Темно,тешко,суво,нешто ме јаде-гризе-копа и кине но сепак тивко,
само горе над мене се слушат некој гласови:Ај лесна му земја,бог да го прости...
вели првион зет и ја мава ракијата на екс, другион прво сипува капка -две на земи,па ги навлажнува малку усните и не ги испушта клучевите од рака од некогаш мојата кола.
Првион го фрла баш таму погледот во клучевите и му вели на другион.
-„Дај ги оние од гарсоњерата од центар и од куќата од Отовица,а ти земи го останатото“
-„Ја бе ти мене ќе ми кажуваш што да земам,каде беше ти до сега“, му вели на првиот.
И се фаќаат за гуша, а јас кај горе не можам да појдам,ама тие доле ќе дојдат.