Вашата прва тепачка

Вашата прва тепачка што се сеќавате, подобро така да ти е насловот.
Он
Се сеќавам забаваче се тепав со еден, не беше нешто сериозно али знам се сеќавам прво тој ме шутна после се најде под мене немам поим како, сега сме добри другари со него. За последна можеби 5-6 одд незнам. За да се тепам со некој треба ептен да ме испровоцира или прв да се закачи инаку така не се закачам.
 
Вашата прва тепачка што се сеќавате, подобро така да ти е насловот.
Он
Се сеќавам забаваче се тепав со еден, не беше нешто сериозно али знам се сеќавам прво тој ме шутна после се најде под мене немам поим како, сега сме добри другари со него. За последна можеби 5-6 одд незнам. За да се тепам со некој треба ептен да ме испровоцира или прв да се закачи инаку така не се закачам.
Знам погрешив
 
А да кажам јас, за како беше во она време првата тепачка...
Ама некој одма ќе одговори:
Не немој жити се! и ќе добие 20 лајка од Лангелина и компанија околу неа.
 
До седмо или осмо одделение се тепав, не памтам точно. Ама памтам една постара тепачка коа бев кај тетка ми. Ме прати до продавница да купам нешто... поминувам покрај школото, и ме здогледуваат три батки и ми викаат: Еј еј, чекај малце бе!

Јас: ?!

Тие: (Веќе ме фати тој дебелио) Ај бе да пробаме некој зафат... ( боксој и клоца по стомак, и по "кемане" гла еден бокс)...се спасив по некое време и избегав. Левата влечка ја заборавив и Животинско царство чоколатцата ми појдоја (2 *15ден. = 30 денари) јабана. :icon_mrgr:
 
А да кажам јас, за како беше во она време првата тепачка...
Ама некој одма ќе одговори:
Не немој жити се! и ќе добие 20 лајка од Лангелина и компанија околу неа.

Сподели бе Анчо, не си ја стегај душата...

:)
 
Ја паметам првата професионалан тепачка :D Праевме пијанка во кафеана ( а тоаш беше преиод коа се спремав за профи борба К-1 ) и се закаравме внатре со друга маса на која седеа 2 ца. На бегање еден од нив паметам го удри друарот мој и коа се свртив он беше на земја. Тепачката заврши со два нокаути од моја страна. Тоа ми е единствената тепачка до сега. И несакам повеќе да има :D
 
6 odelenie 1 maj bese mi se staiva dvajca me iznacukaa posle se iznervirav i mu se vrativ na edniot so eden boks mu ja roknav arkadata i padna i strav me fati da ne mu e nesto taka bese
 
Ама ти праша како ни се чини, што сакаше да те испровоцирам и да ме изнатепаш? :(
Јас се тепам само во тие ситуации само кога сум испровоциран ама сега ме изнасмеа (фала за позитивниот одговор):)
 
У забаваче изглеа, или градинка, и тоа беше да не речам, пријателска тепачка. :D Да пријателска, оти демек договорена и се поделивме трујца у кои бев и ја против двајцата најјаки демек у класчето. И почнавме да се мааме да се скубеме, ја се закачив со едното од тие валааме се и ја седнав на него удрив му шамар , па он збесна, ја се исплашив и тргнав се па он почна да ме тепа. И дојде воспитачката.. :D
 
Во 4.одделение,со другар од клас.И баеги изедов ќотек,ме имаше приклештено добро и цело време ме мааше со коленце педерчето и не сакаше да ме пушти.Поточно,сакаше да го молам за да ме пушти.Окото после тепачката ми беше затворено,а на карате другарчињата ми се смееја бидејќи бев така добро тепан.А се мислев за добар каратист,ама бев такво мило детенце и не можев така крвнички да мавам како Мартин.

Се заколнав дека ќе му вратам,кад-тад.Детски памет:D

Четири години подоцна Мартин зажали што умеша женска породица во една наша препирка.И тоа многу зажали,али јас не бев крив што нагло пораснав во 7. одделение.
 
На некој си 7 години, си игравме кај мене дома, ама од секоја играчка има и плачка. Ме удри со играчката по глава, а мене во близина ми беше сукалото па удрив со него и тоа по глава, а детето се утепа од плачење од болка.
Тогаш се чувствував виновно,............. НО тоа докажува дека уште од тогаш сум имал готвачки способности, почнувајќи со користење на сукало :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom