Читам по малку од темава, али... ме чуди нешто... зошто сите зборите за клими?
Најекономично али и најголема инвестиција е геотермално греење.
Ги знам перформансите и како се тоа работи пошо долго време се расправам со парно, геотермално соларно ау ова она... така да, зошто само за клими паѓа муабетот?
Добро прашање, но одговорот е едноставен.
Причината зошто кај нас луѓето малку се интересираат за геотермални топлински пумпи, е комбинација од следниве фактори:
- преголема почетна инвестиција
- пренизок економски стандард, кој почетната инвестиција ја прави многу поголема за нас одколку за жители на посаглам држави
- минимален (никаков поточно) избор од домашни фирми кои озбилно и професионално се занимаваат со ова
Е сега тоа не мора да не спречи да правиме муабет, макар теоретски. Ако се собереме 10-тина купувачи, можеме да увеземе заеднички опрема од Кина, за многу достапни цени.
На страна и тоа, секогаш останува и изведба во сопствена режија, но тоа бара знаење од фриготехника. Имаше линкови на вакви изведби, поназад во темава.
Ne znam od kade ja iskopa tabelava, i za koja klima se odnesuva.
...
COP segde e certificirano za 100% load na kompresorot, odnosno za najgolema delta T, na zadadena vnatresna i fakticka vnatresna temperatura. Togas kompresorot raboti so 100% load i togas COP e najmal
Не знаеш ни ти, ни јас, ни никој, а богами не знае ни
@valvolineза која клима зборува.
Ама не е ни битно за која клима се работи, важно е дека таму тој нешто видел и сега го врзал во некое крпче, и мисли дека разбрал нешто. Така да џабе се објаснуваме, кога дечкото не сака да слушне. Монолог на форуми е заебана работа (за нервите).
Тоа што во Скандинавија се греат со клими на -25 (често и пониско) нема врска, ним никој не им објаснил деке тоа не е можно...
@valvoline @Sass
Табелите кои ги постиравте се О.К.
Ма какви ОК, нема врска човекот, не знае што зборува. Да ги знае макар основите на принципот на работа на топлинските пумпа не би тресел зелени.
Не грев да не знаеш, ама кога не можеш да разбереш и покрај симплифицирани објаснувања, тогаш се работи за ...ограничување во капацитетот за разбирање (
политички коректно да се изразам, наместо со збор од четири букви (кој почнува со Г)).
Не мора да раскажуваме пак како работат топлинските пумпи, пишано е поназад повеќе пати, а и гугл е секогаш тука (макар и ако е само за писмени луѓе).
За конкретниов муабет важно е следново:
Фреонот од компресорот (во надворешната единица), загреан се движни кон внатрешната единица. Тука поминува низ изменувач (разберете го како грејно тело) низ кој се дува воздух, со тоа преку загреаниот воздух се оддава топлината, а фреонот изладен се враќа надвор во надворешната единица за повторно да се загрее.
Е сега да симплифицираме за @valvoline: внатрешната единица разбери ја како грејач. Тој грее преку оддавање топлина, и секогаш температурата на тој грејач е иста (за иста надворешна температура). СЕКОГАШ.
Значи без разлика на внатрешната температура, тој грејач секогаш ќе има иста температура на греење (на иста надворешна температура). СЕКОГАШ.
Значи СОР факторот е ист, без разлика на внатрешната температура. СЕКОГАШ.
Во делот на функционирањето на климите, принципот на греењето на внатрешната единица (од климите) малтене е ист како и принципот на греењето на обична греалка или панелка со вентилатор. Имаш грејно тело и тоа грејно тело оддава топлина. Едноставно како грав.
@valvoline ако и ова не успеа да го разбереш, тогаш нема помош за тебе.

Да бидам искрен, и не се надевам дека ќе разбереш, како што кажа и Сас уште да ти нацртам на боенка остана. Но важно е да не ги дезинформираш луѓето што доаѓаат на форумов и на темава по знаење и идеја за економично греење.
Само заради тоа уште еднаш објаснив, а ти како сакаш...