Дали и каков часовник поседувате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bang & Olufsen
  • Време на започнување Време на започнување
Никогаш не сум носел саат ама еве каков иам дома од дедо ми е...саатчето можно е да е старо едно 30-40 години

2rzatu1.jpg


10z1c35.jpg


2z4bodg.jpg
 
Мене мерење време ми е нешто што ме ограничува и никогаш не сум ги носела...Со мобилниот се изгуби потребата за носење саат..Али на машко може добро да стои и изгледа, но зависи од имиџит..Исто и на постари жени како моден детаљ...Функцијата ја изгуби одамна после мобилните телефони...
 
Мене мерење време ми е нешто што
ме ограничува и никогаш не сум ги носела...
Потреба за точно време има секој со некакви обврски и зафатеност во животот, освен затворениците веројатно секоја друга индивидуа со некаква цел има потреба да биде во тек со денот и времето. Објаснувањево ти вришти.
Со мобилниот се изгуби потребата за носење саат..
Овој дел ти е точен.
 
Многу е поедноставно да ја свртам раката отколку да го вадам мобилниот од џеб/торба. Мобилен како саат ти е како оние каубојските часовници со синџирче што ги вадиш од елек и кликаш да го отвориш за да видиш колку е саат.
 
Потреба за точно време има секој со некакви обврски и зафатеност во животот, освен затворениците веројатно секоја друга индивидуа со некаква цел има потреба да биде во тек со денот и времето. Објаснувањево ти вришти.

Овој дел ти е точен.

Па не сум опседната да на секои 5 мин гледам на саат! Само по потреба...А би гледала често ако го имам на рака затоа и го немам! Мобилен е друго...А глупост е да објаснуваш дека потребен ни е или не..мислим дај....сите сме ограничени со време поради обврски ...Како и да е не ми се свиѓаат. Носам алки обожавам! Рачни саати не ..и крај
 
ааа часовник, добив поклон пред извесно време рачен часовник SUUNTO CORE
Suunto-Core-All-Black-3124.png

Спремете се сега ке се фалам:
Покажува време, датум, температура, надморска висина, воздушен притисок, брзина на ветрот, компас, навигатор... и уште многу други функции. Има рецензија на јутуб, ако го интересира некој погледнете.
 
Јас имам CASIO DW 290-T

Во ноември правам 10 години откако го имам. Саатот е коска еднаш му сменив батерија после 7 години носење, единствена маана му е ремчето ми се скина првото па купив друго од истиов модел, па сега и тоа ми се скина треба да купам пак. Иначе овој модел е од 1995та година.

Линкот е мртов, да го освежам мислењето, 12 години and still going strong :)

Еве го саатот

dw-290-1-400.jpg
 
Најпрост часовник што ми го купи мајка ми за матурска за 850 ден пред 11 години.
Уште си работи одлично.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom