MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
по се изгледа ДА, го нема никаде ......... ај ќе почекаме до понеделник
![]()
А бе кој ќе чека до понеделник...

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
по се изгледа ДА, го нема никаде ......... ај ќе почекаме до понеделник
![]()
А бе кој ќе чека до понеделник......ја‘ ме.
.
Ти смееш да мислиш што сакаш, но те молам не навредувај и не повикувај на убиство, бидејќи тоа нее во ред.
Се разбира ти лично смееш и понатака тоа да го правиш, но знај дека многу нема да се разликуваш од членовите на златна зора!
За чеда БОЖЈИ таквото однесување едноставно не е достојно!
Поздрав
.
А форумов уште им е дозволен?![]()
МПЦ ќе расчинува свештеници за користење Фејсбук
Г. Петар најавува строго почитување на одлуката на Синодот
Ако се утврди дека некои свештеници или монаси водат двоен живот на социјалната мрежа Фејсбук, тогаш ќе мора да се преземат мерки за нивно казнување, што може да оди и дотаму да бидат расчинети или протерани од манастирските ќелии. Ова вчера го најави владиката Петар, кој е предлагач на идејата за забрана на користење на оваа социјална мрежа. Вели дека казните најпрво ќе почне да ги спроведува во својата пелагониско-преспанска епархија, а потоа ќе се бори во Синодот тоа да им го наметне и на другите владици.
Официјалната одлука, и покрај противењата на помладите владици, сепак била изгласана од Синодот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија.
Решението веќе е доставено до владиците, но никој не знае што конкретно треба да преземе. Голем број великодостојници се прашуваат дали да ги исклучат сопствените профили, како и оние профили што се отворени во име на некоја црква или во име на некој светец што се празнува.
Голем број свештеници велат дека Господ им дал мисла, став и слободен избор, без што нема да бидат личности. Токму тоа го сметаат за оправдување во можноста да се користи Фејсбук, како и другите интернет-страници.
Г. Петар вели дека ограничувањето треба да важи само за конкретната социјална мрежа, а не и за веб-страниците, блоговите и другите работи што ги има на интернет-просторот.
- Веќе откривме неколку лажни профили на свештеници и на монаси на Фејсбук. Тоа не е според православните начела. Доколку се утврди дека некој свештеник ја злоупотребува социјалната мрежа и таму води двоен живот, ќе биде суспендиран. Токму тие не треба да прикажуваат лажен морал пред верниците - додава г. Петар.
Според владиците, целата мешаница настанала по протестите за изградба на црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје, кога владиците г. Агатангел и г. Пимен преку Интернет си упатија навредувачки зборови.
Владиката Тимотеј, портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, е незаинтересиран за оваа одлука. Кусо одговара дека за ваквата иницијатива треба да се праша предлагачот г. Петар.
Ограничувањето треба да важи особено за оние што изминативе месеци искажувале лични ставови на Фејсбук и коментирале за политичките состојби во државата. Сепак, замерките на дел од свештенството и од монаштвото се дека конечната одлука не е поткрепена со конкретна причина за забрана за користење на социјалната мрежа. Се прашуваат која би била казната ако докрај не ја спроведат одлуката на Синодот и продолжат да објавуваат фотографии и да коментираат на Фејсбук.
Голем дел од свештенството, особено оние што секојдневно се активни на Фејсбук и на тој начин ги информираат верниците за активностите на црквата, за верските предавања, за начинот на прославата на празниците, не се согласува со одлуката на Синодот. Велат дека немаат намера да ги затворат профилите на Фејсбук, како и дека верските работници не можат комплетно да се изземат од придобивките на модерното време, односно да не користат мобилни телефони и Интернет. Комуникацијата преку социјалните мрежи најмногу им користи на свештенството и на монаштвото што има свои духовни чеда во Америка, Канада, Европа и во Австралија, особено за консултации во врска со православните правила за прослава на празниците и обичаите при правење на крштевките и венчавките. ИЗВОР
ММЕ кој прв почна...
17 А сега, убијте ги сите деца од машки пол, убијте ги и сите жени, што познале маж на машко легло;
18 а сите деца од женски пол, кои не познаел машко легло, оставете ги живи за себеси.
Броеви 31
3 Оди сега и порази го Амалика и истреби се негово, но не земај за себе ништо од нив, туку уништи го и проколни се што е негово; не штеди го, туку предај на смрт од маж до жена, од момче до доенче, од вол до овца, од камила до осел."
1 Самоил 15
17 И Он го испрати врз нив халдејскиот цар, и тој ги уби со меч младинците нивни во домот на нивната светиња; не го поштеди ни Седекија - ни девица, ни старец, ни немоќен. Се предаде Бог во раката негова.
2 Хроники 36
9 Блажен е оној што ќе ги заграби и ќе ги разбие од камен децата твои.
Псалм 136
21 Гответе клање за синовите негови поради *беззаконието на таткото нивни, за да не востанат и да не завладеат со земјата и да не ја наполнат вселената со непријатели.
22 "И ќе станам против нив, вели Господ Саваот, и ќе ги истребам името на Вавилон и целиот остаток - и син, и внук, вели Господ.
Исаја 14
Нешто слично си како неверните и кривоверните евреи, христијани, мухамеданци, ... кои што се слепи за Светлината на Евангелието БОЖЈЕ и Духот на Неговиот (Новиот) Завет, Кој/а што е безкрајно поголем/а од верата и мудроста на стариот завет, законот, шаријата, куранот, крвожедните нации, “христијани“, ...!
Кога го видоа тоа учениците Негови, Јаков и Јован, рекоа:
„Господи, сакаш ли да кажеме да падне оган од небото
и да ги истреби, како што направи и Илија?”
Но Он се сврте кон нив, ги искара и рече:
„Не знаете од каков дух сте вие;
зашто Синот Човечки дојде, не да погубува човечки души,
туку да спаси!”
(Ев. Лука 9:54+55)
.
Но сепак на крајот Бог го разурна храмот, го уништи со оган, го уништи Ерусалем и сите млади стари жени деца кои преживеа масакри - ги испрати во прогонство низ светот.... зато шо ги сака...
.
Не, крајот се’уште нее, но вакви заклучоци како твоиве се типични за неверниците и кривоверниците (незнабошците)!
Човековата духовна слепост и глувост во однос на БОЖЈАТА Мудрост (Милост) чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа, е вистинската причина на сите грозотии кои што биле, се’ и ќе бидат!
Но Исус, кога се заврте кон нив, им рече:
„Ќерки ерусалимски, не плачете за Мене, туку плачете за себе и за своите деца (!)
(Ев. Лука 23:28)
.
Петар наместо да го шири божјото слово, он Владини директиви спроведува. Се со цел да се замолчат Пимен и компанија кои отворено го критикуваат она денес што се случува. Овој владин потпарол Петар их ергере мих сер офт.