Јавно запросување

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Возраст
31
Локација
Скопје
(првин да кажам дека не запросувам ја никој, да не добиете погрешен впечаток, туку темава ја отварам за дискусија :))

Гледав вчера квизот "Се или Нешто" и типот у емисијата ја повика девојка му од публика демек она да отворела кутија и вика "Али пред тоа, да отвориш една друга кутија." и клекнува на колена, вади прстенот и запросување, девојката прифати и супер све. Убаво, све тоа е романтично али... таквиот начин на запросување не е малку нападен? Не е погрешен таквиот јавен пристап и притисок за толку важна одлука во животот?

Ова е дефинитивно нешто што се практикува све повеќе и повеќе во светот. На квизови, на спортски натпревари, музички настапи и секакви шоуа кои се даваат на телевизија и ги гледаат голем број на публика. Многу е храбро од тој што сака да биде будучи младоженец да истапи така и пред сите да ја запроси ама, не треба тоа да биде интимен момент? Не зборам да мора да биде клише у ресторан ко што гледаме по филмови, али под интимност подразбирам кога нема човек од страна, некој што не те ни знае каков си, а да гледа како некој запросува некоја. Дури и пред семејство и пријатели не е баш коректно, пошто сите ќе сакаат да каже "да" пошто им е романтично и ни малце не размислуваат на другите работи, па она нормално ќе прифати (најчесто, некад е трагично да гледаш кога на јутуб ставаат клипчиња од Proposal Fails, автоматски се прави циркус од нешто толку битно).

Сеа спортски настан е, излага типот, ја запросува, што е дефинитивно прашање од најголема важност у животот. И публиката у позадина и вика на девојката "Say I do! Say I do! Say I do!" (Кажи Да од Угро :D). Али чекај малце бе... па како така кога никој од тие луѓе не ја ни знае девојката ни дечкото, а прават притисок од страна. Нормално е мислам, кога веќе така се запросува да викаат така, и може на прв поглед е романтично од страна на дечкото, ама кога ќе подразмислиш малце, не треба таква одлука да се донесе на раат, без брзање, убаво да се размисли? Знам некој ќе каже "Ако она мисли дека тој е вистинскиот, нема ни малце да се двоуми". Не, не... има многу битни елементи и прашања кои претходно треба да се одговорат ако сакаш да стапиш во брак со некој, тоа не треба да биде одлука што ќе се донесе за 10 секунди пред милионска публика.

Your thoughts?
 
Навистина повеќе не е во мода тоа :icon_mrgr: Ех што сакам некогаш да се најде некоја девојка која ќе му каже на некој едно огромно НЕ! бидејќи навистина веќе изгуби смисла ова запросувањево не дека повеќе им е важно тоа што ќе го кажат туку да ги види светот џоа познати ќе се...
 
Навистина повеќе не е во мода тоа :icon_mrgr: Ех што сакам некогаш да се најде некоја девојка која ќе му каже на некој едно огромно НЕ! бидејќи навистина веќе изгуби смисла ова запросувањево не дека повеќе им е важно тоа што ќе го кажат туку да ги види светот џоа познати ќе се...
Како бе да се најде, имаш видео од топ 5 :D
 

Поточно зборував за во Македонија бидејќи некои навистина доста го претераа со тоа нивно јавно запросување. Баш би ми било некој да се избаци да ја запроси и оваа пред сите да му даде едно НЕ! плус камион гратис контењер а како бонус корпа за дома. :D
 
На почеток беше симпатично, сега више е дегутантно. Мислам паѓања у трансови, па и порталиве со тоа нивните видеа: Погледнете го најромантичното запросување на свет!!! СКАНДАЛОЗНО!

Глупости на квадрат. Мене ќе ми кажуваат други што е романтично. Може сакам дечко ми да ме запроси со парче пица со кечап на пижами додека пиеме пиво. Може мене тоа ми е најромантично на свет, наместо пола Македонија и светот да го проследат еден од најинтимните моменти во животот.

Зошто да мора на други да се докажува љубовта? Демек ако не направиш нешто “уникатно“ не си го сакаш партнерот, по модерни стандарди?
 
Премногу вештачки делува тоа јавното просење...однапред изготвен план, спремно сценарио, прстенот в џеб и одиме ....
Вештачки, изглумено, неприродно...
Подобро е кога е спонтано, било каде и било кога, да те понесат емоциите и да го поставиш тоа прашање...не ти треба ни сценарио, ни сцена, ни прстен, ни публика за аплауз (најидиотското во јавните просења е аплаузот ефтр)..
 
Патетика на нивоуууу поише не е интересно и оригинално
 
Интересно би било кога некој би го направил тоа спонтатно, па дури и без прстен, сакате да бидете интересни и уникатни? заборавете ги традициите, отскокнете од правилата.

Поготво би било интересно, ако девојката го направи тоа наместо машкото :cool:
 
Правење перверзија од се'.
Матурска, полуматурска, свадба, запросувања, мекици - се' мора да се доведе до ниво „ДА ПУЦА“ иначе си „човек без осет, обичен, досаден...“
 
Очигледно дека поентата тука не е да се покаже посветеност и љубов кон партнерот. Поентата е момчето (со оглед на тоа што не сум чул за случај девојка да запроси) да се покаже како романтичен, храбар, или што ти знам јас каков, пред народот што ќе го гледа тоа.
За што се рекламирате бре луѓе!? За жени!? Па нели веќе сте избрале животна сопатничка?

Да не зборувам за можниот негативен ефект што ова може да го има кај вереницата. Замисли, сака да помине малку време на само со момчето и`. Можеби ова ќе биде оној магичен момент што толку го посакува? И наеднаш излегуваат камери од зад грмушките и микрофони им висат над главите, а овој клекнува на колена и оваа се здрвува и не знае што да направи и на прашањето „Сакаш ли да се омажиш со мене?“ одговара со „Сакам помфрит“!

Од друга страна пак, постојат луѓе кои сакаат да бидат во центарот на вниманието и ќе сторат се` да се покажат колку се сакаат, да видат бившите колку се среќни итн. И ќе си го исценираат сиов овој настан, ќе го пробуваат стопати дома, за да го овековечат со првата можна прилика кога ќе се најдат пред поголема публика.

Неубава појава во секој случај. Уште една во низата од јавни интими на денешното време.
 
Додека не се најде некоја `паметна` што ќе му даде студен туш пред цела јавност.
 
На почеток беше симпатично, сега више е дегутантно. Мислам паѓања у трансови, па и порталиве со тоа нивните видеа: Погледнете го најромантичното запросување на свет!!! СКАНДАЛОЗНО!

Глупости на квадрат. Мене ќе ми кажуваат други што е романтично. Може сакам дечко ми да ме запроси со парче пица со кечап на пижами додека пиеме пиво. Може мене тоа ми е најромантично на свет, наместо пола Македонија и светот да го проследат еден од најинтимните моменти во животот.

Зошто да мора на други да се докажува љубовта? Демек ако не направиш нешто “уникатно“ не си го сакаш партнерот, по модерни стандарди?

Се сеќаваш кога Шаше бубамарата ја просеше Трпана во емисија?

Тогаш јас бев хејтер, а ти ја бранеше романтиката. Кога премина на темната страна?

:icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom