Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Фала за советите.
Класата на опремата на страна (иако и ова е интересна тема), мене ме интересираа искуства со сингл спид пренос на узгорници. Налик на пишувањава на линков, ама од „Водно„ аспект:
http://www.singletracks.com/blog/un...ld-give-singlespeed-mountain-biking-a-chance/

Мислам дека ќе поекспериментирам со сегашниот точак, преносот му е за никаде па можам да си поиграм малку со сингл спид конверзија. Би било убаво ако има сингл спид ѕвезди, спејсери и слично да се најдат тука, и да не морам да нарачувам од ибеј.

Ме чудиш што бараш МТБ изглед, а сакаш сингл спид велосипед кој повеќе личи на урбан велосипед.

Зошто урбан велосипед?
Ти најверојатно мислиш на оние точаците за зезање, скокање, и слично по скејтерски паркови?
Еве на што мислам јас, хардтејл МТБ, минус предни/задњи мењачи, касети, итн... еднобрзинец.

DSCN1283.jpg
drivetrain.jpg
 
Фала за советите.
Класата на опремата на страна (иако и ова е интересна тема), мене ме интересираа искуства со сингл спид пренос на узгорници. Налик на пишувањава на линков, ама од „Водно„ аспект:

Аха сега те разбрав, инаку за искуство качување Водно со сингл спид пренос треба да се обратиш кај момците со пепито кошули кои дремат во парк на сонце и возат Partizan. :D
Немам видено МТБ со сингл спид пренос, најверојатно не се ниту произведува такво нешто, туку треба сам да си го направиш.

Што знам, барем ако успееш да најдеш Shimano Nexus 3 да ставиш назад ќе си олесниш работа.
 
Аха сега те разбрав, инаку за искуство качување Водно со сингл спид пренос треба да се обратиш кај момците со пепито кошули кои дремат во парк на сонце и возат Partizan. :D
Си ме терал да гуглам пепито кошули, и после се пак ништо не те разбирам. Ама изгледа ништо арно не ќе да е, така да нема врска... :)
 
пепито кошула.jpg

Точак Партизан

pozzz-slika-9995716.jpg

--- надополнето: 1 ноември 2013 во 02:00 ---
Сега имаш видено. :)

И прави разлика меѓу single speed и fixed gear. ;)

Ова вакво нешто можеш да го купиш од продавница ново? o_O Кај нас досега немам видено да се продава.
Навистина не му ја знам примената на чудово, освен за акробации.
 
- Симплификација = помала тежина = возиш, мозок на испаша и не се замараш со брзини
- Подобрување на техника на возење, пошто имаш само една брзина антиципација на поголемите успони со залетување, фаќање одредени кривини пред успон без кочење за да се задржи кинетичката енергија...
- Помалку елементи што можат да се расипат.

Е сега проблемот е од аспект на кондиција и физичка сила, барем за успони како што е Водно. Мислев некој да не вози вака па да каже нешто.
 
Таков велосипед за на угорница ?? Нема шанси !! За offrad, ич да не правиме муабет. :) Толку.
 
Мора да се поштуе мислења од бајкери, и искрено и јас мислам дека на Водно е преголем успонот за еднобрзинец.

Ама во случајов што ме кошта да пробам?
Преносот ми е за никаде на овој точак што и онака го користам само за на рамно. Ако не го бива (мене уствари ако не ме бива) за нагоре така како еднобрзинец, тогаш секако ми одговара како таков за на рамно: за на кеј, до оваму-онаму... никогаш не шифтам брзини, една користам. Мењачите ми се само неискористена тежина.

Инаку момците од блогов, баш го фалат концептот.
http://www.singletracks.com/blog/un...ld-give-singlespeed-mountain-biking-a-chance/
 
Мора да се поштуе мислења од бајкери, и искрено и јас мислам дека на Водно е преголем успонот за еднобрзинец.

Ама во случајов што ме кошта да пробам?
Преносот ми е за никаде на овој точак што и онака го користам само за на рамно. Ако не го бива (мене уствари ако не ме бива) за нагоре така како еднобрзинец, тогаш секако ми одговара како таков за на рамно: за на кеј, до оваму-онаму... никогаш не шифтам брзини, една користам. Мењачите ми се само неискористена тежина.

Инаку момците од блогов, баш го фалат концептот.
http://www.singletracks.com/blog/un...ld-give-singlespeed-mountain-biking-a-chance/

Да се разбереме, зборев за fixie, вака со фривил не е проблем, освен што бара малку повеќе кондиција на угорнини. Ако не, може да ставиш SS пренос со на пример 9-ка или 10-ка касета позади (повеќе се користи на FS точаци), така ќе ти биде многу полесно на угорнини. Е вака :
797240d1367998106-sram-xx1-cranks-10-speed-imageuploadedbytapatalk-21367998104.388007.jpg
 
Да се разбереме, зборев за fixie, вака со фривил не е проблем, освен што бара малку повеќе кондиција на угорнини. Ако не, може да ставиш SS пренос со на пример 9-ка или 10-ка касета позади (повеќе се користи на FS точаци), така ќе ти биде многу полесно на угорнини.
Te разбирам, минус предниот мењач (како на сликата) со касета и мењач позади.
Од друга страна пошто бајкот би го посветил само за на Водно, можам да идам и на буквален еднобрзинец (но не со фиксна брзина, значи без контра педалско кочење туку фривил), со тоа што можам ѕвездите да ги одберам така да резултатот да биде некој компромис за узгорници. Пошто нели само за тоа и ќе се користи... надоле немам намера да педалирам, бркам времиња или што знам што.
 
Пријатели има можност до Матка да се оди со точак? Зборам од центар по Партизанска или било која од булевариве па преку Ѓорче и натака низ Сарај. Има некој одено да ми каже колку време е. Поздрав :)
 
На Fixie немаш контра, туку возиш наназад. Ако го свртиш тркалото наопаку тогаш добиваш фривил. :)
 
Пријатели има можност до Матка да се оди со точак? Зборам од центар по Партизанска или било која од булевариве па преку Ѓорче и натака низ Сарај. Има некој одено да ми каже колку време е. Поздрав :)

Се оди, асфалт е дотаму :D

uIykvO0.jpg

Можи и за помалку од сат да стасаш, зависи како возиш :)

А се оди и преку Водно, прво до крст па после се спушташ надолу.
 
Се продава половен Cube Attention MT бајк (18 инчи) :

Амотизер : Rock Shox Dart 2
Пренос : Truvativ FireX со надворешни лагери
Шалтери : Sram X5 (3x8)
Преден и заден менувач : Sram X7
Тркала : Alex rims со Sram X9 осовини
Касета и ланец : Sram PG 850
Кочници : механички Avid BB7 со Avid SD 7 рачки и 185/165 Avid дискови
Волан, стем и колче : Truvativ
Седиште : Selle Italia
Гуми : Continental X-king 2.2 (нови)
Цена : 24.000 ден.

22.000 ден. Ајмооо тазе роба !!!
 
@zooc едно прашање чисто информативно, ако велосипедот го продаваш 22.000 на старо колку го имаш купено на ново ?? :eek:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom