МожеДали уште може преку тутунска на тој стариот начин шо беше ? Искрено ме интересира ради тоа шо нејќам да чекам до 2015 да знам дали онаа вест од погоре е вистинита....
Дали уште може преку тутунска на тој стариот начин шо беше ? Искрено ме интересира ради тоа шо нејќам да чекам до 2015 да знам дали онаа вест од погоре е вистинита....
За некои работи за некои не, никој неможе да ти каже со 100% сигурност. Мене лани ми успеа да верифицирам и Visa Internet картичка од Стопанска Банка. Се зависи до системот на PayPal, картичките немаат никаква врска.
Здраво. Регистрирав paypal пред еден месец преку Словенија, но со мои податоци од адреса во Македонија. Акаунтот уште тогаш ми беше верификуван. Денес прв пат купив преку ebay а таму како адреса ми стоеше мојата со улица бр. држава, ама имаше запирка , и пишуваше NOТPROVIDED со големи букви.
На PayPal во акаунт опции ми стои вака за адреса ( и СЛО и МК ):
................. името мое
................. Градот, Makedonija
.......... ......поштенски код
Slovenia
Дали е можно да имам проблеми при порачки од ebay или проблеми со PayPal.
Благодарам
Фала. На ebay ми е внесена македонската адреса, внесов воPrimary shipping address во state и Македонија. Автоматски ми се поврзале пред тоа пејпел и ибеј.На eBay која адреса ти е внесена? Внеси си ја таму Македонската адреса и поврзи си ги PayPal и eBay акаунтите и кога ќе купуваш ќе можеш да си одбереш да ти се испрати пратката на вистинската адреса во Македонија. Кај мене е така, би требало и кај тебе да биде. Тоа NONPROVIDED мислам дека стои така бидејќи немаш внесено Region/State или како беше, не е ништо страшно.
Одговор:From: iksimkd [mailto:iksimkd@gmail.com]
Sent: Tuesday, November 12, 2013 12:21 AM
To: info
Subject: Прашање околу PayPal
Пред се поздрав до Народна Банка на Република Македонија!
Ве контактирам преку емајл бидејќи контакт телефоните што ги имате поставено на вашата веб страна не се баш многу корисни, операторите незнаеја да дадат одговор на моето прашање.
А моето прашање е следното, дали и какви мерки воопшто презема НБРМ за воведување на електронскиот платежен систем PayPal во Македонија? Со години назад владата само ветува дека овој сервис ќе ни биде достапен на нас, граѓаните на РМ, но секоја година тоа ветување останува неисполнето, а граѓаните, посебно младите граѓани како мене се изреволтирани од ваквите лажни ветувања и префрлање на вината кон PayPal.
PayPal е сериозна светска корпорација која успешно работи во повеќе од 100 земји во светот а на граѓаните на тие земји им нуди екстремно поволни услови и начини за плаќање на интернет. Она што најмногу ме иритира мене, а верувам дека и на сите млади ентузијасти во Македонија е фактот што годинава нашите соседи Србија и Албанија беа додадени во земјите за работење а Македонија сеуште и после неколку години не презема ништо на ова поле. Срамота е да се лаже дека секоја наредна година PayPal ќе дојде во Македонија, а кога тоа не се случува вината им се префрла на нив. Исто така срамно е што Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ, се стреми кон Европа и Западниот свет и сака да ги има придобивките од тие сојузи а на своите граѓани им скратува многу од модерните основните права и потреби на своите граѓани.
Од она што успеав да го разберам од електронските медиуми во земјава, но и од многу луѓе кои со нестрпление очекуваат ова да се случи, главен виновник за недоаѓањето на PayPal во Македонија е токму НБРМ. Причините точно не ги знам, најверојатно ги знаете самите вие, но се зборува дека тоа е така затоа што НБРМ не сака Македонските граѓани да работат со други валути освен со Македонскиот денар но и дека со закон е забрането Македонски државјани да имаат сметки во странски банки, освен во оправдани случаеви.
Затоа ве замолувам во мое име, но и во име на целата Македонска јавност и младина да ве замолам ако можете да ми објаснете зошто се случуваат овие работи, кој е надлежен орган што треба да дозволи и овозможи PayPal да може да влезе и да работи во Македонија, и што може и дали НБРМ презема нешто за ова да се оствари?
Со почит,
Илија
Значи НБРМ си ја завршила својата работа, сега Владата треба да ги доврши последните припреми, но од тоа ништо...Очигледно не им договара.Почитуван,
Во продолжение е одговор од стручните служби во Народната банка на Република Македонија:
Во насока на овозможување електронска трговија со странство преку електронски платежни процесори, од страна на Народната банка на Република Македонија се преземени активностите кои се во нејзина надлежност. Во 2012 година, Советот на Народната банка на Република Македонија донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите кои не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство (Службен весник на РМ бр. 46/2012). Со измените се овозможува резидентите, правни и физички лица, да можат слободно да отвораат и да имаат кориснички сметки кај странски електронски сервиси за платежни трансакции заради комерцијални цели, односно за купување/продавање стоки и услуги по електронски пат. Вкупната висина на средствата што може да се трансферира на корисничките сметки во странските електронски сервиси за платежни трансакции е до 2.500,00 евра месечно, по лице.
Во Одлуката е предвидено дека Народната банка ќе ги извести овластените банки за глобалните електронски сервиси за платежни трансакции каде што резидентите, правни и физички лица, ќе можат да отвораат кориснички сметки. За да може Народната банка да постапи по оваа одредба потребно е Министерството за информатичко општество и администрација да ги извести глобалните електронски сервиси за платежни трансакции за извршените промени во домашното законодавство и за давањето можност резидентите да ги користат услугите на овие системи за електронска трговија со странство. Министерството треба да достави копија од известувањата и до Народната банка. До денес не е добиено вакво известување, како и известување дека е склучен договор со некој од електронските сервиси (пр: Paypal).
Со оглед на тоа, Ве упатуваме да побарате информации од Министерството за информатичко општество и администрација.
Со почит,
уредник
Ќе има ПејПал кога на Грујо ќе му одговара да има ПејПал.Значи НБРМ си ја завршила својата работа, сега Владата треба да ги доврши последните припреми, но од тоа ништо...Очигледно не им договара.
Ќе се чува ова до пред некои избори , за добивање на политички поениЕве официјално зошто PayPal не работи во Македонија. Пред 3 дена им пишав мејл на НБРМ и денеска ми одговорија.
Прашањето до нив:
Одговор:
Значи НБРМ си ја завршила својата работа, сега Владата треба да ги доврши последните припреми, но од тоа ништо...Очигледно не им договара.
Ќе има ПејПал кога на Грујо ќе му одговара да има ПејПал.
Ќе се чува ова до пред некои избори , за добивање на политички поени
Голема благодарност до членот за ова што го сподели. Не знам дали сфаќате колку историска важност има овој mail што го добил, а никој не кликнал ми се допаѓа. Ова директно треба да заврши на ударни вести, а не само на форум. Paypal не сакал, немал услови дрн дрн. Пари си прават луѓето зошто не би сакале да се прошират колку и да е мал пазарот. Ама на некого не му одговара, нема да му испадне есапот. Во населеното место ќе се отвори супермаркет, а на локалното дуќанче ке му пропадне бизнисот.Еве официјално зошто PayPal не работи во Македонија. Пред 3 дена им пишав мејл на НБРМ и денеска ми одговорија
Голема благодарност до членот за ова што го сподели. Не знам дали сфаќате колку историска важност има овој mail што го добил, а никој не кликнал ми се допаѓа. Ова директно треба да заврши на ударни вести, а не само на форум. Paypal не сакал, немал услови дрн дрн. Пари си прават луѓето зошто не би сакале да се прошират колку и да е мал пазарот. Ама на некого не му одговара, нема да му испадне есапот. Во населеното место ќе се отвори супермаркет, а на локалното дуќанче ке му пропадне бизнисот.