Музичко име на тапет : Coldplay

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Бенд кој го запознаваш во 5то одделение преку "нумерата" Sweet Child o Mine. До осмо ги слушаш, па некои се откажуваат, а некои продолжуваат да ги слушаат. Бенд кој се појавува во перфектно време и го оживува рокот. Сосема спонтано ги создаваат најзаразните и најпрепознатливите рифови и солажи. За многумина се исфорсирани стилисти со стегнати хеланки.

Толку ќе кажам за нив. Видов дека прилично многу е оцрнет Axl. И јас го мислев истото, дека е дигнато копиле, дека мисли само за себе и дека е човек без образ. Повеќе години истражувам по странски форуми и гледам некои видеа на јутуб, за да тотално го сменам мислењето и конечно да ги сфатам работите како стоеле во бендот.



Роден на 6 февруари, шеес друга во Лафајете, Индијана. Син на премлади родители, 16 годишна мајка и 20 годишен татко. На само 2 години, татко му го напушта. Набрзо, мајка му наоѓа нов маж, за кој Аксел се до 17 години верувал дека му е вистинскиот татко. Случајно, додека чепкал по домашни документи го открил неговиот вистински татко. После ова, Аксел нагло се променува. Имено, тој, заедно со брат му и сестра му биле измачувани од очувот, а сестра му дури и сексуално злоупотребена. Биле премногу религиозни, Axl пеел во црковен хор. Како втор баритон, умеел да изведува најразлични звуци, со цел да го збуни наставникот. После ова, тој станува локален бед ес деликвент. На 17-18 години работел како вратар на некоја издавачка куќа и заедно со Изи Страдлин пробувале цигари за 8 долари дневно. Бил апсен преку 20 пати најчесто за тепачки и јавна интоксикација. Еден психијатар, кој го забележал високиот степен на интелегенција на Аксел, му предложил да се пресели во Лос Анџелес за да не го гони полицијата во Индијана и да започне нов живот(Welcome to the jungle е песна токму за оваа преселба).
Единствениот спас го видел во музиката. Омилени бендови му биле Пинк Флојд, Рамоунс, Тин Лизи, Блек Сабат и AC/DC. Во Лос Анџелес, тој се придружува на бендот Rapidfire, а по неговото распаѓање во Л.А. Ганс. По Л.А. Ганс, заедно со својот другар од детството Изи Страдлин го формира Холивуд Роузес. Овој бенд заедно со Л.А. Ганс го формираат Guns N' Roses. После неколку промени на составот, бендот го сочинуваат, Аксел, Слеш, Даф, Изи и Стивен. Оваа постава започнала во ноќниот клуб Трубадур, а подоцна продолжила да свири низ андерграунд клубовите низ ЛА. По неколку настапи, привекле повеќе издавачки куќи, меѓу кои UZI Suicide и Geffen.



Ова беше маце за неговиот живот и за почетоците.

Пред 1 година на еден странски форум за фанови на ГНР, Мишел Јанг (Michelle Young, за која е и напишана песната My Michelle, која е и многу добра пријателка на Слеш, а и на цел бенд) максимално го славеше


Пред 1 година на еден странски форум за фанови на ГНР, Мишел Јанг (Michelle Young, за која е и напишана песната My Michelle, која е и многу добра пријателка на Слеш, а и на цел бенд) лично се регистрира на форумот за да појасни некој работи. Никој неможе да го разбере Аксел, само го обвинуваат. Памтам дека го величеше и како најдобриот другар што некогаш го запознала, дека бил сакан од својот бенд и од луѓето околу него. Секогаш насмеан и весел и секогаш спремен да помогне. Денес, за него само се мисли дека е пропала надеж и пропал џанки, виновен за распадот на моќен бенд. Дури, го оцрни својот најдобар другар Слеш, како причина за распад на бендот.



Исто така, Axl, по прославувањето на своето име значително ја намалува дрогата, за разлика од другите членови. Во едно интервју вика дека не се крие дека користел дрога, но никогаш не дозволил да стане нејзин зависник.

Исто така, го изгледав видеово. Аксл Роуз, како фронтмен е повикан да ги каже сите искуства со дрога за себе и за неговиот бенд. Барем јас не слушнав да издаде некого...


По разводот со Ерин, се жени со манекенката Сејмур. Таа му носи две деца од предходниот брак, кој ги сака како свои.



И скоро никој не ја знае вистинската приказна со отпуштањето на тапанарот Стивен Адлер. Стивен долго време се знаеше дека е зависник од хероин, па дојде и моментот кога неможеше да се снајде со стапчињата. Аксл му ветил дека ќе му се плати лекување, но сето тоа тој го одбил.

Има уште некои работи што можат да се пишуваат, само сега не ми текнуваат...

Ова беше нешто што сакав да го кажам за Аксл, а деновиве кога имам време ќе кажам нешто и за нивното дело и нивната музика, што се нешто повеќе од само обичен тинејџерски бенд.


Ова се последните моменти од бендот, каде сите се свесни дека веќе нема да постојат. Аргентина, Ривер плејт, девеес трета.



И видео:


EDIT: Само замислете...
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.234
Го чекав тапетот од сам старт, токму ради спротивставените мислења што ги очекувам.

Тешко дека ќе се најдат фанови на Нирвана кои го почитуваат делото на ГнР. За среќа (или несреќа) јас сум еден од тие што не се водат по шаблонот, така да мавајте со камења, спремен сум.

Како можеш да кажеш лош збор за бендот со кој си почнал да слушаш гитарска музика, без разлика на тоа дека можеби веќе не го слушаш со тој интензитет, фреквентност и жар како тогаш, и што после него си открил, засакал и си се заразил со поозбилни поквалитетни и потешки бендови.
Тука почнува моето слушање на бендов и на мн други бендови отпосле, со You Could Be Mine, веројатно и ден денес мојата омилена песна од бендов, саундтрак на мојот животен филм Терминатор 2. Песната спотот и секако наведениот филм остануваат безвременски.


За бендов знам многу повеќе хејтери него фанови, првите се претежно "несфатените" кои слушаат длабоки бендови кои најчесто и самите не ги сфаќаат, па едноставно ГнР се премногу клише и комерцијала за нив and all the rest.
Е сега работата е што може да ги сакаш мразиш и се, но неможеш да го одземеш тоа дека ГнР се the ultimate рок бенд со се што треба да има, да покаже и да прави бенд од ваков калибар. Секс, дрога и рокенрол е само еден од моментите што овие издувани музичари го поседувале. Спотови поскапи од филмови (буџетот за November Rain е 5 милиони, сеуште ненадминат за едно музичко видео), враќање од дрогашки колапс на дел од членови, некои отпуштани ради истото, пополнување огромни стадиони со публика, женски фанови разголени во публика итн. долг е списокот. Затоа било кој хејтер може да порекне само неговиот вкус за нивната музика но не и рокерското во бендов, како што на пр. турвиор знае да каже - ГнР не ги сметам ни за бенд :icon_lol:

Оцрнувањето на Аксел. Личноста негова неможам да ја коментирам, не го познавам лично, еве КвикСилвер прочитал нешто за него што можеби до некаде е во право, но дека бил тежок егоиста сум сигурен, не само тој, туку сите членови во бендот нешто што е исто така типично рокерски. За распадот незнам, но конкретно за повторното соединување на оригиналната постава сигурен сум дека е најголем кривец, бидејќи сите членови збореа нешто за тоа дури и расположени беа, дури и Слеш, но Аксел не, не спомнал никогаш ништо, fuck сакав да ги видам барем на неколку песни заедно на претходниот Rock And Roll Hall Of Fame.
За неговите гласовни можности е дискутабилно и е секако вкус во прашање. За повеќето многу е пискав и се лигави, немал моќен вокал за некои во што не се согласувам, за бојата на тонот ок, но човеков знае да рикне и да искрши се што имаш дома, ок немора да значи дека тоа е позитивно, ама дека знае да пее копилево знае/ше. Еве и јас сум повеќе сакам погранџерски и трешерски вокали, порапави.

Денешниов ГнР е бледо издание на стариот ГнР иако албумот што се тупеше толку време го сметам за солиден, тоа што е толку во загуба е друг муабет. Башка Аксел делува како многу често да чукал на вратата на Мекдоналдс.
За класиците како Appetite for Destruction и Use Your Illusion 1 и 2 нема или има што многу да се зборува, нема некој што не ги слушал Paradise City, Don't Cry, Sweet Child O' Mine, кои се максимално комерцијални а и квалитетни песни за инает на хејтерите :D

Мислењето дека го слушаат тинејџери што навлегуваат и почнуваат да ја слушаат музикава може да е до некаде исправно, но не гледам тука ништо лошо. Што е лошо или погрешно да почнеш со некој бенд да слушаш некоја музика со која подоцна ќе откриеш уште поголем квалитет и убавина во музичките води?

Нешто од омилените песни да ставам:






Како и да е бендов во добра мера ме насочи кон рокот, после бендов засакав и заслушав многу други посериозни и поквалитетни бендови, сега поретко ги слушам но кога ги пуштам се присеќам на убави моменти, затоа Guns N' Roses е бенд којшто ќе ја има мојата почит секогаш.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Porcupine Tree се бендот кој успешно ја продолжи онаа најавена еволуција во психоделијата, прогресивот oд бендовите претходно (би ги спомнал Флојд од Кримсон со така поголем импакт). Еден од ретките бендови кој знае да стокми тивка балада која ќе ти распара внатрешност, балада која ќе звучи погласна од секоја ебана металска дисторизија. Вилсон е гениј кој се раѓа да не претерам еднаш на 100 години, еднаш на 10, останатите 9 десеттолетиа ги оставам за луѓе како Морисон, Хендрикс, Сид и слична багра музичари кои се карактеризираат со визија, авангардност и чекорат пред своето време.

Да бидам искрен, овој бенд во последниве 3 години го слушам поретко, бидејќи ми создава по малку мачнина. Во Драга Кајгана пишав пост за гледањето на концертот во Амстердам и будењето на тие емоции и присеќања кои иако знаат да бидат убави, да ме потсетуваат на убави работи, ми создаваат по малку мачнина во грлото и револт кој не можам никако да го исфрлам од мене, затоа што ниту теоретски не сум во игра нешто да променам, завршена работа за мојот век тука на Земјава.

Со бендов ме зарази братучед ми. Некаде 2006-та треба да паѓа периодот. Прва песна која ja слушнав беше Arriving somewhere but not here. Убаво се сеќавам и на тој момент. Песната ми ја прати на msn, пошто тогаш тоа беше актуелно и се користеше. Ја ислушав еднаш, па уште еднаш, па уште еднаш и така до крајот на денот. Тој ден не ни размислував да ги проверам останатите песни на бендот. Инфектиран бев со мелодијата која ја примав без престан, без пауза, без никаков интерес и допир со останатата околина. Тек другиот ден се осмелив да се подзадлабочам во нив. Таман решив да симнувам, слета на врата со полно цд нивна музика. Ги слушавме двајцата. Потоа ги слушав и сам. Како што ја разлистував дискографијата, така имав мачнина во подредувањето на омилени песни, омилени албуми. Секој наредна песна звучеше подобро од минатата.

Тек покасно Анестетајз се заѕида во моето видување како нивна најдобра, а моја омилена песна. Кога би рангирал лично јас песна на столетието, без двоумење би ја поставил во топ 10 песни. Песната е така склопена да звучи како перфектен роман со почеток, заплет кој не го очекуваш и прераснува во страшна кулминација, за на крај затишјето да те доотепа и акни од патос.

Покрај сите членови во бендот специјално ќе го издвојам и Гевин Харисон кој со своите џезерски способности се нурна во еден ваков експеримент во кој направи растур, а со тоа постана мој омилен тапанар за сва времена. Плус ако во бендот имаш човек кој се занимава со филмска музика, тогаш голема е веројатноста да ја насетуваш истата кроз музицирањето. Слушај и доживувај eargasm за ич пари.



п.с За ГНР немам шо да додам. Мора да постојат и вакви ,,бендови", па и на тапет истите да се турат за да можат и останатите кои не се дрзнуваат да напишат збор два за посериозната музика да можат да земат учество. То е то :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
"Посериозна музика" :cautious:

ГнР се на кратко институција. Тоа е еден од бендовите со кој мојата генерација растеше, бенд кој и се спротистави на поп музиката и тинејџ бендовите од типот на New Kids on the Block кои телевизиите ги буткаа, подоцна нешто и рап-музиката, правец за кој не ми се трошат зборови. Во она време или беше рок/метал фан со сета опрема што доаѓа со тоа, маици и јакни со лепенки од бендови кои никогаш не си ги слушнал како Мегадет на пример... или беше на другата страна, софт-булшит за мали деца. На ТВ идеше една многу популарна емисија кај тинејџерите во тоа време, Топ-листа, на која имаше масовна војна со петиции од цела Македонија и во главно се сведуваше на ГнР против останатите. Се сеќавам на една турбо акција во која се собраа илјадници гласови за Don't Cry да победи некоја песничка од тие разголените бендови со фризури ко Кристијано Роналдо. And we did it.

Мала пауза со една од моите омилени песни:


Кога викам институција мислам на бенд кој беше сеприсутен, од сувенири и облека, преку тв и радио, филм, дискусии на одмор, имитации на Axl и Slash итн... Да не одам песна по песна ама направија некои ебано добри парчиња како You Could Be Mine која беше мега хит и во комбинација со мега-популарниот Терминатор на Шварци беше полн погодок. И денес ја чувствувам како рок песниште и знам да ја рокнам повремено на сет глас.

Видеата се приказна за себе и не мора да се коментира, тоа ќе остане ненадминато.

Е сега на кого му смета се ќе му смета, гласот на Аксл бил пискав, имале плагијати и се тоа... За мене е важно дека рокот живееше додека беа тие и уживав во тој филинг на бесна музика и рок балади. Може на некој да не му се допаѓа правецот како мене што не ми се допаѓаат други правци, но не може да се негира квалитетот и постигнувањето на бендови од типот на ГнР.

А сега, посериозна музика:


Мислам @turvior, дај не не јеби :love:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Ова зло мора да исчезне !!!
Има фини рап изведувачи бе :)

На пример клик и клик (музиката во позадина откостува)

И дај коментирајте за бендот . Пола постови ви се објаснение за хејтерите оти не ги сакале оти не ги мирисале и по некое речениче за бендот ако улета и така. :D

Мене пример к.. ме боли дали некој не ги слушал Редиохед да речиме. Тој само има шо да изгуби, едно задоволство помалку.
Лајкот е за пијано концертото.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Никогаш не ги заслушав. Топ ми се на пример да ги слушам на некоја свирка, али по дома многу ретко ги слушам, освен понекогаш по некоја песна. Највише ме нервира што многумина мислат дека Knocking on heaven's door е нивна песна. :icon_mrgr: Неутрална сум некако. Не сум нивен обожавател, ама па, не е и дека не ги сакам. Некако највише им ја сакам Paradise city. Не ме прашувајте зошто, ни сама не знам, песната ја обожавам максимално. Сума сумарум, имаат добри песни, али ете мене како бенд никогаш не ми легнаа.
П.С Слеш е ѕвер!:cool:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Инаку кога би издвоил песна од ГНР, тоа би било оваа. Солото е толку едноставно али фино склопено според намената да побуди тажна емоција.

Тука застанувам со последен коментар за нив :D

 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
аууууу, како не сум ја приметил темава. и среча за ГНР ;) музика на мојата младост!!!
тамам ’87 станав средношколец и почнав да ја запознавам музиката подобро. и овие ми легнаа од прва. заради нив ги запознав и лед цепелин и хендрикс. ух, какви само убави спомени ми враќаат.
али :( само спомени за жал. во тоа време беа МЕГАбенд. сите сакаа да украдат по некој риф, некоја нота. едноставно владееа со светот. и концертите им беа топ. едноставно аксел занеше да пее тогаш. нема да навлагам во тоа како и зошто се распаднаа, но ќе спомнам само дека сега аксел е ко зарипнато магаре на сцена. бев лани на exit и ........ можете да замислите да некој кој израснал со нив, ги обожавал, си отидов на друг стејџ после 3-4 песни? ете до толку ме разочара. но како и да е, кога и да ги слушнам, ми се враќа младоста. :D
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Ќе се самоцитирам од другата тема:
ГНР колку само ги слушав далечната 2002ра. Тогаш ги слушаше и Марко, а Марко беше фраериште ипол. :icon_lol:Настапов колку само се радував кога го гледав.
Години покасно се потсетив на настапов ради батево на аватар што ми е... и интересно беше. :)
Сега многу работи се сменија, Марко веќе не е фраер, а јас освен 2-3 песни, уопште не ги ни пуштам.
Тие две-три песни се



Одамна им помина времето, а тие упорно и упорно пробуваат, ама со сила убавина не бива.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Замисли @Pluh да речеше: Creep e одлична песна и тука застанувам со Radiohead.

Just sayin... :coffee:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Турвиор стави песна од ГнР и рече дека е добра. We did it! :cool:

Не ме научивте досега бе дека не туркам со глава ѕидови :D

Ако нештото го бива (за мене зборувам нели) ќе речам дека го бива и нема да водам инаети ебаго. Инаку шо диднавте бе :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom