- Член од
- 7 јуни 2011
- Мислења
- 144
- Поени од реакции
- 56
Задебелени:
Таа ја изгубила довербата во тебе во оној момент кога си ѝ побарал лозинка на ФБ. Сè понатаму било мачкање очи.
Подвлечено:
Ти не си оној којшто одредува како таа ќе се однесува кон тебе. Таа е слободна да има или да нема доверба во тебе. Ти можеш само да заслужиш таа да има или да нема доверба во тебе. Си заслужил да нема.
Ако сакаш да има доверба во тебе, прави нешто за да има доверба во тебе. А што е тоа, најдобро е да ја прашаш, бидејќи твоите постапки, по твои размислувања, очигледно не градат доверба меѓу вас двајцата.
Значи, отворено прашај ја како може да ја стекнеш нејзината доверба и дали ќе сака да ти укаже повторно доверба, откако веќе на големо си ја изневерил истата (со тоа што си ѝ ги читал нејзините приватни работи). И биди спремен дека можеби нема да сака да ти даде уште една шанса. Во тој случај знај дека сам ќе си бидеш виновен, ако таа одлучи да не продолжи со тебе.
Со лесно.
луѓе ја сакам знае и таа, и се извинив знам не е само тоа доволно се трудам цело време некако да ја расположам, се слушаме многу ретко, незнам веке ништо друго не ме ни интересира, таа ми е важна без неа сум никој, знаете како кога човек изгуби нешто дури тогаш свати колку го сакал, но неможам без неа ја сакам многу