g din strumiks dali znaete ako pobarate uverenie od osnoven sud skopje 1 skopje deka ne ste osuduvani a vi se vodi na primer postapka dali na uverenieto sudot go zapishuva vi blagodaram
Мислам дека судот во уверението ќе запиши дека против лицето - барател е покренат обвинителен акт, односно дека се води постапка против него. Најдобро да се праша во судот!
Еве образец од Молбата:
http://osskopje1.mk/docs/formulari/Molba za uverenie.pdf
--- надополнето: 10 ноември 2013 во 17:55 ---
Zdravo,
Pred 1 godina eden covek mi pobara odredena suma pari za zaposluvanje, mu dadov pari. Do denesen den ne se ima sluceno dogovorenoto zaposluvanje, odnosno cela godina se se sveduva na muabetite "ke bide". Se poveke se zgolemuvaat somnezite deka stanuva zbor za izmama. So ogled na toa deka parite se dadeni vo "4 oci" dali ke ima efekt ako go prijavam vo policija i sto bi me sovetuvale da pravam ponataka. Pozdrav.
Твојот случај е ист како оној со „Генарал Мими“. Класична измама, (без навреда) не знам само како си можел да „наседнеш“ на трикот со „вработување“! Ништо друго не ти преостанува, освен да го пријавиш во МВР, нели?! Меѓутоа, најпрво консултирај се со АДВОКАТ за подетално да му го објасниш твојот случај, па потоа тој ќе те советува што да преземеш/преземете понатаму!
--- надополнето: 10 ноември 2013 во 18:18 ---
И мене ме интересира ова,ист случај и кај мене,т.е кај татко ми,му дојде сметка од 1600 денари (стално иде околу 600) за тие смрдени наградни игри.
Во рок од 15 дена од денот на приемот на сметката, можеш да поднесеш Приговор до операторот (кој може бесплатно да се добие во секој овластен продажен салон на ВИП или секој друг оператор).
Понатаму, ВИП (односно секој оператор) е должен во рок од 15 дена од денот на приемот, да одлучи по поднесениот приговор и за тоа писмено да го извести претплатникот.
Потоа, ако не си задоволен со донесената одлука, имаш право во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката да поднесеш приговор до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Ако операторот воопшто не одлучил по приговорот во рок од 15 дена, тогаш рокот за приговор до АЕК изнесува 35 дена!
Формулар за приговор до АЕК:
http://www.aec.mk/index.php?option=com_docman&task=doc_download&gid=723&Itemid=&lang=mk
--- надополнето: 10 ноември 2013 во 18:34 ---
zdravo imav soobrajka pred godina i devet eseci zasto ulicata bese lizgava so mraz i steta na kolata dali moze da tuzam nekoj za toa
Чистењето на снегот и мразот во зимски услови на јавните површини го врши ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ (основано од општината, општините во градот Скопје и градот Скопје), односно друго правно лице за вршење на тие работи! Значи, ако некого тужиш, тоа треба да биде јавното претпријатие, односно другото правно лице што ги врши тие работи! Меѓутоа, проблемот е како после толку време (скоро 2 години) ќе докажеш дека сообраќајната незгода се случила токму поради лизгавиот коловоз (лизгавата улица), освен ако тоа тогаш не е констатирано во записникот за увид на местото на незгодата (увид на лице место) од страна на полицијата!?