Според мене заслужи денеска да победи Реал. Убаво го замислив натпреварот пред почетокот дека мора да биде изигран перфектно без ни мала грешка од страна на Јуве за да се добие и токму тоа се случи. Одлично прво полувреме, една класа подобри од Реал и после тоа една крајно нелогична, глупава грешка каде што Касерес се надеваше да погоди со лева нога еден играч на Јуве, а имаше тројца на Реал. Се знае дека таква грешка Роналдо нема да те праша два пати дали да ја искористи и се знае дека тоа придонесува да падне психолошки тимот што беше нормално проследен со уште еден гол поради брилијантната според експерите формација со 4ка во одбрана. Голот што го постигнавме е чиста среќа, така се погоди после центаршут Варан аматерски да го загуби Љоренте и да постигне овој гол.
Реал не растури во второто полувреме, но на нашиот мистер кој треба фурни леб да јаде уште, да стане квалитетен тренер никако не му текна да промени до 81ва минута, да ја воспостави 3-5-2, каде што страните (баш напротив од тврдењата на експерите овде на кајгана и пошироко) ќе бидат дупло покриени.
Најжално е што заклучоците за неефикасноста на 3-5-2 произлегува од двомечот со Баерн, тим со 3 пати поквалитетен играчки кадар и 10пати подобар пристап кон играта.