Едно од местата во Македонија кои имаат лексилиум ефект врз мене. Притоа мислам на Стар Дојран. На прв поглед мало место кај што тоа е што е нема многу-многу чудесии. И стварно е така. Ама кај мене е друга димензија. Скара во викендичка горе на брдото со роднините кај што се гледа цело езеро со одбрано друштво, кејот и шеталиштето, летно време шанковите и забавите и убавите девојки што доваѓаат, возобновената црква Свети Илија, и нормално денот на градот-Илинден со најголемта гужва, умерено заради забава коцкање во казино и нормално највкусната риба во Фук Так. Било сом, крап, перкија, црвеноперка или белвица, пржена икра или рибината чорба, па и салатите што се нон стоп свежи па уз тоа кога ќе додадеме ракииче, мастика или винце а во некои ситуации кога газда има и домашно, не ми требаат ни Бахами ни Хаваи.
Што би рекле во новите фолк песни-Дојран, во срце те носам