Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
^^
...пошто во кафани се иде да се пуши, не да се пие и јаде?


П.с. На јавните места сум за: или поделба на просторот - пушачи непушачи, или строго за непушачи, па бујрум ене им ја вратата на пушачите нека чадат зиме пред влезот на минус 20°C! :)

Toa може да биде после едно дваесетина години, кога ќе дојдат нови генерации кои не се „воспитувани„ уште од дома дека е ОК да бидат труени со цигарски чад. Сега таква поделба пушачи/непушачи не може да функционира од проста причина што непушачкиот дел од простата раја (накај 90% од популацијата) едноставно ќе иде масовно на местата за пушачи со што ефективно ќе се затворат сите непушачки определени места, или ќе се преориентираат во пушачки места.
 
^^
...пошто во кафани се иде да се пуши, не да се пие и јаде?

А стварно за што се оди по кафани ?
Да ми речеше ресторан можи некако и ке проголтав, ама кафане бе, биртија, прчварница. Певалка до пола гола, со ноѕете на маса качена ти меша со цицките и газојте, а ти јадиш онака културно со затворена уста и пазиш да не ти падни некое влакно на певлаката во порцијата или уште полошо штиклата.
 
^
Kафани, ресторани... алкохол, пa може и цицки и газови... знаеме што цигарите ги става во листата, но правата поента е што е тоа што цигарите ги издвојува во засебна листа...

... следствено и зошто се забранува пушењето тутун на такви (јавни) места.
 
^
и пијандурите надвор нека локаат- и онака на -20 нема да сетат студ од алкохолот
Што го мешаш пиењето на јавни места со пушењето?

Темава е за пушењето цигари коешто на јавни места им смета на непушачите. Ако познаваш алкохолни пијачки кои оддаваат тешка непријатна и отровна смрдеа чијашто дисперзија е еднаква или поголема од таа на чадот од цигарите - пиши за да ги ставиме на листата да се консумираат исклучиво во посебни простории или надвор на -20... :)
 
И кога ќе подразмислиш малце ке си речиш батали. Не вреди муабетот. И така кучината лаат караванот си врви.
 
Темава е за пушењето цигари коешто на јавни места им смета на непушачите.
Смета?
Не се работи за сметање, преку сметањето може и да се премине.

Пасивното пушење директно влијае на здравјето, докажано го нарушува, и тоа е правиот проблем а не сметањето.
 
Колку би било само подобро ако не постоеа цигарите :)
Одличен е законот и убаво самиот си кажува да не се пушат цигари на јавните места.... ко прво штетни се за здравјето и убиваат, а ко второ не се труе само пушачот, туку и непушачите околу него..... :)
 
Смета?
Не се работи за сметање, преку сметањето може и да се премине.

Пасивното пушење директно влијае на здравјето, докажано го нарушува, и тоа е правиот проблем а не сметањето.
Знам се тоа, ама нормално е штом нешто ми смета - значи дека не чини (за моето здравје). Врти сучи проблемот нормално дека е пред се од здравствеи причини.

Значи јас не сакам во автобус да влезам и да ме трујат со чад од цигари. Ниту да ме трујат во ресторан, кино, кафана, базен, музеј, болница, факултет, јавна институција.... Башка, зарем малку Макстил, Железара & co. и малиот милион моторни возила не трујат нас скопјаниве... и после тоа се чудиме од каде непушачи фаќаат рак на бели дробови, ама, за тоа труење во посебна тема.
 
Тешко на пушачите: И полицајци ќе казнуваат за пушење на погрешно место?!

Со измените на Законот за пушење aко досега условно 5.000 инспектори пишуваа казни за пушење, сега со овие измени што ги предлагате на Законот за пушење тоа ќе го прават 50.000, оти сега секој инспектор ќе може секаде да врши контрола дали се почитува законот за пушење, а дополнително тоа ќе го прават и даночните инспектори и униформираните лица во МВР. Тие ќе ги демнат граѓаните на секој чекор, на улица или во простории, ќе пишуваат казни само за да го полнат буџетот, рече во својата дискусија пратеничката на СДСМ Станка Анастасовска, по предлог измените на Законот за пушење во собраниската комисија за здравство, пишува Плус Инфо.

Pu--enje-na-radnom-mestu-300x168.jpg

- Полицаец без лиценца и инспекторска стручност сега треба да врши инспекциски надзор. Каде го има тоа? Тој на самото место треба да го казни со 150 до 300 евра секој што ќе го најде да пуши и уште да му изрече мандатна казна од 100 евра. А дали ќе напише и извештај за инспекциски надзор? Секако не, оти тој нема лиценца за тоа и нема стручност – рече Пратеничката Весна Бендевска од СДСМ.
Пратениците од СДСМ побараа Министерството за здравство кое ги предложи измените да ги повлече за да не се носи закон кој е на штета на граѓаните.

http://grid.mk/read/news/506056175/...-kje-kaznuvaat-za-pushenje-na-pogreshno-mesto
Може ли некој да каже кое е тоа погрешно место?
 
Денес сите се новинари. Нема врска што за повеќе од половина едвај може да се каже дека се писмени. Алас, ни пратениците не се подобри.

Наместо „на погрешно место„ би требало да стои „на со закон забранети места„.
 
Добро кој им е филмов на вие и така не одраа сега и живи ке не јадат кај ке пушиме ние во подрум ?
 
А што не забранат садење тутун....оние јадни луѓе што одгледуваат тутун,а сите знаеме колку е мачна за одгелување таа култура....и нив ли треба да ги казнуваат?:mad::(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom