- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
- Возраст
- 72
Moze e malku glupo ali vidov na tablicata kaj klimite 300% sto znaci toa nemi e jasno malku ako moze da mi objasnite
Климата работи како топлотна пумпа.
http://en.wikipedia.org/wiki/Heat_pump
Со помош на механичка работа добиена од електрична енергија, топлината од околината се префрла на повисока температура со која се загрева просторијата.
Во надворешната единица на климата, која во режимот на затоплување представува испарувач, се наоѓа фреон во течна состојба. Овој течен фреон испарува и при тоа одзема топлина од околината. Таа пареа се наоѓа на температура на околината на пример - 10 С
Оваа пареа компресорот ја компримира при тоа температурата на пареата се зголемува на + 40 С
Компримираната пареа со цевки се доведува до внатрешната единица која представува кондензатор.
Во внатрешната единица пареата кондензира - повторно се втечнува, при тоа ослободувајќи топлина со која се затоплуваме.
Сега течниот фреон повторно се враќа во надворешната единица и циклусот се повторува