Нема да дојдам, гледан ми е филмот. А и на факултет сум. И треба да гледам како се суши боја на ѕидот. А и така одбивам зашто така сакам, не дека сум зафатен.
Значи муабетите дека си бил ЗА собиранки и дека си прифаќал, да им ги кажеш на новите членови, кај мене не поминуваат.
1. Секогаш кога сме викале, одговорите биле неодредени, за стално ако ти се појавела боље опција (пр симпатијата да ти сврти во 7 вечер) да не` одбиеш. A се знае дека со твои луѓе, секогаш постои опцијата да им речеш "утре" или "покасно вечерта".
2. Дури и сега немаш доволна причина, си бил на факултет. Дури и до 9 саат да се предавањата, се знае дека тек тогаш и почиња вечерта, иако официјалниот почеток е нели порано. Секогаш можеш да се уклучиш покасно, доколку сакаш да присуствуваш некаде.
3. Бараш детален опис кој ќе присуствува.
3а. Епа тоа е цаката со јавните собиранки: не се знае точно кој ќе присуствува (доаѓаат и непријавени, а не се пријавиле од икс причини) и не се знае дали некој ново - пријавен се има скарано со некој што веќе претходно се пријавил (и/или е поинтересен).
3б. Па ако е тоа така, зошто ти не се пријавиш навремено, туку секогаш последен? Зошто другите би требало да се пријавуваат први? Ја немаат ли и они привилегијата да знаат дека и тие после нив што се пријавиле (пр Ти), ќе одат?
4. Те поштувам и сето тоа, али стварно мислев дека си покул од сите овие коментари.
5. И јас сум за јавни собиранки, сакам да запознавам нови луѓе на рандом.
Но многу пати кога сум викнала и во темава, и по пп, дошле само оние вторите, а оние што пишале на темава само прашале нешто (неодреден одговор, специјалност на Родаст) и на крај не дошле.