Предлог за мал бизнис?

Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
leandra, Branchez
големи сте- си знаете;)
доколку гледате перспектива на било што па и на бизнисот во МКД- терајте
(но, јас не би играл така) - сепак вие си одлучувате за ваши пари ( но, не за џабе ви ја споменав Шведска:icon_lol: )
навистина зошто ја спомна Шведска? Имаш контакти, или пак ти си таму? Инаку баш во ИТ секторот еден наш гигант во таа индустрија, посебно во Шведска ќе ве згази што викаше Бране ‘‘Како шлепер жаба‘‘.... да кажеше нешто околу настап на тој пазар со евтина понуда на крупно-панелни стеми во нискоенергетската градба ;) или....!? Ама во ИТ!? не сум сигурен баш за успех на тој пазар....
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
навистина зошто ја спомна Шведска? Имаш контакти, или пак ти си таму? Инаку баш во ИТ секторот еден наш гигант во таа индустрија, посебно во Шведска ќе ве згази што викаше Бране ‘‘Како шлепер жаба‘‘.... да кажеше нешто околу настап на тој пазар со евтина понуда на крупно-панелни стеми во нискоенергетската градба ;) или....!? Ама во ИТ!? не сум сигурен баш за успех на тој пазар....
убаво ви тргна, од тука за некоја друга западна земја. нормално фаранг е тој што би ви бил врската. тоа шведска, англија и сл баталете. за ИТ не е важно кај си
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
навистина зошто ја спомна Шведска? Имаш контакти, или пак ти си таму? Инаку баш во ИТ секторот еден наш гигант во таа индустрија, посебно во Шведска ќе ве згази што викаше Бране ‘‘Како шлепер жаба‘‘.... да кажеше нешто околу настап на тој пазар со евтина понуда на крупно-панелни стеми во нискоенергетската градба или....!? Ама во ИТ!? не сум сигурен баш за успех на тој пазар....
da, imam bliski lugje koi \iveat i rabotat dolgi godini vo Svedska
a ja spomenav od mnogu prichini, i ko prvo ne si prochital bash se- ne beshe spomenat samo IT sektor- tuku i trgovija i sl.
No, IT -to e so najsvetla idnina tamu- za razlika od MK kade na godina- dve se otvaraat i zatvaraat slichni kompanii - nema tlo za opstanok - isto taka neznam kolku si zapoznat so danocite vo Svedska- no do 1 milion koroni godishen profit - firmite se oslobodeni od plakjanje danok, plus ima drzhaven fond Almi - koj go potpomaga so povolni krediti maliot biznis, plus odlichno funkcionira svedskata asocijacija na etnichki pretprijatija - koja iskluchivo gi potpomaga finansiski imigrantite-pretpriemachi
ima ushe mnogu da pishuvam- no ...
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
da, imam bliski lugje koi \iveat i rabotat dolgi godini vo Svedska
Добро, нека ја искористат да отворат фирма таму и да добијат помош од фондовите за проекти кои ние ќе ги превземеме тука во Мкд.
Ете ни потенцијални клиенти.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За да се отвори нешто мора да имаш прво клиенти почетни, стекнати претходно за да ти ги плаќаат тековни трошоци. Прво и основно правило за бизнис. Од нигде никаде фирма не се отвара, мораш да имаш претходни контакти, макар и семки и сончоглед да продаваш. Ајде прво тоа да се види, потоа е лесно.

Јас незнам да помогнам во овој сектор ни за клиенти, ни за работа. Треба човек кој досега работи на такво нешто да ги пренасочи стекнатите клиенти кон свое тло. Потоа се бараат и нови клиенти.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
KИНЕСKО ДРВО ШТО СE ПОВЕЌЕ СЕ ОДОМАЌИНУВА И ВО МАKЕДОНИЈА

БРЗОРАСТЕЧКОТО ДРВО ПАУЛОВНИЈА СТАНУВА БИЗНИС ОД ИЛЈАДНИЦИ ЕВРА

Изработка на мебел, чамци, дрвени куќи, штици за сурфање или музички инструменти, се само некои од производите за кои се користи брзорастечкото мазно дрвото без јазли. По потекло од Kина, пауловнија с` повеќе почнува да се одомаќинува и во Македонија. Насади со чудно дрво со високи стебла и со огромни листови во облик на срце веќе може да се видат во Струмица, Прилеп, Штип, Јегуновце, Радовиш, Гевгелија, Градско, Неготино и во Скопје. На излезот од Струмица кон Штип на нива веднаш до патот со површина од 4 хектари се наоѓа насадот на Данаил Паланков. По само две години дрвцата израснаа на височина од пет метри. Ќе бидат потребни уште три години да почека нивниот сопственик за да израснат во височина од осум метри со широчина во основата од 30 до 50 сантиметри. И тогаш ќе го добие ќарот, кој, според пресметките на Паланков, но и на другите што почнаа да го одгледуваат ова дрво, треба да биде исклучителен.

Иако во Македонија с` уште нема некој што организирано врши откуп на пауловнија, сепак, тие велат дека денес во ерата на електронските комуникации е лесно, преку интернет може да се организира продажба. На страниците на познатата интернет-страница „Алибаба“, панели добиени од ова дрво се продаваат за цена од 300 до 500 долари за кубик. Пресметките, пак, на нашите одгледувачи зборуваат дека од една садница се добива кубен метар дрво, односно на еден хектар во просек може да се посадат 800 садници за кои инвестицијата е околу 5.000 евра, по 2.500 евра за садници и уште толку за другите трошоци, орање на земјата, прихранување, наводнување и слично.

- Од 800 садници ќе се добијат 800 кубни метри дрво. И да не се продаде по максимална цена за што се продава на светските пазари, односно да се земат 100 евра од кубик излегува дека ќе се добијат 80.000 евра. Kога од тоа ќе се одбие инвестицијата, заработката е повеќе од добра. Па дури и да не може да се извезе, туку да се продаде како огревно дрво, кое моментално има цена приближно 50 евра, пак се доаѓа до заработка од 40.000 евра. Во случај да се одгледува за огревно дрво, заработката доаѓа по третата година и во тој случај на еден хектар се садат по 3.000 садници бидејќи се бара густ склоп - вели Паланков, кој од оранжериско производство се преориентира на одгледување на кинеското брзорастечко дрво, на кое му годи македонската клима.

Тој с` уште има пластеници, но денес многу помалку бидејќи наместо пиперки и домати, сега одгледува дрва.

- Во 2008 година бев пред банкрот. Со цената на дрвата и на нафтата потребни за загревање на пластениците и со тогашната цена на доматите немав никаков ќар. Не можев да ги враќам кредитите и решив да почнам да произведувам нешто друго. Се заинтересирав за одгледување цреши под пластеници и во еден расадник во Грција каде што се интересирав за вакво производство сопственикот ме разубедуваше да се откажам од црешите бидејќи тоа бара голема инвестиција и ми посочи друг бизнис, да садам пауловнија. Тогаш не обрнав внимание, но кога дојдов дента, со намера да нарачам цреши, се изненадив кога го видов дрвцето, беше огромно. Се информирав за него преку интернет и решив да го садам во Струмица. Продадов дел од оранжериите, а дел задржав, ги вратив кредитите во банките и сега имам расадник и сето тоа заедно е на површина од 11 хектари. Наскоро ќе ги проширам и ќе имам околу 13 хектари со 15.000 садници - објаснува Паланков.

Тој првите садници ги увезол од Бугарија, но сега од таму увезува само ин витро-садници, кои во неговиот расадник се одгледуваат до висина од три метри и дури потоа се продаваат како едногодишни садници бидејќи така е најсигурно дека ќе се фатат.

Одгледувањето на ова дрво најмногу труд бара во првата година кога дрвцата треба да се прихрануваат, да се постави систем за нивно наводнување капка по капка и кога треба да се кратат гранките за да се постигне височината и да не се формираат јазли. Веќе следната година обврските се намалуваат, а понатаму дрвото формира корен, кој самиот зема вода од длабочина од 1 до 1,5 метар. Не му пречат ниски температури и студови, а не сака вишок вода. С` до првата берба за три години ако се користи за огревно дрво или за пет ако има пософистицирани намени. Во секој случај се сече до корен. Но, од таму повторно почнува да расте. И така 70 години колку што му е животниот век.
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=FFE206E96354A64DAD5B324C61536A30
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Ќе се самоцитирам од друга тема

Секоја година има некој ваков „направи 100% профит за една година“ бизнис.
Памтам одамна ги имаше чинчилите (за крзно), па ноевите, па јагодите во пластеници (стариот мој се фати на оваа превара), па сега Пауловнија.
Којзнае догодина што ќе измислат.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Ќе се самоцитирам од друга тема
Секој почеток е ризик,меч со две острици.Некој се изгорел некој му тргнало.
Иако кај нас повеќе се имат изгорено, отколку што работат со успех:place:.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
KИНЕСKО ДРВО ШТО СE ПОВЕЌЕ СЕ ОДОМАЌИНУВА И ВО МАKЕДОНИЈА

БРЗОРАСТЕЧКОТО ДРВО ПАУЛОВНИЈА СТАНУВА БИЗНИС ОД ИЛЈАДНИЦИ ЕВРА

Изработка на мебел, чамци, дрвени куќи, штици за сурфање или музички инструменти, се само некои од производите за кои се користи брзорастечкото мазно дрвото без јазли. По потекло од Kина, пауловнија с` повеќе почнува да се одомаќинува и во Македонија. Насади со чудно дрво со високи стебла и со огромни листови во облик на срце веќе може да се видат во Струмица, Прилеп, Штип, Јегуновце, Радовиш, Гевгелија, Градско, Неготино и во Скопје. На излезот од Струмица кон Штип на нива веднаш до патот со површина од 4 хектари се наоѓа насадот на Данаил Паланков. По само две години дрвцата израснаа на височина од пет метри. Ќе бидат потребни уште три години да почека нивниот сопственик за да израснат во височина од осум метри со широчина во основата од 30 до 50 сантиметри. И тогаш ќе го добие ќарот, кој, според пресметките на Паланков, но и на другите што почнаа да го одгледуваат ова дрво, треба да биде исклучителен.

Иако во Македонија с` уште нема некој што организирано врши откуп на пауловнија, сепак, тие велат дека денес во ерата на електронските комуникации е лесно, преку интернет може да се организира продажба. На страниците на познатата интернет-страница „Алибаба“, панели добиени од ова дрво се продаваат за цена од 300 до 500 долари за кубик. Пресметките, пак, на нашите одгледувачи зборуваат дека од една садница се добива кубен метар дрво, односно на еден хектар во просек може да се посадат 800 садници за кои инвестицијата е околу 5.000 евра, по 2.500 евра за садници и уште толку за другите трошоци, орање на земјата, прихранување, наводнување и слично.

- Од 800 садници ќе се добијат 800 кубни метри дрво. И да не се продаде по максимална цена за што се продава на светските пазари, односно да се земат 100 евра од кубик излегува дека ќе се добијат 80.000 евра. Kога од тоа ќе се одбие инвестицијата, заработката е повеќе од добра. Па дури и да не може да се извезе, туку да се продаде како огревно дрво, кое моментално има цена приближно 50 евра, пак се доаѓа до заработка од 40.000 евра. Во случај да се одгледува за огревно дрво, заработката доаѓа по третата година и во тој случај на еден хектар се садат по 3.000 садници бидејќи се бара густ склоп - вели Паланков, кој од оранжериско производство се преориентира на одгледување на кинеското брзорастечко дрво, на кое му годи македонската клима.

Тој с` уште има пластеници, но денес многу помалку бидејќи наместо пиперки и домати, сега одгледува дрва.

- Во 2008 година бев пред банкрот. Со цената на дрвата и на нафтата потребни за загревање на пластениците и со тогашната цена на доматите немав никаков ќар. Не можев да ги враќам кредитите и решив да почнам да произведувам нешто друго. Се заинтересирав за одгледување цреши под пластеници и во еден расадник во Грција каде што се интересирав за вакво производство сопственикот ме разубедуваше да се откажам од црешите бидејќи тоа бара голема инвестиција и ми посочи друг бизнис, да садам пауловнија. Тогаш не обрнав внимание, но кога дојдов дента, со намера да нарачам цреши, се изненадив кога го видов дрвцето, беше огромно. Се информирав за него преку интернет и решив да го садам во Струмица. Продадов дел од оранжериите, а дел задржав, ги вратив кредитите во банките и сега имам расадник и сето тоа заедно е на површина од 11 хектари. Наскоро ќе ги проширам и ќе имам околу 13 хектари со 15.000 садници - објаснува Паланков.

Тој првите садници ги увезол од Бугарија, но сега од таму увезува само ин витро-садници, кои во неговиот расадник се одгледуваат до висина од три метри и дури потоа се продаваат како едногодишни садници бидејќи така е најсигурно дека ќе се фатат.

Одгледувањето на ова дрво најмногу труд бара во првата година кога дрвцата треба да се прихрануваат, да се постави систем за нивно наводнување капка по капка и кога треба да се кратат гранките за да се постигне височината и да не се формираат јазли. Веќе следната година обврските се намалуваат, а понатаму дрвото формира корен, кој самиот зема вода од длабочина од 1 до 1,5 метар. Не му пречат ниски температури и студови, а не сака вишок вода. С` до првата берба за три години ако се користи за огревно дрво или за пет ако има пософистицирани намени. Во секој случај се сече до корен. Но, од таму повторно почнува да расте. И така 70 години колку што му е животниот век.
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=FFE206E96354A64DAD5B324C61536A30
малку ретерира дотичниот Паланков....
предходно за ‘‘Фактор‘‘.... во интервјуто изјави:
http://faktor.mk/archives/64667
Цит: ‘‘Карактеристично е што стеблото се сече во било кое годишно време, односно не е врзано со сезони и куси рокови за собирање, како што е случај кај другите видови. Влогот е околу 2.500 евра за садници и 2500 за садење, орање и има 2500 евра за одржување на хектар. Вложените средства се враќаат со првата берба и сте во добивка од околу стотина илјади евра. Како се добива таа бројка, па 800 дрва во хектар по 150 евра е околу 120.000 Eвра, и да има нешто потфрлено, заработка е тука некаде, вели Паланков ....‘‘

Во ‘‘Дневник спомнува заработка по 6-8 г од 80,000 па во полошата опција вели 40,000 како послаба варијанта (кубикот сега од 150 Еур на 100 Еур!!!)... се плашам да не даде уште некое интервју во кое ќе дојде и под 10,000 Евра заработка за 6-7 години!?
Следното (по чинчилите од Јужна Америка, ноевите од Африка црвите од Канада, печурките од Јапонија и еве сега дрвото од Кина и Јапонија - Paulownia.... најверојатно на ред ќе дојде крзно од ова животинче (Tasmanian Devil)... Е сега има најцврст загриз, очнаци кои како од шала кршат коска..... ама ќе трпиме! Се за профит нели!?

има ли некој во државава што се фали дека успеал со автохтона сорта, или животно? Не ќе да е само Миленко со Козите!?
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.604
Поени од реакции
15.409
За почетен ситен бизнис.Ти требаат пари овој ден-недела-месец.
Почетен влог 1000-3000 денари.
Еснаф -......Тротарски продавач на картонска кутија.
Локација -. Пред влез на било кој пазар.
Артикал -... Машки и детски чорапи.
Набавка - ..Во околината на Бит пазар-стара чаршија.
Цена - .........Пар од 10,12, до 20 денари.Паковки од 10-12 пара.
Добивка-.....До 50% на вложено 60 денари,земаш 100 денари.
Продажба-..3 до 5 пара за 100 денари.
----------------
Исто и со дамски килоти (по наше женски гаќи) и машки боксерки.
Само застанете и погледајте како работат ромите околу Зелен пазар,
ниеден бутик или тезга во пазарот не заработува дневно ни приближно
колку тие неколкумина таму (под кулата)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.536
Поени од реакции
24.347
За да се отвори нешто мора да имаш прво клиенти почетни, стекнати претходно за да ти ги плаќаат тековни трошоци. Прво и основно правило за бизнис. Од нигде никаде фирма не се отвара, мораш да имаш претходни контакти, макар и семки и сончоглед да продаваш. Ајде прво тоа да се види, потоа е лесно.

.
За ова едноставно неможам да се сложам. Не велам дека не е добра работа да имаш предвреме клиенти кои ке ти се сигурни но некако ми е нереално.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Искрено, во Мкд би отворил бизнис само за оутсорсинг (било ИТ, било кол центри, било што и да е друго каде што платиша ќе ми биде странец). И ти сама знаеш што значи да чекаш Мкд фирма да ти плати за услугата/прозиводот.
Работам на случајот за кол центар. Имам некој контакти во УСА па ми ветија дека во нареднава година ќе биде нешто од тоа. Инаку би бил 24 часовен кол центар. Работата е лесна а тие би пратиле и луѓе тука да го обучат персоналот. Јас треба само да ги најдам луѓето и да му фактурирам.. Само немам идеја колку би побарал во пазарањето... си викам 10$/hr... за тие пари можат да најдат во УСА минимално.. па си викам од тука да почнам....

Ќе има висока маржа во секој случај оти бруто плата не би била повеќе од 25.000 по вработен.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.851
Поени од реакции
5.172

Мислам дека 10 долари на саат е премногу, гледај ако можеш да вметнеш други точки во договорот, како peak time, off time, recall, dropped calls или слично.Работев за една фирма од Флорида пред некое време и нивните кол центри беа во Јужна Америка, така да види таму отприлика како одат работите.

За ова кинеското дрво има една да речам поговорка - Најмногу пари за време на златната треска во УСА направиле продавачите на лопати. :D
 
Не би имало толку потреба од тие работи.. Оти мислам дека нема да се повеќе од десетина повици денот.. повеќе ќе биди како мониторинг и промена на сетинзи по нарачка.,

макар што треба добро да се проанализира пред да се почни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom