Не се работи воопшто за тоа кој е Бог, кој е ретардиран. Ти предложи талон, јас ти реплицирав дека ПО МЕНЕ Надал не е добра идеја. Откако Надал победи, ти почна да делиш лекции за моето однесување на темава за кладењето, а од друга страна предлагаш талони кои се сигурен пат до финансиско самоубиство.
Гледам дека многумина овде се кладат на тој начин. На долги стази, невозможно да бидеш во плус со врзани талони, а посебно невозможно е ако играш девалуирани коефициенти, какви што најчесто се коефициентите на големите фаворити. Се работи за наједноставна математика која секој мора да ја знае ако сака да се клади.
И згора на се, имаш X2 на талонот. Не можам да ти кажам колку детски и аматерски е таквото кладење.
Инаку, потполно си во право за забелешката околу англискиот во тој мој пост.