата страна на Вардар во Скопје. Тогаш ќе ви честитам, рече Весна Бендевска.

Дел од пратениците забележаа дека истражувањата покажаа дека загадениот воздух е поголем ризик за здравјето и оценија дека законот е премногу строг и дека е потребно да се дозволи пушење во некои угостителски објекти. Кафеаната е место на порокот, тоа е и чашката ракија, а не само цигарата, рече Митре Вељановски.

Многу се нервирам кога во кафеана разговарајќи со пријатели и пиејќи кафе не можам да запалам цигара, рече Драгиша Милетиќ посочувајќи дека тутунот не е секогаш фактор број еден за смртноста.

-Најмногу мозочни и срцеви удари се резултат на неревоза. Кого тогаш да казниме? Владата, докторите? – рече Милетиќ

Според Оливер Спасовски, пратениците не треба да се прават многу хумани кога во прашање е овој закон, зашто, како што рече, се пуши и во собраниската зграда. Во таков случај, нагласи тој, ова што го говориме овде е обична демагогија.
--- надополнето: 12 ноември 2013 во 19:58 ---
или нека пишат дебар тетово гостивар струга
 
што сакаше писателот да каже со офтопикот?
немам проблем јас со пушачите никаков
Имаш проблем со концептот кој вели дека никој нема право друг да труе со тутунски чад, на јавно место.
Значи имаш проблем со законот. Значи, следствено, сосема сме он топик... кога ќе кажеме дека никот НЕ ти погоден за пишување примедби против законот.

Поточно: НЕ ТИ СЕ МОЖЕ... :)

Инаку прилично сум добар во paint, ако сакаш да ти нацртам нема никаков проблем! ;)
 
те молам нацртај ми пошто стварно не те разбирам
 
Сега засега немам некоја мака пошто и така не се почитува скоро никаде, така да ..... Само друго беше муабетот.
--- надополнето: 28 октомври 2013 во 15:51 ---

Сега ти освем ако не седиш затврен цел ден дома никој нема ни потреба нити да ти го пушти ауспухот дома нити оџакот. И се надевам луфтираш одвреме на време. Така да ако се однесуваш како секој просечен човек труењето од пасивно пушење можам да речам ти е најмал проблем. Баш гледам скоро секој ден на вести а посебно во зима дека го тупат како Скопје е најзагаден град со незнам колку над нормалата. Згора на тоа и тие јавни објекти имаат и прозори и врати и климатизација од некој вид така да освем ако не седиш таму или се движиш по улица со гасмаска тогаш спрема тоа што го вдишуваш би ти препорачал да запалиш една цигара да си ги одмориш градите. Да не навлегувам за тоа што го јадиш. Така да сума сумарум сум пушел јас во твоја близина или не ти си затруен со многу многу поотровни супстанци што чадот од цигара е веќе и глупо да се спомене. Тоа ти иди како тебе коњот ти го украдоја ти за самарот се степа.
А за фреонот од кај си толку сигурен. Да не имаш проверено.
Информациите ги добиваш од исто место каде што се вели дека цигарите се штетни. Зависи кој платил повеќе.
А ако мислиш дека е толку здрав навртиго цревото од климата и вдиши длабоко. И немој да мислиш дека немаш вдишено. Порано или покасно климата ке истуши, фрижидерот ке се испразни, климите од колите редовно ги полнат. Незнам види размисли што ти е тебе поштетно без разлика дали ти си одбрал тоа да го користиш или индустријата така налага.

Е, Владе, еве зошто е добар законот за забрана за пушење на јавни места :coffee:

Значи, дозволено ти е да си тегниш димчиња кај што сакаш, осим у близина на непушачи...:pos:

Мислам дека овој закон е еден од најдобрите до сега.
 
Секој има право на свое мислење па макар било и грешно тоа е сепак твое мислење. Ето видиш јас не мислам така, а од друга страна моето мислење си го ценам повеќе од твоето па сега ти види :)
 
Секој има право на свое мислење па макар било и грешно тоа е сепак твое мислење. Ето видиш јас не мислам така, а од друга страна моето мислење си го ценам повеќе од твоето па сега ти види :)

Малку е важно тоа...

Оноа што е важно е дека нема повеќе палење цигарче кај на кого му дојде.

Не се работи за тоа како ти го прифаќаш моето мислење (и дали го цениш), битно е дека со забраната му се става узда на себичното однесување на пушачите. И ова го зборам од искуство. Ко бивши пушач, можам да ти кажам дека ме болеше уво дали ќе "зачадам" пред било кого, дете-мете ништо не беше важно, важен беше моментот со цигарата. Одрекувал или не, сите пушачи функционитаат исто, мислат само на себе и, иако се свесни за штетата од пушењето, наоѓаат безброј изговори и оправдувања за следната дружба со цигарчето (као во твојот, претходно наведен пример).
Јас на пример, бев свесна дека на непушачите им смета мојата цигара, ама си наоѓав оправдување во тоа дека имам право да запалам каде и кога сакам-и така си беше.
Е сеа, пошо не знаеш како работите ќе се свртат, па сопствените (не)дела ќе си ги осетиш на своја кожа, откако престанав со цигарите, почнав да го осечам димот од колегите пушачи-канцеларија осум саати задимена, а ја на крајот од денот со гадни главоболки дома. То ти е. Денес, благодарение на овој закон, немаме зачадени канцеларии. Имаме добар природно загаден (неколкупати над дозволеното) воздух и тоа во изобилство...:)

Инаку, не ми се допаѓа ниту тоа што, низ град, пред банки, големи фирми, со кафенце во рака, стуткани во мали групици киснат пушачите. Лоша глетка е тоа. Треба да се инсистира на тоа да се обезбеди соодветна просторија и за оние што уживаат во цигарата-бидејќи во спротивно, штитејќи права на една група, се погазуваат правата на друга група и се загрозува правото на слободен избор.
 
Прв момент е тоа што си поранешен пушач. Тие се полоши и од најзакоравените непушачи така да....
Втор момент е што законот како таков постои веке неколку години , ако сметаш дека нешто ново ке се случи дека и џандарите ке можат да казнуваат тогаш само може да се заклучи дека си наивна како француска собарка. Ке објават на вести нешто како од типот еве бла бла бла, некој ке наеби и толку. После се по старо како и досега.
Трет момент е твојот заклучок за себичноста на пушачите и изговорите. Не сум се загрижил дали во мојата околина има непушач од многу проста причина што немало потреба. Нити тогаш нити сега. Нема што да чувствувам одговорност за нешто што во најмала рака е преувеличено и нема никаква врска со здравјето, па уште и да сум свесен дека им штети. Кој рече ? Осигурителните компании, фондот за здравство, СЗО? повеќе би рекол дека се работи за парите ама за тоа во друга прилика. Искрено повеќе би чувствувал одговорност и бил себичен секој пат кога ке ја запалам колата. Ти чувствуваш одговорност секојпат кога возиш и дали ти паднало напамет дека има и невозачи. Дали ти паднало напамет дека со твоето возење некој го труеш. Дали си побарала и најмал изговор за да си ја олесниш душата секој пат кога ке го свртиш клучот од бравата? Претпоставувам не.
Дали тоа тебе те прави себична? А свесна си за загадувањето од автомобилите ? Најверојатно да, ама претпоставувам не ти менува многу. Исто не ти менува многу кога користиш детергент и го испушташ во канализацијата. Дека тој потоа ке оди во некоја река и дека некое дете можеби ке се капи во неа сон не ти дава претпоставувам?
А дали на некој им смрделе алиштата кога ке се врател од незнам каде? А ако е спотнат и смрди како твор тоа не се важи? Ако се испуфа сред гужва тоа како да го класифицираме. Ако има расипан заб и ти диши во врат. Нив ги гризи совеста како јас се чувсвувам во нивна близина. Е толку мене ме гризи совеста дали на некој ке му смрделе алиштата од моите цигари. А и секако ке ги испери , сигурно нема да оди цела недела смрден и спотнат. Ако е така мислам дека ние сме позагрозени од неговите хигиенски навики отколку тој од моите. Така имаме реална шанса да фатиме некоја болест.
И четвртиот момент е бисер самиот посебе. Искрено незнам дали се заебаваш или си сериозна. Природно загаден воздух.
Каков е тоа воздух? Има и вештачки загаден?
Ако е од вулкан е природно, ако е од оџак од фабрика е вештачки. И што е најбитно што тоа тебе ти прави разлика за твоето здравје. Од природниот загаден воздух неможеш да се разболиш? Дај малце појасни ова околу воздухот, сигурен сум дека и другите ке ги интересира.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom