Barcelona-Real Madrid 26.10.2013 18:00

  • Креатор на темата Креатор на темата Beck's
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде победник?

  • Барселона

    Гласови: 80 45,7%
  • Нерешено

    Гласови: 29 16,6%
  • Реал Мадрид

    Гласови: 66 37,7%

  • Вкупно гласачи
    175
Статус
Затворена за нови мислења.
Џабе,го нема тој сјај како порано,преку глава ми е од вакви ел класикос,се бунат,се тепаат за фаули,пенали...:гомце::facepalm:
 
Второто полувреме ми се допадна, динамичен фудбал се играше со шанси на двете страни, првото беше шит. За Бејл не знам што да кажам. 8 пати пишав уште кога го земаа, Бејл не е за во овој тим на Реал, неможе едноставно во тим со толку ѕвезди, ама одма бев нападнат како јас не сум гледал фудбал. Друго, тука некаде беа на игра, ама Барса знаеше да си ги искористи шансите, Санчез направи мајсторски потег, а Валдес исто така спаси 2-3 одлични шанси на Реал. Роналдо немора да плаче толку, не е ни прв ни последен што не му судиле пенал. Не дека беше некој пенал, онака зависи од судијата. :)


П.С. Фала му на Хесе ми го одржи листот во игра, сега Интер е на ред и да се частиме. :D
 
Честита ни победа :)
Иначе прво Ел Класико после одредено време без да има расправии, "тепачки", пцуења и слични глупости.
 
Meне најјако ми е кога некогаш се игра на картата на грешките од судијата (само кога се сака).

Како на некој не му текна некни да речи, шо судеше оној мочконо во Лига на шампиони, кој ни олесна работа во второ полувреме, додека во првото не знаевме кај терамe :)

Toj мочко од судија денес доби и официјална прозивка за утките, што нема да биде случај со денешниов.

Како велат америне Карма ис бич.Ај донт билиф ин карма, ама фразава им се уклапа во иронијата.

п.с Фасциниран сум од пречката на Бензема. Од времето кога сум тренирал фудбал, тоа било зенитот во еден фудбалски шут, чист од колено, да свири.
 
Да идеше дирекно у раката на Адриано после шутот на Кедира, листи пенал, ДА.
Ама топката се одби од Валдес и случајно добро у раката на Адриано.
Бидете реални дека немаше пенал. Исто и за ситуацијата на Роналдо со Маскерано, само малку го поттурна и толку овој падна ко бокс да му мавнал, башка ЕлКласико е да е со некоја друга екипа може ќе му досудеше.
 
doc16000364_233526373
pozz
 
Џабе,го нема тој сјај како порано,преку глава ми е од вакви ел класикос,се бунат,се тепаат за фаули,пенали...:гомце::facepalm:

Освен ако не ти е саркастичен коментаров, глуп ти е.

То ест смешен, смешни се коментариве од типот: Ха, абе Ел Класико ќе глеам, глупости, никаков фудбал се тепаат, се кошкаат, глумат...

Добро, не глеајте, никој не ве тера. А пак глеате! Епа?

Плус, ова денеска НЕМАШЕ ВЕЗА од кошкање и тепање, глумење итн... И затоа беше и досадно :icon_lol:

Јебеш Ел Класико без жар, тоа веќе не е дерби, основниот поим за дерби е да летаат искри меѓу играчите. Секако не да се претера, но со флегматичен и мирољубив пристап, се губи смислата на дербито...
 
Е сега може да гласам во анкетата. Еднаш и јас да го погодам точниот одговор.

Инаку Хесе (или како што наидов на еден наш сајт, Жесе :ROFLMAO: ) најјак (y)
 
Освен ако не ти е саркастичен коментаров, глуп ти е.

То ест смешен, смешни се коментариве од типот: Ха, абе Ел Класико ќе глеам, глупости, никаков фудбал се тепаат, се кошкаат, глумат...

Добро, не глеајте, никој не ве тера. А пак глеате! Епа?

Плус, ова денеска НЕМАШЕ ВЕЗА од кошкање и тепање, глумење итн... И затоа беше и досадно :icon_lol:

Јебеш Ел Класико без жар, тоа веќе не е дерби, основниот поим за дерби е да летаат искри меѓу играчите. Секако не да се претера, но со флегматичен и мирољубив пристап, се губи смислата на дербито...

Никој не може да ми се меша во тоа што ќе гледам дома на ТВ.
Али,факт...пуштам Ел Класико и гледам комедија.;)
 
Никој не може да ми се меша во тоа што ќе гледам дома на ТВ.
Али,факт...пуштам Ел Класико и гледам комедија.;)

Па не брат. Пушташ Ел Класико со мисла „Е сеа ќе глеам комедија“, мисла добиена читајќи по интернет и остануваш на таа мисла до крајот без разлика дали било комедија или вестерн (Пепе го упукал Бускетс со револвер). Али точно, не можам да ти се мешам, не ни сакам, peace!
 
Освен ако не ти е саркастичен коментаров, глуп ти е.

То ест смешен, смешни се коментариве од типот: Ха, абе Ел Класико ќе глеам, глупости, никаков фудбал се тепаат, се кошкаат, глумат...

Добро, не глеајте, никој не ве тера. А пак глеате! Епа?

Плус, ова денеска НЕМАШЕ ВЕЗА од кошкање и тепање, глумење итн... И затоа беше и досадно :icon_lol:

Јебеш Ел Класико без жар, тоа веќе не е дерби, основниот поим за дерби е да летаат искри меѓу играчите. Секако не да се претера, но со флегматичен и мирољубив пристап, се губи смислата на дербито...



Па фала богу да ти кажам више.....

Оноа претходно со Мурињо изглеаше ко да играат Конго и Мали...Све све,само фудбал немаше у тие утакмици...

Денес после подолго време,барем нормален фудбал гледавме,кој го играат колку толку нормални и спортско настроени фудбалери,а не животињи.

Такада не се слагам со тебе.Имаше и искри,но во рамките на нормалата и укусното.
--- надополнето: 26 октомври 2013 во 20:43 ---
Добра утакмица...Барселона подобро,по организирана како што очекував.Шансите ги искористија..

Имаа и Реал некои добри шанси,али не дека тоа беше последица на изградени напади....Уште коа им ја видов формацијата на старт јасно ми беше што ќе се дешава....

Роналдо со сиот памет у центар го стаил,место по страна кај што е најопасен брз и може да ги искористи дупките кои ги остава Дани Алвеш.

И уште Бејл у прв состав,не се спои со топка.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom