Не бе, не е коцка. Тоа е чиста стратегиска игра во која со знаење и логика се прават пари
Размисли малку. Вложуваш одредена сума пари, и потоа, во зависност од тоа дали ќе ти се насмевне среќата, ИЛИ тие пари неколкукратно ги зголемуваш ИЛИ (поверојатно) одат во неврат. Исто како да играш да речеме покер или рулет. Постои возбуда, постои ризик, постои (минимална) шанса за добивка, постои шанса (огромна) да останеш со празни раце. И утре пак одиш и уплаќаш, пошто нели, осеќаш дека тоа е тој среќен ден кога конечно ќе се исплати трудот. И утре... и утре. Некогаш ќе земеш некоја пара, чисто колку да ти ја задржи вербата дека ете, и тоа се случува. И продолжуваш.
Дали тоа се вика зависност? Дали така се станува коцкар?
Јас лично познавам доста луѓе кои изгубиле огромни суми на пари преку ваквото „наивно“ обложување. Се почнува со ливче или две по 50 денари, само за викенд. Потоа стануваат повеќе ливчиња. Потоа стануваат поголеми сумите. Потоа се продолжува и секојдневно. И додека да се свестиш веќе си заглавен во тој магичен круг.
Не знам како вие го сфаќате тоа, ама за мене обложувањето е коцка исто колку и игрите со карти, рулет и слично. Па дури одам до тој степен што и игрите како лото, бинго, грепки и сл. ги ставам во категоријата коцкање.
Не сум против обложување, но тоа да се прави во граници на нормалата И пред се, САМО заради забава. Според мене, проблемот настанува кога обложувачот ќе престане да го гледа обложувањето како забава и почнува да го гледа како начин на заработка. Од тој момент, се тргнува надолу.