Скршена спомен-плочата на Македонецот Андреј Петковиќ во Загреб

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
вторник, 05 ноември 2013, 17:04

Балкан
Македонците од Хрватска за кршењето на спомен-плочата на Петковиќ

Заедницата на Македонци во Република Хрватска смета дека кршењето на спомен-плочата во Риека напишана на хрватски и македонски јазик, посветена на македонскиот поет просветител, лингвист и дипломат Андреј Петковиќ е чин произлезен од нечија глупост, алкохолизираност или целосно непознавање на писменоста, историјата и културата на македонскиот народ и не ги загрозува правата на Македонците во оваа земја.
05112013170422_%D0%97%D0%B0%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%A5%D1%80%D0%B2%D0%B0%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B0.jpg

- Сметаме дека правата на Македонците во Република Хрватска со овој чин не се и нема да бидат загрозени и дека во иднина ќе се води смета вакви немили настани да не се случуваат. Очекуваме дека државните органи на Република Хрватска ќе ги преземат сите потребни мерки за да го откријат сторителот на овој вандалски чин и тој да биде примерно казнет, се вели во денешната реакција од Заедницата на Македонци во Република Хрватска.

Спомен плочата е поставена во април минатата година во спомен на Петковиќ кој бил руски царски конзул во Риека од 1873 до 1892 година. Плочата е на зграда во која се наоѓал рускиот царски конзулат во кој Петковиќ работел 19 години.

Андреј Петкович е роден во Велес, а студирал во Санкт Петерсбург, од каде започнал во службата на Руската државна управа. Во Риека бил испратен како конзул во време на најголемиот развој и значење на овој град во европски размери.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=26728
.
 
Тоа во Македонија неможеме да ги сочуваме па ќе се замараме дали некој искршил споменик во Загреб...

Ако збориме за кршењето на споменици во Западна Македонија 80 % од нашите обележја се уништени... Не сме дојдени до тоа ниво да си ги чуваме нашите вредности...
 
Strength, дај бе олабави малку, пукаш од негативизам. Смени "брзина", посреќен ќе бидеш во животот. Најдругарски ти кажувам.

Некој скришил спомен-плоча на Македонец во Загреб, дали од намера или од примитивизам, а тоа им е битно на Македонците таму, па да информираме и овде.
 
Uste edna akcija za odbrana od zlobnata kirilica kaj hrvatite koja im predizvikuva mnogu butthurt?
 
Сеа у Ријека или у Загреб?
 
Неможам да олабавам брат кога гледам како работите кои нашите предци ги правеле, се мачеле, капки пот паѓале сега полека ги снемува... Неможам да седам мирен кога гледам како идеме надоле како држава...

Убава е темава и веста што сакаш да ја споделиш немам ништо против... Ама кога ќе прошетам низ Скопјево и гледам споменик со двоглав орел во срце ме гаѓа, а нашите ги нема од тие места... Можда си во право до негде незнам како стојат другите дијаспори во другите Земји ама знам дека тешки сили се мешаат и таму, такада ни тие немаат раат за да го бранат нашето достоинство...

Него ќути што има барем некој да споделува вакви работи, да не беше ти доста теми немаше да бидат отворени... Свака ти част за некои работи :) поздрав
 
А како предходница на ова може да се сметаат настаните во Вуковар, воопрочем како и низ цела Хрватска се води битка против КИРИЛИЧНОТО ПИСМО, секако во Вуковар те ќе има двојазични табли, те ќе нема и на крај ГИ ТРГНАА. Типично за земја ЧЛЕНКА НА ЕУ. Мислев дека Хрватска ќе сака да стави крај на едно време кое беше кобно за Балканот, ама наместо тоа гледам уште се свежи раните, зачнато со преголем НАЦИОНАЛИЗАМ. Србите во Хрватска чиј броје многу голем и е најголемо малцинство е во постојан да наречам ајде прогон. Немаат никакви права, секако како и кај Грците исто така и во Хрватска за нив нема ништо друго освен ХРВАТИ. За разлика од Србија во која Хрватите ги уживаат сите права согласно ООН, пример автономната покраина Војводина која е одличен пример за меѓуетнички соживот. Еве што им се случува поради се тоа.
yNIrB1L.png

Ништо чудно што Хрватите биле народ кој ме нервирал од секогаш.
 
Усташи од увек не ми се допаѓаат. Незнам, можеби инстинкт ?
 
Uste edna akcija za odbrana od zlobnata kirilica kaj hrvatite koja im predizvikuva mnogu butthurt?
Не мора да значи. Хрватите не ги мразат Македонците. Иако Македонци се бореле на страната на ЈНА. Имаш пример со Мирослав Стојаноски и Драгољуб Боцинов. Едниот се борел и мачел Хрвати, а другиот акко адмирал одбил да изврши напад на Сплит.
***
Плус и ти пишуваш на латиница... :)
 
A od kaj hrvati razlikuvaat makedonska od srpska kirilica?
 
Абе што зборите глупости, Хрватите од секогаш највеќе не сакале, од Балканскиве земји. Тоа што плоча била скршена не значи ама баш ништо, може пијан бил некој и ја скршил, вие одма се нафрлувате за нешто. И сте ги претставиле Србите ко гревчиња o_O тоа што викате за Хрватите во Србија имаат права е за Војводина само, прашајте Хрвати во Белград на пример како се третирани, одсекогаш постои двострано мрзење и ривалство и тоа со ништо неможе да се укине
 
Несакам да мрчам, ама ќе мора. Со години си на форумов, и тоа модератор, стисни на проклетото гумиче над болд опцијата, откако прво ќе го селектираш целиот текст. Форматирање на текст, очи ни извади.
 
Ако збориме за кршењето на споменици во Западна Македонија 80 % од нашите обележја се уништени... Не сме дојдени до тоа ниво да си ги чуваме нашите вредности...
Има доста шанси споменикот да е скршен од страна на истите кои ги кршат и тука. Имено на Истра 90% од пицерии и слаткарници ги држат Албанци од тука, а може има и од Косово.

Инаку, да, на прв поглед ова е одек од несреќната антикирилична вуковарска кампања.
 
Во Риека е искршена спомен-плочата напишана на хрватски и на македонски јазик, која е посветена на македонскиот поет, просветител, лингвист и дипломат Андреј Петковиќ.
Како што соопшти полицијатa нa Приморско-горанската Жупанија, овој случај е пријавен вчера и интензивно се истражува.
Плочата со латиничен натпис на хрватски и кириличен на македонски јазик се наоѓа на влезот на една зграда, а е поставена минатата година во спомен на работата на Андреј Петковиќ во својство на руски царски конзул во Риека, од 1873 до 1892 година.
Петковиќ е роден во Велес, а студирал во Санкт Петербург, од каде почнал во службата на руската државна управа.

Реакција на Македонците од Хрватска за кршењето на спомен-плочата на Петковиќ
Заедницата на Македонци во Република Хрватска смета дека кршењето на спомен-плочата во Риека напишана на хрватски и македонски јазик, посветена на македонскиот поет просветител, лингвист и дипломат Андреј Петковиќ е чин произлезен од нечија глупост, алкохолизираност или целосно непознавање на писменоста, историјата и културата на македонскиот народ и не ги загрозува правата на Македонците во оваа земја.
- Сметаме дека правата на Македонците во Република Хрватска со овој чин не се и нема да бидат загрозени и дека во иднина ќе се води смета вакви немили настани да не се случуваат. Очекуваме дека државните органи на Република Хрватска ќе ги преземат сите потребни мерки за да го откријат сторителот на овој вандалски чин и тој да биде примерно казнет, се вели во денешната реакција од Заедницата на Македонци во Република Хрватска.
Спомен плочата е поставена во април минатата година во спомен на Петковиќ кој бил руски царски конзул во Риека од 1873 до 1892 година. Плочата е на зграда во која се наоѓал рускиот царски конзулат во кој Петковиќ работел 19 години.
Андреј Петковиќ е роден во Велес, а студирал во Санкт Петерсбург, од каде започнал во службата на Руската државна управа. Во Риека бил испратен како конзул во време на најголемиот развој и значење на овој град во европски размери.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom