Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 27.653
- Поени од реакции
- 37.015
Второто подвлекување е тотално НЕТОЧНО, а ќе го објаснам преку одговор на првиот подвлечен дел од цитатот на твоето мислење.Како ќе го унапредиш степенот на користење на горива за топлина? Горивото има извесна енергија/единица маса и при согорување секогаш ќе ја добиеш истата енергија. Не само тоа, туку и ќе го добиеш секогаш истото загадување поради униформноста на состојките и примесите.
Ефикасноста на обичните печки на дрва за домаќинствата е најмногу окулу 50% (само кога работат на „нај-јако„). Но затоа што најчесто се користат т.н. „трајножаречки„ печки кои работат на принцип на лимитирање на дотокот на кислород заради поспоро горење (за поретко ложење на дрва), кај нив ефикасноста на согорувањето е реално меѓу 20 и 30 проценти.
Ако ова горе ти е нејасно, едноставно кажано најголем број од печките на дрва, горивото го согоруваат со помалку од 30% ефикасност. Другите 70% излегуваат низ оџакот во вид на чад, саѓи, и секакви страња за кои доволно е да знаеш дека се тешки загадувачи на воздухот.
Не само тоа, туку најтажно е тоа што надвор преку оџакот бега барем пола и од тој мал процент од енергијата што е конвертиран во топлина (заради неефикасното согорување). Да, само некаде 15% од енергијата што ја има во дрвата го наоѓа патот во објектот што се загрева.
Важно е да го разбереш следново: КОЛКУ ПОЕФИКАСНО Е СОГОРУВАЊЕТО, ТОЛКУ ПОМАЛКУ СЕ ЗАГАДУВА ВОЗДУХОТ/ОКОЛИНАТА.
Има повеќе начини на унапредување на степенот на искористување на енергијата во дрвата (или фосилните горива).
- Прво е важно согорувањето да е поефикасно. Тоа наједноставно се прави преку дигање на температурата на согорување на што повисоко ниво. колку повиска температура на согорување, толку тоа согорување е поефикасно.
Важно е и да има и секундарно согорување, што најчесто се прави преку секундарен довод на воздух. Со секундарно согорување се согорува чадот, саѓите, различни масла кои се ослободуваат од примарното согорување.
Такво ефикасно согорување може да достигне и над 90% ефикасност. Тогаш на излезот од оџакот, надвор излегува топол воздух и водена пара (во дрвата секогаш има одреден процент на вода), а најголем дел од несогорените материи се таложат во пепел.
- Второ, важно е добиената топлина да се искористи во што поголем обем. Тоа се прави преку термална акумулација на топлината (која потоа пасивно се ослободува во внатрешниот простор).
Ова горе е се теорија, па затоа еве и практично пример за искористување на таа теорија:
http://www.richsoil.com/rocket-stove-mass-heater.jsp
Само немој (како девојка ми) да се фаќаш за естетскиот момент, тука зборуваме само за ефикасност. Или за презентерот на видеото доле да кажеш дека е хипик, типот не ти продава ништо, туку објаснува принцип на работа (и зборува за заштеда на дрва).



