Дали кладењето е коцка?

Член од
31 октомври 2013
Мислења
49
Поени од реакции
47
Некои викаат дека коцкање е игра со карти или на машини? Други викаат и дека кладењето спаѓа во категорија коцка.
Какво е вашето мислење за оваа појава? Дали може со уплаќање ливчиња да се стане коцкар со сите последици кои ги носи?
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.747
Поени од реакции
4.515

Прошетај се помини покрај кладилници немора ниту да влегуваш внатре од далеку погледни па сподели импресии.
 
2

~2A

Гостин
Некои викаат дека коцкање е игра со карти или на машини? Други викаат и дека кладењето спаѓа во категорија коцка.
Какво е вашето мислење за оваа појава? Дали може со уплаќање ливчиња да се стане коцкар зависен со сите последици кои ги носи?
Се е комар!

Моето мислење за оваа појава е дека тие или не се физички способни или ги мрзи, а им требаат пари. И тие малкуте што ги имаат ќе ги изгубат во кладилница, па тие мора да си ги вратат, па други ќе изгубат и така.

Да. ;)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.155
Поени од реакции
13.339
Сите јаки тролачи на форумов еј :facepalm:
Иначе до човекот е, може и да е коцка-зависност, а може чисто за забава и рекреација да е. Обично од ова второво се преминува на првово, но немора да значи, се е до психата. Ако јас играм ливче спортска два пати во неделата на 50 денари уплата, чисто за забава не ме прави тоа мене коцкар. Но ако секој ден уплаќам ливчиња со по 1000 денари уплата и го гледам тоа како начин на заработка(читај пропаст) секако дека да
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Кладењето на спортски резултати е коцка...
Sports betting is the activity of predicting sports results and placing a wager on the outcome. It is generally considered to be a form of gambling.
http://en.wikipedia.org/wiki/Sports_betting
Што е најлошо кај нас и деца одат во кладилници. Познавам едно дете од 15 години ( прва година средно ) кое редовно, повеќе пати на ден, уплаќа „ само “ по 40 денари.
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Некои викаат дека коцкање е игра со карти или на машини? Други викаат и дека кладењето спаѓа во категорија коцка.
Какво е вашето мислење за оваа појава? Дали може со уплаќање ливчиња да се стане коцкар со сите последици кои ги носи?
Коцкањето како зависност има индивидуален интензитет кај тие што играат (во кладилница).
Тој интензитет се зголемува кога ќе почнат да влегват ливчињата...
Е сеа да не ојме во детали, зошто и светската берза е кладилница..
Секоја инвестиција е кладилница.. читај, ризикот ствара капитал.

Најголем индикатор е секојдневното "пишење домашна" по уплатните места. Без разлика колкава е уплатата.
Сепак, за кладењето да е коцка, треба многу коцки да се спојат.
 
Niggersinparis

добро вече
Член од
28 август 2012
Мислења
2.457
Поени од реакции
1.999
Некои викаат дека коцкање е игра со карти или на машини? Други викаат и дека кладењето спаѓа во категорија коцка.
Какво е вашето мислење за оваа појава? Дали може со уплаќање ливчиња да се стане коцкар со сите последици кои ги носи?

може да најчесто така се почнува
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.747
Поени од реакции
4.515
Сите јаки тролачи на форумов еј :facepalm:
Иначе до човекот е, може и да е коцка-зависност, а може чисто за забава и рекреација да е. Обично од ова второво се преминува на првово, но немора да значи, се е до психата. Ако јас играм ливче спортска два пати во неделата на 50 денари уплата, чисто за забава не ме прави тоа мене коцкар. Но ако секој ден уплаќам ливчиња со по 1000 денари уплата и го гледам тоа како начин на заработка(читај пропаст) секако дека да
Се додека не се лажеш дека не е коцка е добро. Познавам личности кои се зависни ама барем си признаваат и не се залажуваат себе си.

Моја филозофија во врска со коцката е да трошиш само ако имаш вишок пари, а воедно и да си имаш лимит кој нема да го надминеш. Сеедно е дали е 20, 50 или 1000 денари тоа зависи и до поединецот какви примања има.

Не знам колку се користи овој термин кај нас ама за спортска прогноза и се останато.(а.к.а казино и други видои на коцка) на запад постои терминот платена забава т.е ќе си платиш и ќе си уживаш.

И секако никогаш не треба на коцка да ставиш нешто што не си подготвен да изгубиш.
Понатаму, не знаејќи како, многу луѓе ја гледаат коцката како начин на заработка, т.е сакаат да не го испотат газот, а воедно и да имаат брза заработка.

Кој знае знае, кој не тешко него едноставно кај коцката неможе да се калкулира ризикот и глупаво е на нешто толку несигурно да се гради иднината.(читај местенки на спортска, штелувани машини во казино итн до душа и без ова шансите не се баш розеви)

За крај спортската(и се останато) е возбуда и искушение кој нема цврст карактер подобро воопшто да не се приближува до објекти кои нудат платена забава.

П.С Претерав малку со философирање :свиркам:
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.675
Поени од реакции
2.622
Кладењето на спортски резултати е коцка...
Sports betting is the activity of predicting sports results and placing a wager on the outcome. It is generally considered to be a form of gambling.
http://en.wikipedia.org/wiki/Sports_betting
Што е најлошо кај нас и деца одат во кладилници. Познавам едно дете од 15 години ( прва година средно ) кое редовно, повеќе пати на ден, уплаќа „ само “ по 40 денари.
Добро е по 40 што уплаќа, деца на 15 години по 400 и повеќе уплаќаат, така да и 2-3 пати да стави по 40 не се многу пари.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Не бе, не е коцка. Тоа е чиста стратегиска игра во која со знаење и логика се прават пари :facepalm:

Размисли малку. Вложуваш одредена сума пари, и потоа, во зависност од тоа дали ќе ти се насмевне среќата, ИЛИ тие пари неколкукратно ги зголемуваш ИЛИ (поверојатно) одат во неврат. Исто како да играш да речеме покер или рулет. Постои возбуда, постои ризик, постои (минимална) шанса за добивка, постои шанса (огромна) да останеш со празни раце. И утре пак одиш и уплаќаш, пошто нели, осеќаш дека тоа е тој среќен ден кога конечно ќе се исплати трудот. И утре... и утре. Некогаш ќе земеш некоја пара, чисто колку да ти ја задржи вербата дека ете, и тоа се случува. И продолжуваш.
Дали тоа се вика зависност? Дали така се станува коцкар?
Јас лично познавам доста луѓе кои изгубиле огромни суми на пари преку ваквото „наивно“ обложување. Се почнува со ливче или две по 50 денари, само за викенд. Потоа стануваат повеќе ливчиња. Потоа стануваат поголеми сумите. Потоа се продолжува и секојдневно. И додека да се свестиш веќе си заглавен во тој магичен круг.

Не знам како вие го сфаќате тоа, ама за мене обложувањето е коцка исто колку и игрите со карти, рулет и слично. Па дури одам до тој степен што и игрите како лото, бинго, грепки и сл. ги ставам во категоријата коцкање.
Не сум против обложување, но тоа да се прави во граници на нормалата И пред се, САМО заради забава. Според мене, проблемот настанува кога обложувачот ќе престане да го гледа обложувањето како забава и почнува да го гледа како начин на заработка. Од тој момент, се тргнува надолу.
 
M

Muranyi

Гостин
Обложувањето е "коцка",со оглед на тоа што личноста што се обложува вложува одредена сума на пари,т.е.ризикува одредена сума и надевајќи се на некои апстрактни поими како среќа,поставеност на ѕвездите,кармички закони,палење свеќи во црква,степен на огревовеност итн. за да добие поголема сума.Но,не секој што вложува т.е. се коцка е и коцкар,бидејќи за стекнување на епитетот коцкар треба личноста да е силно обземена со страст за коцкање.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Добро е по 40 што уплаќа, деца на 15 години по 400 и повеќе уплаќаат, така да и 2-3 пати да стави по 40 не се многу пари.
Јас сум се обидел во разговор да му објаснам дека никој не добил во кладилница, дека во кладилниците добива само организаторот, дека ништо нема да му значи и да добие некакви пари.....
Но не помага....
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.675
Поени од реакции
2.622
Од спортска се прават пари па што сакате кажете вие, треба и среќа да имаш, еве на пример денес за 200 денари ќе земев 1800 за малце, леверкузен да победеше, али не победиа кретените.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Незнам ни зошто е отворена темата, за нешто што по дефиниција е игра на среќа или коцкање.
Нема како да е спротивно на тоа.
Повеќе можи да се дискутира не тема , дали вложувањето во акции е коцка.

Од спортска се прават пари па што сакате кажете вие, треба и среќа да имаш, еве на пример денес за 200 денари ќе земев 1800 за малце, леверкузен да победеше, али не победиа кретените.
Да бе и јас минатат недела на лото за малку седумка ќе фатев, ама две бројки ме заебаја, како сакаш речи пари се прат.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Не бе, не е коцка. Тоа е чиста стратегиска игра во која со знаење и логика се прават пари :facepalm:

Размисли малку. Вложуваш одредена сума пари, и потоа, во зависност од тоа дали ќе ти се насмевне среќата, ИЛИ тие пари неколкукратно ги зголемуваш ИЛИ (поверојатно) одат во неврат. Исто како да играш да речеме покер или рулет. Постои возбуда, постои ризик, постои (минимална) шанса за добивка, постои шанса (огромна) да останеш со празни раце. И утре пак одиш и уплаќаш, пошто нели, осеќаш дека тоа е тој среќен ден кога конечно ќе се исплати трудот. И утре... и утре. Некогаш ќе земеш некоја пара, чисто колку да ти ја задржи вербата дека ете, и тоа се случува. И продолжуваш.
Дали тоа се вика зависност? Дали така се станува коцкар?
Јас лично познавам доста луѓе кои изгубиле огромни суми на пари преку ваквото „наивно“ обложување. Се почнува со ливче или две по 50 денари, само за викенд. Потоа стануваат повеќе ливчиња. Потоа стануваат поголеми сумите. Потоа се продолжува и секојдневно. И додека да се свестиш веќе си заглавен во тој магичен круг.

Не знам како вие го сфаќате тоа, ама за мене обложувањето е коцка исто колку и игрите со карти, рулет и слично. Па дури одам до тој степен што и игрите како лото, бинго, грепки и сл. ги ставам во категоријата коцкање.
Не сум против обложување, но тоа да се прави во граници на нормалата И пред се, САМО заради забава. Според мене, проблемот настанува кога обложувачот ќе престане да го гледа обложувањето како забава и почнува да го гледа како начин на заработка. Од тој момент, се тргнува надолу.
Зависно за кој како ги гледа работите и зашто и со која намера иде во кладилница , ако почнеме да анализираме луѓе ни го нема крајот , него според мене јас лично идам да уплатам тикет со намера да го почуствувам тој филинг и адреналинот да се качи до максимум нарочито кога се чека утакмица :) сеа нормално дека и ми е до парите но ко што реков се е забава па и едноставно пратење на спортот и праење аналлизи .Не може да се стави кладењето и рулетот во ист кош , и кладењето не е коцка :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom