Дали сметате дека ви личи на тие години да верувате дека постои невидлив човек горе на облаците кој гледа се, слуша се и казнува ако си непослушен?
Дали сметате дека сте недораснати, со пречки во развој?
Зошто лошите луѓе би биле испраќани во пеколот (а не во рајот) каде владее ѓаволот ( а каде господ нема никаква контрола), кој ке ги казнува поради сторените лоши дела со тоа што ке ги стави во огин да горат бесконечно?
Дали сметате дека лошите луѓе всушност, гаволот би ги сакал и баш поради сторените лоши дела би ги наградувал наместо да ги казнува, од причина што тој е токму она спротивното на бог (ако бог е доброто тогаш ѓаволот е лошото), па оттука нели тој би се поистоветувал и би ги сакал луѓето, кои ги прават неговите дела?