Дојран

I

IBIZA SOUND

Гостин
abe dojrancani kazite nesto bre,kako e ima li zivot u toa dojran :)
ke ima li nesto za ilindenot,kazi te nesto ne se sramite majkamu stara :)
 

The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
Абе за дојран добро е само за 1,2 мај
друго се живо и диво катастрофа,а тој народот таму шо живее поголемиот дел стварно се примитивни и прости.
Пиленце на бато, разочаранката таа, кажи кој ти го растури мислењето за нас Дојранците а? Кој ми те разочара да му ги истеглиме розовите уши?

Он топик: Нема богзнае колку шема у дојранот ама ок, тоа можеби оти сум поминал премногу време тука :)), а иначе ако си онака отворен тип на човек со пристојно друштво можеш да си поминеш убаво, има и многу задоволни луѓе. Ако си некој копук шо само гледа да најде недостатоци, не е проблемот во Дојран.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
za majot minatata godina si pominav mnogu ubavo vo dojran, vaa godina obavezno idam pak za 1 maj :)
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Пиленце на бато, разочаранката таа, кажи кој ти го растури мислењето за нас Дојранците а? Кој ми те разочара да му ги истеглиме розовите уши?

Он топик: Нема богзнае колку шема у дојранот ама ок, тоа можеби оти сум поминал премногу време тука :)), а иначе ако си онака отворен тип на човек со пристојно друштво можеш да си поминеш убаво, има и многу задоволни луѓе. Ако си некој копук шо само гледа да најде недостатоци, не е проблемот во Дојран.
КОМАРЦИТЕ И нај грдата скара во живот шо сум ја јадел..до душа во секое туристичко место скарата е таква...али ваму ептен ми се згади животов де...иначе како местенце овака добро е..кул џенцки има и прифатливи цени...
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.695
Поени од реакции
21.979
Едно од местата во Македонија кои имаат лексилиум ефект врз мене. Притоа мислам на Стар Дојран. На прв поглед мало место кај што тоа е што е нема многу-многу чудесии. И стварно е така. Ама кај мене е друга димензија. Скара во викендичка горе на брдото со роднините кај што се гледа цело езеро со одбрано друштво, кејот и шеталиштето, летно време шанковите и забавите и убавите девојки што доваѓаат, возобновената црква Свети Илија, и нормално денот на градот-Илинден со најголемта гужва, умерено заради забава коцкање во казино и нормално највкусната риба во Фук Так. Било сом, крап, перкија, црвеноперка или белвица, пржена икра или рибината чорба, па и салатите што се нон стоп свежи па уз тоа кога ќе додадеме ракииче, мастика или винце а во некои ситуации кога газда има и домашно, не ми требаат ни Бахами ни Хаваи.

Што би рекле во новите фолк песни-Дојран, во срце те носам :)
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Едноставно. Дојран те бира тебе, не го бираш ти Дојран. (зборам во општа смисла)

Сите тука што ѓи критикуваат комарците, луѓето или не знам што, значи или сте под 17 години или ептен неподносливи општо. Да го гледаш само тоа во Дојран значи ни од далеку не ја гледаш поентата во одмарање таму, и следствено, никој не ве тера на сила да одите таму.
 

The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
КОМАРЦИТЕ И нај грдата скара во живот шо сум ја јадел..до душа во секое туристичко место скарата е таква...али ваму ептен ми се згади животов де...иначе како местенце овака добро е..кул џенцки има и прифатливи цени...
Јас прашувам КОЈ, он ми вика КОМАРЦИ И СКАРА + тоа никој не ве тера да јадете монтажна скара на 40 степена или дури и во вечерите кога и од пешачење се станува жива вода.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Едно од местата во Македонија кои имаат лексилиум ефект врз мене. Притоа мислам на Стар Дојран. На прв поглед мало место кај што тоа е што е нема многу-многу чудесии. И стварно е така. Ама кај мене е друга димензија. Скара во викендичка горе на брдото со роднините кај што се гледа цело езеро со одбрано друштво, кејот и шеталиштето, летно време шанковите и забавите и убавите девојки што доваѓаат, возобновената црква Свети Илија, и нормално денот на градот-Илинден со најголемта гужва, умерено заради забава коцкање во казино и нормално највкусната риба во Фук Так. Било сом, крап, перкија, црвеноперка или белвица, пржена икра или рибината чорба, па и салатите што се нон стоп свежи па уз тоа кога ќе додадеме ракииче, мастика или винце а во некои ситуации кога газда има и домашно, не ми требаат ни Бахами ни Хаваи.

Што би рекле во новите фолк песни-Дојран, во срце те носам :)
Многу си во право! Имам можност секоја година по 2-3 пати да престојувам во Дојран во куќа на мои пријатели. Верувај, имам огромна желба да дојдам до плац или куќа на брдото карши „Партизан“. За мене навистина нема поубаво место за вистинско и темелно „полнење батерии“. Погледот на езерото, климата која фантистчно ми се допаѓа во секое годишно време, изобилието на смокви по улиците на крајот на Август и во Септември...
-Комарци има и до некаде ги разбирам оние на кои им пречат, но на брдото јас до сега не сум имал проблем со нив. Повеќето се доли, во ниското, покрај „ѓољо“ како што велат домородците и мене до сега не ми пречеле зашто воопшто немам потреба навечер да се движам во тој дел од Стар Дојран.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Јас мислам дека Дојран има најголем потенцијал во РМ за привлекување на странски туристи.
Овде мислам на скандинавците кои мака мачат со реумата.
Само во Шведска има над 1 милион реуматични ,истата приказна е во сите соседни држави.
Дојран со лековитата вода и калта од езерото која е и научно докажана има огромни можности....
Ако земеме во предвид дека здравствениот систем овде овозможува финансиска поддршка за ваков вид на лекувања ,тогаш можете да замислите што све може да се направи...
Јас како дете, во Дојран секое лето 18 години по ред моите родители не носеа по 20 тина дена на одмор ,каде и да одиме летото Дојран беше+ задолжителна дестинација :).Секогаш идевме во Ачикот ,по мене најубавиот камп кој сега за жал мислам дека и не е во функција.
Доаѓаа фамилии од цела Југославија и тоа највише по препорака од доктор.
Во една реченица ,ние не сме свесни какво богатсво имаме неискористено ,ама не е ни прва ни последна работа која не знаеме да ја искористиме...
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Бев лани летото во Стар Дојран со мајка ми. Останавме 5-6 дена, бевме сместени кај едни многу чудни луѓе и знам дека нозете ми паднаа по угорници, ама кондиција барем набив. Најсмешно ми беше што беа припадници на некоја христијанска секта и ме натоварија со книги од по 500 страни, а непријатно ми беше да ги одбијам пошо беа многу фини.
За поминот таму можам да кажам дека многу беше тапа, ваљда пошо единственото друштво ми беше мама. Преку глава ми дојде тие неколку дена истите места да ги гледам, а толкаво е градчето. Немаше некоја особена раздвиженост, кафичите беа празни, многу малце млади луѓе гледав... Езерото ми беше морничаво пошо е многу матно и има тиња, па се’ на се’ двапати влегов во вода пошо ми беше жешко :)
Тоа е моето искуство со Дојран и не верувам дека пак би отишла, барем не по своја желба.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Во стар Дојран само кај Миле Ступар,дефинитивно старецот е цар,го дава кајчето за страствени риболовци....
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Тапа на квадрат, сум бил многу пати далеку од Туристичко место за 21 Век
 

Kajgana Shop

На врв Bottom