Уште од почетокот, и суперкупот со Дортмунд, а до негде и суперкупот со Челзи, Пеп се покажа тактички не флексибилен, не успеа да се прилагоди на тие два тима. Но, опростено му беше секако пошто беше почетокот, нова средина и нови екипи против кои играше. Но веќе сфати какви екипи играат у бундеслигата, и дека акцентот се става на усовршување на контра нападите, и дека има екипи што можат да ни се спротистават као Херта, Фрајбург, Хофенхајм и Волфсбург кои и финансиски се солидни. Еве веќе три утакмици по ред губиме прво па пресврт прајме, што до негде алармира.
Додека не се усоврши играта во средниот ред, што значи многу малце загубени топки во средината, мора да играме повнимателно а не како вчера, Швајни насекаде беше по теренот, и во неколку ситуации не ја покриваше одбраната, и Алаба и Лам со нивната преофанзивна игра. Мора барем додека е нерешено да се игра повнимателно у одбрана. Океј вчера примивме гол по кикс на Ноер, ретко му се дешаваат барем, тоа е добро.
Со Дортмунд утакмицата е сосема друга приказна, тоа треба спремања, неверојатно залагање у одбрана, трчање као коњи, внимавање оти една изгубена топка у средината и одма гол ти даваат. Тоа ќе е правиот тест за Пеп, пошо Дортмунд колку и што се јаки, против нас играат као ненормални, дури и кобилата Гроскројц ќе игра бек као Роберто Карлос, да не прајме муабет за Вајденфелер. Исто е битна таа утакмица пошо целата светска јавност ќе биде свртена кон тој дуел и посебен акцент ќе се става на тактичката замисла на двата тренера, пошто реално на два скоро изедначени тимови тренерите ја прават разликата. Со други зборови не смее Пеп да се избрука, и уште поголема самодоверба на Клопо да му дае.
Против Дортмунд сакам да видам 4-2-3-1 со Швајни и Мартинез пред одбраната, и Лам и Алаба подефанзивно пошо ќе примиме многу голови. Манџукиќ напред да им ја уништува пас играта на Суботиќ и Хумелс, Рибери и Робен по крилата, у средината Милер или Кроос. Многу битна утакмица, не смее да ја сјебеме.