Малку да одмориме од солени јадења , сега благооо

.
Рецепт за оваа недела : Суфле ( чоколадно или лимон)
Чоколадно суфле
Состојки:
220 гр. чоколадо
250 гр. маргарин
4 јајца
160гр.шекер
120 гр. брашно
малку прашок за пециво
Маргаринот и чоколадото се топат на пареа . Во друг сад се миксираат јајцата со шекерот и се додава брашното . Во садот со миксираните јајца се додава смесата од чоколадо и маргарин . Смесата се става во калапчиња , и се пече 10 мин на 230 степени. Калапите измачкајте ги со маргарин и посипете со брашно , штом се испече суфлето , отпревртете и почекајте малце да се олади за го извадите калапот . Се јаде топло.
Доколку не сте љубител на чоколадо тогаш пробајте лимон суфле.
Суфле од лимон
Состојки:
3 јајца
250гр. шекер
70гр. путер на собна температура
1 лимон
250 мл млеко
60 гр. брашно
прстофат сол
малку прашок за пециво
Посебно измиксирајте ги белките со 50гр. шекер , да се добие цврст снег .
Измиксирајте го путерот со останатиот шекер , да стане пенест . Додавајте ги жолчките , лимонов сок и кора од лимон , се убаво да се соедини. Потоа мешајте со дрвена лажица и полека додавајте го млекото добро да се соедини.
Полека додавајте со лажица од снегот од белките во смесата од жолчки путер и млеко за да остане воздушест снегот од белки.
Ставете ја смесата во калапи и печете додека не порумени , препорачувам на 230 степени , околу 12-15 мин. Доколку ставате во длабок сад цела смеса тогаш 45 мин на 180 степени. Откако ќе го испечете извадете го да постои 10 мин и послужете.